Стомачниот вирус, за колку време се лечи, апчиња кои ги употребувате и каква храна конзумирате... Се манифестира со повраќање, температура и течна столица
ИТНО !! Јас се извинувам што отварам нова тема ама стварно ми е итно... после неколку совети може да ја избишете. Вчера вечер мајка ми се разболе а изутрина и таткоми.Симптомите и се пролив,се тресат од ладно,не можат да станат од креветот,одвај стигнуваат до wc-to речиси лазејки,им било лошо и не јадат.А јас сум сама и ги гледам а не знам како да и помогнам.Ај ве молам совет брзоо
ИТНО !! Стомачен вирус закачиле двајцата или јаделе нешто што е покварено. Како прво веднаш на лекар можеби имаат некое тровање - затрујување од храна. Пијат течности? Дај им Линекс, Линзул или Стрептоксезол апчиња. Чај од нане голтка по голтка, водичка од варен ориз, компир, јогурт, двопек, леблебија...така едно 1-2 дена да им се среди столицата. Се тресат од грозница, најверојатно качуваат температура, нека измерат температура и ако имаат дај им нешто да испијат - андол или парацетамол
ИТНО !! Изгледа е некој вирус, сите се жалат деновиве. Ако имаш постар роднина повикај го, нека ги однесе на лекар итно. Ако немаш таков во близина или што е слободен земи апчиња Линекс, ДиаСтоп... од таков вид. Мене најмногу ми помага медицинскиот јаглен растворен во вода. Б6 витамин обавезно, колку малку да можат да станат од кревет за да појдат на лекар...друго чаре може и да е некое труење со храна..
ИТНО !! некој вирус е... применувај ги горе наведените совети... најдобро е да се посети доктор, и плус пробај да пијат само флаширана вода, дај им аспирин што се раствора во вода, ама обавезно на доктор... јас кога имав пролив, а и температура имав по малку, пиев ЕНТЕРОФУРИЛ капсули... еднаш ми се случи десетина дена и јас да ги имам истите симптоми како твоите родители, имав пролив, се осеќав омалаксано, не јадев ништо... најмногу по 1-2 двопече и лежев цел ден в кревет... тогаш пиев линекс и ентерофурил, ама кој знае каков вирус имав и ништо не јадев, ама упорно пролив и то често... па на крај доктор ми препорача едни многу јаки капсули од 2 милиграми, ама не се сеќавам на името... се напив оти морав на матурска вечер со мојата генерација и плус во друг град... и така барем неколку саати издржав се надевам ќе ти помогнат советите, па кажи после што си направила
ИТНО !! Им купив кисело млеко и парацетамол.Им дадов прво парацетамол.Мајка ми малку проба од киселото млеко и веднаш доби пролив и го остави,а татко ми несака ништо,одвај му го дадов апчето да го испие.И ги молам да одат на доктор а тие само ми велат да бидам подалеку од нив за да не ме заразат,и да ги оставам на мира :/
ИТНО !! па јави се да дојде дома докотор, како тоа не сакаат да одат на доктор најсигурно ќе процени што е докторот и ќе им ги даде потребните лекарства, ние тука можеме само да нагодуваме што им е.
ИТНО !! Види дома дали чувате/сушите кора од калинка, и направи чај (за една шоља, едно парченце кора)....најдобар природен лек против пролив!
Дечко ми се заразил од овој стомачен вирус. Викендот беше дома, и неговите сите биле болни. Одбегнувал блиски средби со нив цело време, седел во неговата соба, ама ете, и него го фатило. Од денес почнаа симптомите. Има пролив, гадење цело време (уште не повраќа), а има и покачена температура. Се напи парацетамол сабајлево, а сега Реглан за да му се смират цревата, и Фурал против пролив. Пиеше и чај од нане, сега легна да отспие малку. Целиот е малаксан, не му се станува од креветот. Му купив сега банани, и соленки, грицки такви суви за после. Што друго да преземеме да му биде подобро? Смее ли после за ручек да јаде печен ориз и копани? Или печен компир? Не знам кои јадења треба да ги одбегнува...Не сум страдала од ваков вирус, се надевам нема да се заразам од него.
Не мора да значи дека ќе се заразиш од него, до душа ако претходно си префатила некоја настинка можно е, но сепак не мисли на тоа и ќе бидеш супер Инаку нека избегнува месо деновиве дур има пролив. Нека јаде ориз но сварен, како сутлијаш само без млекото туку со водата од оризот, всушност таа е корисната за пролив и индигестии. Бананите ти се одличен избор, супи, двопек или бејк ролс ама најобичните не тие со зачини и чуда, варен компир. И многу, многу течности поточно вода и чај, нека изнегнува густи сокови. Ако е во можност поубаво да пие купечка вода барем деновиве. И ќе му помине за 2-3 дена најмногу и дечко ми го фати пред некое време. Најмногу ги има вирусиве кога е вакво променливо, до душа цело време ги има ама како и да е
Вака кај мене не е стомачен вирус туку само имам пролив од вчера вечерта споед мене е од јогурт што се напив вчера за забразување на метаболизмот ете и денес повторно имам пролив...... летоска стасав до болница од тој пролив страсно ми се случи па несакам истото да се повтори, се напив апче па веројатно од едно непоминува ваше мислење....
Понекогаш тоа може да се случува и од храната што ја јадеме и пак да не е диареја. Ако излегуваш во вц повеќе од трипати дневно пробај прво со Линекс, не е антибиотик, ако не ти помине пробај Стрептоксазол, ама не го прекинувај и кога ке престане продолжи да го пиеш.
Се напив стрептоксазол, а можеби проливот е од антибиотикот кој го пијам за грлото, сега ги прочитав несаканите ефекти .
Поубаво пиј од овие капсулите што се за пролив, па ако не помогнат тогаш стрептоксазол бидејќи тој е доста јак и е супер при пролив или повраќање при тровање, така да не би било убаво да ти се навикне организмот на него па кога стварно ќе ти треба да не ти делува
Ако пиеш антибиотици, а имаш пролив (значи апла вода), одма да одиш на лекар, да ти ги сменат. Ако ти е од антибиотиците, се додека ги пиеш, ќе имаш и пролив, без разлика пиела линекс или не.
Со антибиотик задолжително се пие пробиотик, било Линекс или некој друг. Тоа требало да ти го кажат кога ти го препишале антибиотикот, за друг пат да си знаеш
Некој погрешно ме разбрал.... пиев антибиотици заради грлото, но од вчера вечерта имам пролив и го прекинав антибиотикот бидејки несакан ефект е проливот .... мислев дека проливот ми е од јогортот , но најверојатно сум грешка, сега пијам апЧинја КАРБОМЕД ....
^И мене ми се случи истото, и јас пиев антибиотици за грлото и си имав несакани ефекти. Ама треба да појдеш да ти ги сменат, зашто нема да имаш никаков ефект ако ги прекинеш. Мора веднаш да продолжиш со друга терапија, иначе џабе си ги пиела антибиотиците до сега, нема да ти помогнат за грлото. Штом антибиотикот ти излезе од телото, проливот ќе ти сопре, но заради грлото ќе мораш да побараш друга терапија.
Примав и др терапија ласер, ми ги подмачкува крајниците со бетадине бидејки имав гнојна ангина пиев антибиотици и ми помина тоа но докторот ми ја продолжи терапијата за да не испадне лекувано недолекувано и ете претполедниот ден од земањето на апчињата ми се случи ова. но во ред е сега проливот ми се смири.... благодарам мн.