Мислиш дека нешто ќе се смени? Се дигна фама дека за случајов ама за два дена ќе се заборави и толку ќе биде ,како викаат секое чудо за три дена . Искрено не верувам дека гнасиве ќе добијат соодветна казна а и не верувам дека девојката ќе ги тужи. Ко прво родителите најпрво не ја заштитиле а камо ли нешто друго.
Што направија со насилниците од Штип? Ги осудија ли? Девојчето мажала дека случката била пред 2 месеци и дека и се заканиле да не кажува на никој. А два пати дека била тепана.
У кој закон жити се е дозволена примена на физичка сила при испрашување? Дај не пишувај глупости, во ЕКЧП посебен акцент се става на забрана за примена на сила при испрашување на осомничено/обвинето лице и секој доказ прибавен на таков начин е невалиден на суд. Дека во нашата држава имало случаи за примена на сила при испрашување, имало точно, ама прогуглај ради тоа колку постапки се иницирани пред Европси суд за човекови права и во секој еден случај каде е утврдена примена на сила државата е должна да исплаќа оштета и пресудата од Европскиот суд е основ повторување на постапката во нашата држава. Така да тешко дека веќе некој се дрзнува да тепа некого во полиција, зашто повише ќар ќе му напраи, него зијан. Во однос на насилството спрема девојчето, не постои никакво оправдување за насилство и насилниците мора да добијат соодветна затворска казна. Никаква олеснителна околност не треба да биде земена во предвид, мада многу ќе игра улога изјавата на девојката. Со добар адвокат и желба од страна на жртвата може да добијат добра затворка казна. Сега е битно да ги стават во притвор, со цел на не заплашуваат сведоци и да не вршат притисок врз девојчето.
Поголеми глупаштини од твоево "мислење" не видов денес. Прашај ги како си поминале илјадниците насилници притворени во просториите на МВР. И да, законски е дозволено во рамки на истрага и испрашување. Не се бламирај со вакви испади дека не е!
Незнам кој се бламира во случајов. Очигледно дека немаш елементарни познавања од некои работи за да можеш да тврдиш нешто. Еве дај најди ми еден единствен пропис, член, било што каде пишува дека е дозволена примена на сила при испрашување на осомничен? И место да гледаш крими трилери, прочитај нешто, ќе бидеш повеќе у тек
Не си во право,во ниеден Закон нема вакво дејствије.Ако при апсење сторителот не дава отпот при апсење,нема право Полицијата да те пипне,без разлика на стореното дело.
Што ти е бе, у америчките крими филмови може Што е битно што пишува во Кривичен законик, во Устав или во Европска конвенција за човекови права.
Колку бедно и тешко се осетив кога случајно го видов видеото и тоа до некаде, немам сила за до крај да изгледам. Прво, замислете кои чувства ги буди видеото кај оние што го гледаат а секојдневно поминуваат низ тоа и ќутат. Мене еднаш ми се случи тоа и кога гледав ми се врати цела случка пред очи, раните заздравуваат, ама траума за цел живот. Јас, од еднаш. Колку ги има зад затворени врати, понижени, тепани, малтретирани, вреѓани, искористувани што ќутат и трпат за доброто на семејството, живеат и му служат на животно, мртви во себе, со убиена надеж, несреќни и незаштитени,а надвор со маска на среќна жена, и тоа може да е и колешка, комшивка, другарка... Колку многу тепањето ја менува психата, посебно кај ептен младите е доказ што кога бев средно имав другарка која одеше долго време со дечко кој ја малтретираше на секаков можен начин, физички, психички, ја вреѓаше пред друштво, доаѓаше со модрици и помодрени очи и многу години после тоа таа мисли дека ако некој не ја третира како свиња не ја сака доволно. Жално ептен, ама толку и ја расипал психата и нема шанса да ја разубедиш и гарант пак ќе заврши со некој мачо тип што ќе ја тера да му ги мие нозете и да ја тепа ако му е жешка водата, а таа кутрата ќе мисли дека од љубов тоа го прави, пошто оние добрите и внимателните ги откачуваше зошто не ја сакале доволно. Не знам, насилства врз жени и животни ми се ептен слаба точка, да можам на сите да им помогнам, да ги згрижам, да разговарам со нив... Ама не можам. Ете за овие видовме, ама што правиме за оние што се бетер а не знаеме? Јас сакам да помогнам, ама мора прво ТАА да си помогне себеси. Насилството не смее да се трпи и да се премолчува. Никаква жртва правење во име на среќа и мир во семејството или врската. Живот со насилник не е семејство ни врска. Пекол е. Ако некој ме чита а поминува низ ова и ќути, те молам пријави. Имаш многу луѓе што ќе застанат позади тебе, немој да се плашиш од одмазда, оној што тепа жена е пичка во душата, ако јаде два пендраци никогаш повеќе нема ни името да ти го каже од страв, ако ти е за понатаму, со деца си, што ќе правиш сама, размисли дека ти секогаш си била сама со нив. И плус тепана. Замисли го истиот живот само без ќотек. Сигурно такво ѓубре не ти помагало и со пријавувањето ќе си ја повикаш среќата.
Тоа што реков,тоа и Судот донесе одлука,е сеа има мамето у затвор да им се расплакува. ОДРЕДЕН ТРИЕСЕТДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ОД ШТИП. https://24.mk/details/odreden-triesetdneven-pritvor-za-nasilnicite-od-shtip
Луѓе. Насилството раѓа насилство. За што и да ја претепале девојката немале такво право. Тие ја претепале ама во полиција не смее да ги тепаат. Не ми е јасно кога велите ќе им пресудам на пример? Ако ги убиете вие ќе завршите во затвор. Ако ги претепате вие ќе завршите во затвор. После ќе дојде нивниот родител да претепа некој ваш затоа што вие сте го претепале синот и насилството нема крај. Треба да лежат во затвор и крај. Не треба да се претепуваат или убиваат. Малку се 3 години. Доживотен е најдобра казна. Така би се свестиле 'можеби' останатите дека после злодело нема враќање назад. Ако лежат 3 години и излезат очекувам само во полошо издание да излезат. Нешто што не може да ми се разјасни е: Кој може да и помогне на девојката за да не е жртва? Психолог? Кој може да и ја подобри психата? Свесен човек не го простува ова.
Чудни сте ми вие штo сaкaте дa бидaт тепaни, јaс би бaрaл пoдoлгa зaтвoрскa кaзнa a не нoвo нaсилствo, штo пoсле ? Ќе излезaт уште пoлoши, јaс не сум видел некoј штo излегoл дa свртил прaвец нa пoдoбрo.