Само малку срам и осет да се имаше, детево отиде ништо нема да го врати, овде во темава битка се води. Ќе испадне жртвата крива, возачот невин. А тоа што пиел - ништо не е, млад е. #смајлиштосекрсти
Па ако вози бавно нема шанси да го убие некој. Ќе го чукне само. Добро читате што пишувате пред да стиснете испрати одговор или онака само у муабет да си се најдете?
Тоа ја прашувам и јас. Не ми одговори. Затоа не може да речеме дека не бил свесен што може да се деси ако вози над дозволеното, ако помине на црвено и слично. 70 не се вози низ град, 120 е на автопат. Има разлика. Она се става во ист кош, односно за се има исти олеснителни околности.
Дека дечкото не треба да вози на вечер ама срам ми е да му кажам на членката. Брачеда ми е со астигматизам и а почни да стемнува остава воланот пошто свесна е дека е опасно и за неа и за тие околу неа, оти не можи да гледа јасно ко ќе се стемнува, а и на вечер. Али стемнување како потешка околност ми го кажа.
И јас имам астигматизам еве, ама се додека возам во рамките на можностите кои ги имам не е небезбедно и сл.
Супер шо рече "во рамки на можностите за да не е небезбедно". Пошто убиецов во случајот не можи да го кажи истото. А за астигматизмот. Сите сме свесни за нашите лимити. Еве брачеда ми најтешко ѝ е да гледа и фокусира ко ќе се стемнува. И свесно и совесно - не вози. Оти колку и да се држи до некои правила, во сообраќај има непредвидливости. Да се оди спротивно од можностите ( во случајов да има чист видик на пат) е опасно. Зато на вечер оди сегде со такси или друг возач зошто се друго е свесно одење во ризик. Нешто шо пример "поднапиен" пијаница можи да го напрај со то шо ќе остај колата дома ко ќе оди на пијанење и си земи такси за назад. И зошто е свесна за то носи ваква одлука. И максимално ја почитувам за то.
Глуп ти е примеров зашто даваш тотално друга ситуација и пробуваш да ја споредиш со оваа. Мешаш баби и жаби.
Кога сме кај астигматизам, не вози кога е без помагала или воопшто? И јас сум со астигматизам, и ми е тешко и денски и вечерно време. Ама затоа си носам наочари, без нив не седнувам зад волан. Некако чудно ми падна да не вози воопшто заради астигматизмот.
Сообраќајка што си ја предизвикал со возење 90-100км на час таму кај што е дозволено 50км не е несреќен случај бидејќи си превзел дејство под полна свест, свесно возиш толку брзо иако знаеш дека може да наштетиш.
Како не можеш да докажеш умисла? Па, ако некој со умисла решил да убие некого, или да речеме да изврши некое масовно убсиство, прави подготовки за тоа. Тие подготовки оставаат трага, а тоа е работа на полицијата да го открие. Или можеби пораки, по интернет нешто што се пишувало, има начин да се докаже. Не споменувам ништо за случајов или било кој друг, општо само, дека нормално може да се докаже умисла.
Па од дете ја немам без наочари видено. Денски нема проблем т.е. нема прокоментирано за то, на вечер така- така ама не најлесно, делот стемнување ми го опиша како најтежок. И не вози воопшто.
Ако некој нешто планира тешко е да не остави ништо, никаква трага, не збориме тука за мастермајнд криминалци, повеќето се просечни. Ама и полицијата е таква, па... Го цитирав само делот со НИКОГАШ не може да се докаже, не е дека никогаш не може.