Незнам колку мислите дека има стил,...но јас на почетокот кога излезе не ја сакав воопшто, но сега кога почна да ги менува се повеќе фризурите, особено одкога стана црвенокоса ми се допаѓа многу.... а ова се дел од работите кои до сега мене ми фатиле око
Стилот како стил не и е изграден бидекќи постојано го менува. Има некои комбинации што ми се допаѓаат и некои што се нормални, ама има и некои стварно недолични..Косата и е прекрасна
A мене лично токму тие варијации кои постојат кај Рири баш ми се допаѓаат (можеби и затоа што и јас го правам истото ). Како и да е, мислам дека секогаш носи одлично искомбинирани outfits соодветни за периодот низ кој минува , eве како изгледа Рири на неколку слики од 2011 год: Мене ми е секако убава, знае да погоди што и стои, но, my personal favorite е црвената коса.
колку ми е само најубаваа,косата и е прекрасна,преубав тен и преубаво телоо,многу убаво ми комбинира иако понекогаш претѕерува со комбинациит
Баш кога бев во темата за Кардашијан мислев да не има ваква тема и се чудев како нема, иначе немам мислење за нејзиниот стил ретко ја гледам како се облекува не ме интересира Ријана како модна икона зошто не е само песните некои и ги сакам, а по комбинациите што и ги имам видено има убави ама се согласувам со Лин дека таа нема изградено свој стил, се облекува како и текне. Според мене Ријана нема стил
Мене не ми е воопшто, ама воопшто убава. Има преубаво тело, меѓу најзгодните. Стил, дури и тоа што го има не е нејзин личен, како што пишаа погоре. Ми беше многу поубава кога личеше на женско и имаше долга коса, искрено. Дури откако ја скрати на почетокот пак беше убава, откако почна со папагалските фризури ми е крш. И овде. ...И овде. Not. Шо е сонцеста овде, е ваква ми се свиѓаше. Овде е врв, перфектно изгледа. Шо и` требаа циркуси на главата не знам. Она си знае.
Ќе се самоцитирам од темата Лоши модни комбинации moda-i-stil/losi-modni-kombinacii-t2241/ Одвратна ми е во последнава година. Ова не е стил. Ова е ороспилук, сакање да привлече внимание ко другарка и Гага. Порано беше едно слатко убаво девојче, сеа е грдосија со убава боја на коса.
„Рири“ мене воопшто ми нема стил... Пробува само различни комбинации од различни стилови и носи се повеќе неатрактивна и препровокативна облека. За фризурата да не зборувам воопшто не ми се допаѓа... Црвената и е навистина претерана ако веќе има таква нека има во понежна нијанса, не знам мене не ми се допаѓа,а од постот од Росонерка последната комбинација и е .
и јас се согласувам со росонерка, ова стил ли е? Па она облекува што ке најде и што ке и штракне во моментот , епа тоа не е стил....јас не гледам ништо убаво во ороспијска и кловновска облека , а ни во нејзините папагалски фризури
аххх мене риана отсекогаш ми се свиѓала баш заради тие трансформации.. можеби сака да привлече внимание ама мора да се признае дека тоа и пали.. можеби сеуште се нема пронајдено себеси па затоа пробва нешто ново.. и покрај тоа што многу мислат дека нема стил јас мислам дека тоа е нејзиниот стил да менва, да се трансформира,едноставно да запага во очите на друѓите.. зарем ако јас ја менвам мојата фризура значи дека немам свој стил ? како и да е мене ми е супер.. http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 24&bih=677
Многу ја сакав порано,не дека сега не,меѓутоа ме нервира откога почна да прави некои испади во стилот на ова(во однос на стилот):
не заради фризурата туку заради тоа што не знае да комбинира, изгледа како да го облекла тоа што и дошло прво при рака
риана незнае да комбинира. ? О.о тешкооо.. да се сложвам дека има некои луди комбинации,па на крај краева не мора на сите да им се допага. а сигурна сум дека и зад неа стојат стилисти кои се тука за да и дават совети..
епа добро кога си се шета по улица може убаво се облака ама за настапи и доделувања многу глупаво ја облакаат
Ријана ми се допаѓала отсекогаш, само на моменти ме нервира со своите неочекувани и непосакувани испади на облека. Има убави песни, зборам за текстот и музиката, пратени со доста добри спотови. Сметам дека гласот и е просечен, ништо посебно, но сепак убаво пее. Пеењето во живо и е каде каде полошо од она што го слушаме на официјалниот спот. Мислам дека „стилот на ријана“ всушност е нодреден, т.е. нема некој конкретен стил туку во зависност од ситуацијата го креира и него. Делумно тоа ми се допаѓа, затоа што не сакам кога некој ќе се залепи за еден стил - т.е. подобро да се изразам за едни исти парчиња облека, сите слични меѓусебно... тоа веќе ми е монотоно. Во врска со фризурите, до сега скоро сите ми се допаднале, затоа што според мене на формата на лицето повеќето убаво и стоеле. Еве неколку фризури кои ми се допаднале: Spoiler А оваа фризура и беше КАТАСТРОФА! Spoiler
Ми се допаѓа Rihanna.Но од овие сите трансоформации што ги има направено последнава со косата ми е најубава,како и на почетокот кога се појави со долгата коса.Во однос на болекат на почетокот многу убаво се облекуваше но во последно време многу глупо се облекува.А во глобала ок е целата.