Имам едно прашање. Ми кажаа дека имам циститис во поблага форма. Но,оваа година ми се појавува веќе три пати. Освен болки во пределот на бешиката и почесто молрење( но нормално, не да одам на секој 2 минути. Едноставно,одам почесто од порано,што одев 3 пати мах.во денот,сега одам секој час. И вечер станувам). Но,немам болки кога мокрам. Е сега,последните 2 месеца имам чуден симтом. Кога престанува болката во бешиката,се појавува чуство на језа ,која од стомакот како да ми иде во анусот ,па се до вратот. А кога ќе почне болката пак,језата ја снемува. Што може да е тоа,дали има некоја членка со талов симтом? Еден доктор не се најде да ми објасни