Во нашава земја секогаш нема правда подеднакво за сите. Верувај и те како ги пикаат во притвор без основа и тоа само на рекла казала, а за излез потешко , никој не излегол не затоа што навистина бил виновен колку што да се заштити буџетот и да се поштеди државата од плаќање на штета на обвинетиот која му е причинета со тоа што бил во притвор, нарушен му е угледот и честа итн. Те цитирав оти ми беше најблиску воочлив постот, тоа со етикетирање се однесува за претходни членови. Ќе се спроведе вештачење па ќе се утврди дали е вистина тоа што го зборува девојчето. Поената на муабетот е секој кој одблизу не се сретнал со вакви ситуации ќе го прифати само она што го сервираат медиумите и пристрано ќе се верува на наводно жртвите затоа што се работи за чувствителни теми. Сум била присутна на икс вакви ситуации од почеток до крај затоа знам што се случува и какви се сценарија на крај излегуваат и која е позадината на случајот.
Од кога гушкањето стана силување?! Disclaimer: Не го одобрувам гушкањето/бакнувањето во никој случај Тој и бил тренер, требало да се воздржи од било какви допири, изливи на емоции или како и да е. Ама гушкање во никој случај не е силување Ако знаат што пишуваат по порталите ќе се обесам Поназад се дискутираше за облеката што ја носат денешниве деца, значи без разлика што и да носат и колку и возрасни да сакаат да изгледаат тие се ДЕЦА. Како и да е, ако направил нешто нека лежи! Innocent until proven guilty - презумпција на невиност, иако во вакви случаи (посебно со вакви сензионалистички наслови) често ја забораваме.
И јас тоа се чудам . За гушкање во притвор не се оде . @fallenangel Во право си дека судството за сите не е исто само приведениот не е граѓанин од втор,трет ред за да важи за него тоа правило. Збореме за доста влијателна личност и да е се така чисто и без цврсти докази верувај не би го приведиле. Ама ќе ја дознаеме вистината или пак ќе се заташка,едно од двете ќе биде.
Не мора да значи. Со својата постапка педофилите го губат правото со нив да се постапува како со луѓе и после докажувањето на нивната постапка би требало да има многу посурови казни отколку досегашните затоа што не постои лек за педофили, не може да се превоспитаат, не може да се вразумат. Единствено останува надежта со широка и јавна претстава за суровоста на казната да се спречат идни педофили да силуваат деца, некако да се исконтролираат во страв од тешки и средновековни форми на измачување.
@InWonderland Добро, облечи ти фустанче, стави штикли, нашминкај се и излези во бар. Ако се случи да те силуваат, ти си крива? Ми се гади од вакви мислења, не знам дали се читате воопшто што пишувате.
А ти така одиш школо со штикла и фустанче?? Е не баба ми е крива, затоа што девојките во денешно време тоа и го бараат со сила. Ти ако си свесна дека имаш машко професор, и дека онака пред него не се шета, не би се облакала така. Ок кажав пример а не дека мора да значи и да е баш како што реков. А ако ти се гади од мислењава вакви, тогаш не ги читај и коментирај, едноставно игнор и чао
Малолетничка и да се соблече гола пред некој возрасен не смее да биде допрена тоа да ви е јасно. Секоја нормална личност треба да го знае тоа. Доколку не знае е се освен нормална. Убаво кажа некој предходно за децата што одат разголени на час за уши и кај педагог,директор и јавување на родителите. А не да се кажува заслужиле да се силувани.Срамота
А силувачот е цвеќе за мирисање што не знае алатот прибран да го држи. Абе колку пати човек да ви каже, и гола да му излезе некоја, не смее да ја чепне без нејзина дозвола. Ако таа вели НЕ, значи е НЕ. И професоров да видел некоја така несоодветно облечена, треба да ја силува ли? Облеката никогаш не треба да кажува дали една девојка сака секс, туку таа самата.
