Здраво дечки. Не знам дали има ваква тема веќе, но ако нема еве нека остане. Ве замолувам да споделите искуства, мислења за места каде што се оди на физикална терапија, доктори кои работат таму, цени и слично
Во Прилеп има физикална, доколку е препорачано од доктор е бесплатно . На приватно има исто така кај Славе Димитриовски јас одам таму и навистина сум задоволна .. А за што физикална искривен рбет илии ?
Дали за физикална терапија 10 денови по ред е стандардно да се плати 6000 денари (односно 600 од ден)? Станува збор конкретно за во "Ангеловски ПЗУ". Со повеќе личности со кои сум правела муабет и кои имаат идено на физикална, ми рекле дека платиле по 1500. Зошто овде е толку повеќе?
Препорака за добар физијатар и терапија без разлика државно или приватно? Проблем со колено кај млад човек.
Операција правена пред некоја год вкрстен лигамент. Помина добро се, сега пак почна некако како да му откажува и покрај секојдневно вежбање, колагени.
Многу е важно како е изведена операцијата бидејќи се прави лигаментопластика. Треба квадрицепсот на надколеницата да се вежба ама зависи од првото. Можеби треба доктор прво и снимка да се види и зависи дали има болка.
Дали некој знае добра физикална терапија во Скопје ? За скршеница на зглоб на нога Ве молам од искуство доколу има некој што е задоволен да ми препорача