По снимката што ја дадоа на тв јасно се гледа дека возела брзо, телото е многу позади автомобилот. Откако го удрила почнала да кочи, а возела доста брзо...е сега госпоЖава е парајлија па може ќе се извлече.
Неповрзано за починатиот од денес, не знам како било и не коментирам. Јас еве возач сум. Јас не возам ни брзо ни споро, нормално. Знаеш ли колку пати ми истрчале пред кола? Не на пешачки секако. Па уште и лути ако им речеш нешто или свирнеш. Или ќе се заака по автобус од контра страна, па трча преку булевар, не гледа ништо околу себе. Или на пешачки на црвено, па као крева рака за извини. На маж ми му има истрчано еден пред кола, вика се збунил во моментот. Има и пешаци идиоти, не пазат, мислат улиците се нивни. Па со точаци коа ќе ми се натртат пред кола, а имаат СЛОБОДНА велосипедска патека ама не било кејфот така, прдалото да му го гледаш. Немаме никаква култура, а грешки се прават од сите трани, не само возачи.
Нема да навлегувам во деталите,незнам колку си запознаена. Не е темата за тоа. Инаку призна вина за експресно да се затвори случајот(утре сигурно ќе му ја намалат казната и ќе излезе порано) , со што немаа можност да ги изнесат доказите за сомнежите и пропустите. И не беше напразно се она што објавуваше, виде целата јавност. Ако толку беше без сомнежи процесот нее за џабе потоа следеа серија случки. Не би повеќе да навлегувам. Да не отидеме off.
Колку пати возач не застанал на пешачки, колку пати едно возило застанало да пропушти пешак, а тоа во другата лента не застанало, колку пати возач забрзал за да не му се изгаси зеленото светло па да чека, колку пати возач се паркирал на велосипедска или тротоар, колку возачи возат и пишуваат на телефон, снимаат за на стори, зборуваат, седнуваат зад волан пијани, пушат цигара итн. Да не набројувам… Сите грешиме да.
Тоа и ми беше поената. Не се грешки, тоа се прекршоци. Таа грешка чини живот. Ако претрчам пред кола на црвено, со ставам живот на ризик и мој и на другите учесници во сообраќај. Или ако поминам на црвено со кола. Немаме сообраќајна култура никаква.
Во случајов брзината е клучна. Телото само се одбило, затоа предниот дел е сплескан. Според фотографиите.
Апсолутно си во право, и пешак и возач сум. Некогаш нема простор за реакција ама муабетот ми е ако е помала брзината полесно може да се помине..
Најубо ќе биди, никој да не прекршува сообраќајни правила. Ни возачи, ни пешаци. Ама за то, ќе почекаме малку...
Чекајте малце, многу спротиставени мислења читам, за двата случаи, Викторија и дедото. Значи дедото не поминал на пешачки, но возачот е сепак одговорен, а ваму пешакот поминал на пешачки, ама леле греота детето сигурно не мислело да ја удри. Некако двојни аршини.
Некако имам чувство дека сите сакаат дома од удобно столче да пишуваат, да колнат, да се туфкаат, да лелекаат како ништо не функционира и не може да се промени, а кога ќе се организира нешто нигде ги нема. Недела било, ладно било, корона било (од иста личност што од кафана не е искочена секој викенд), курсетресе во ладна вода било. Очекуваат други да се борат, а не се свесни дека утре секој од нас може на асфалт да се најде. Никој нема право да се жали и туфка ако не дојде у Недела. Мирен, непартиски, и те како потребен протест.
Не се спротивставени туку реални мислења. Факт е дека адвокатот од петни жили ќе се бори да добие најмала казна дечкото што може. Тоа му е работа. Е сега, зашто е во притвор (ваљда има причина) не знам.
Vo Bitola kaj gornoto Vero, najpregleden e pesackiot, tamu najmnogu letaat posebno imam zaprimeteno zeni vozaci. Jas so dete vo kolicka mi zastanuva kola, fraer detiste vo skap dzip milimetar pominuva pokraj kolickata, kako nosev vo drugata raka metalna kolicka igracka i ja frliv vo dzipot. Togas fraerot pozastana da ne mu ja skrsam kolata, se podzavrte slusna kolku vikam i zamina. Eden dedo vide i rece a taka vnuceto ke mi go zgazea pa rece go pretepav pred publika koga pozastana, nitu rece nesto nitu me prijavi. Kolku poveke pocituvas pravila i propisi ke naleta nekoj fraer.
Законски следува 30 дена притвор колку што знам, па после се суди дали е виновен или не. Ова би било кога би бил законот за сите ист, а не во претходните случаеви кога се заташкувало се. Јас ги гледам и двете страни, огромна трагедија е, доволна е секунда да се случи нешто вакво и жално е и за починатата и за детето што ќе има грижа на совест цел живот. Од коментари од типот убиство, доживотна казна, бесилка ми се лоши, зошто никој намерно не сака да одземе нечиј живот. И зошто никој толку не крена узбуна претходно кога беа вклучени деца на богаташи, туку сега?! Сите се јачат на фејсбук и осудуваат. Само ќе кажам не дај Боже никој да не се најде во ваква ситуација. Знам какви дивјаци има низ Партизанска и Скопјево што летаат, ама проблемот е што судството ни е такво какво што ни е и тоа ствара револт. Ама пишувањето заканувачки коментари на фејсбук кон детето нема да го смени тоа. (Извини не се однесува ова на твоето мислење туку продолжив после коментарот за да не пишувам ново)
Зошто ме цитираш кога коментарот нема врска со тоа што сум го напишала. Прашав зошто двојни аршини за двата случаја? Дедото не поминувал на пешачки (треба да се утврди), жената го удрила = уа, оваа сеа да го лежи, карма е кучка, ете како ја стигна казната, муж ѝ лихварот.... Викторија поминува на пешачки, Јордан ја гази = абе греота детето, се гледа дека му е криво, зашо го колнете, каква врска има фамилијата... Ќе нацртам ако не се доволно јасни двојните аршини.