@InWonderland Драга, јас не одам во школо. А кога одев, не, не одев со штикли и фустанче, ама и да сум одела, фино лепо професорот ќе ме упател на разговор кај педагог/директор, ќе ми лепнат после некој укор и нема да ми текне така да се појавам пак... нема да ме силува во секој случај. Поентата ми беше друга, а ти очигледно не ми ја сфати, па ајде ќе ти ја подобјаснам. Не мислиш ли дека замислата на 68 годишен човек што му се дига на 13 годишно девојче е ненормална, како и таа да е облечена? Не ти е тоа болно? Утре ден, не дај боже на некоја твоја блиска роднина на таа возраст да се случи вакво нешто, ти на нејзините родители што ќе кажеш, ааа она е крива бе, како тоа носела тесна блузичка, си го бара. Примерот со барот ми беше она што ти го кажа, дека она со облекувањето испровоцирала да биде силувана (прво, не знам од кај се дрзна воопшто тоа да го кажеш, кога не го ни знаеш девојчето). Е сега, не мора ти на факултет да бидеш така облечена, или на работното место, ама кога ќе излезеш надвор сигурно не ставаш мантија на себе и не си закопчана до грло, нели? Си облекла и сукњичка и маичка со деколте, си отишла во дискотека со другарките да се забавуваш, некој те гледа од страна, и си вика ау оваа чим облекла минич значи сигурно сака секс, пих, не мора она ништо да каже бе, се гледа... Дај ќе ја одвлечкам негде, ќе ја силувам, што има врска. НЕ! Тоа единствено некој болен ум може да си го помисли. Ајде, стави се на момент во таа ситуација, кажи ми дали ти нешто СИ БАРАШ ако си излегла некаде нашминкана и со сукња? А што си барало едно годишно дете кое е силувано? И оние што носат мантија и хиџаб, и тие се разголени и си го бараат? Си погледнала некого во кафич, он тоа го сфатил како повик да те силува, и ти пак си го барала, нели?
A vo bar dozvoleno e siluvanje? Zoso neli ako po avtomatizam sukna i stikli povikuvaat na siluvanje, togas sto menja mestoto, dali e bar ili skolo? Sukna si e sukna, stikla si e stikla, i vo skolo i vo bar neli? Luge pred da iskomentirate go uklucuvate malce mozokot, ili bitno da se pise nesto...
Значи океј, очигледно ни вие не ме сфативте, јас не реков дека е нормално и дека треба да има силување. Професор за да силува треба да постои причина која би го испровоцирала на такво нешто, и затоа јас го спомнав тоа "скоцкани".. Мислев на тоа дека во денешно време идат се полоши и полоши генерации, и дека многу девојки тоа го бараат со сила. Нереков буквално за девојчето, туку за глобалата, која се развива ден денес. И нормално не секогаш ние сме криви, си има и такви откачени професори.
Tokmu zaradi takvi kako tebe na zrtvite na siluvanje im e strav I sram da kazhat shto Im se sluchilo I da prijavat. Ima I maski sto se siluvani, ima babi I dedovci sto se siluvani, kakov 'povod' dale tie za toa da im se sluchi? Kolku samo se samoubile poradi toa sto bile siluvani. Zasrami se!
Треба да постои причина за да те силува некој??? Неможам да верувам Оној кој решил некого да силува не му треба провокација,нити кратко здолниште Тоа се луѓе со психички проблеми за кој е важен само чинот на силување а не како е некој облечен Како можеш да кажеш доколку некое девојче било провокативно облечено на училиште и "си го бара со сила" Макар и за во глобала да збориш неможеш да им судиш на луѓето според облеката а уште помалце да помислиш дека си го бараат на сила Ајде бе Зарем за тоа има оправдување? Причина???
Ние многу добро разбравме што сакаш да кажеш ама изгледа ти не си свесна на своите зборови. Ако кај нас скоцкани девојки/жени заслужуваат и сами си го бараат да бидат силувани тогаш што имаш да кажеш за некој муслимански земји каде што одат жените забулени од глава до пети а силувањата се почести отколку кај нас. Со што тие испровоцирале ?
Spoiler: Офф топик Офф топпик - @Vitaly Праќани биле хомосексуалци, а тебе тоа ти е исто со педофили, оти нели логика... Или пак нема и тоа кој да ти објасни? Иначе, чичко ти Хитлер со внука му од 16 години малце, знаеш, ово - оно, па после девојчето се ,, самоубило ,,. Сигурно нема сам да се прати у гасна комора. Исто така, не знам што олош биле Роми, Полјаци, СЛОВЕНИ од младо па до старо, па еве просветли не На оние од друштвоно стрелачко, и вие тука што се удирате у гради, дај вас да ве видиме што носите и како се шминкате, дајте вашите ќерки да ги видиме дали ,, провоцираат ,, или не... Бил угледен член? Па што тогаш има да го искористува својот углед за да пипка деца, па и да ги силува? Оти знае дека наивна раја одма ќе го потапша по грбот, ете затоа... Само не дај Боже и на вашите деца еден ден вака, само тоа ќе речам.
Никогаш, ама баш никогаш жртвата на силување не е виновна за тоа што и се случило. Никогаш! Единствениот виновник за ужасот и траумата која ја доживеала е силувачот! ***** Можеби вака размислуваш зошто потсвесно се убедуваш дека на „добрите, пристојни“ девојки (како тебе) кои не носат кратко и тесно вакви работи не им се случуваат ама за жал, секоја девојка може да биде жртва на силување, без разлика дали носела фустанче или кеса за компири. Ако мислиш дека облеката која ја носиш ќе те заштити, само се залажуваш себе си.
Извини вака, ама дали си ти нормална? И те молам, немој да се жалиш што вака ти се обратив, сепак сама си го бараше.. Логично, нели. Или не?