Јас сериски убиец доживувам далеку посериозно, како оној Zodiac, мистерија со децении. Кај нас овој со iq 70, обичен разбојник, пријавуван, роварел по куќи и дворови, си малтретирал и убивал ради куроболието на идиотине од МВР. Ни траги сокривал, ни па се замарал, срамота е така да го условуваат. Ги гледав изјавите на родителите на жртвата. Луѓе кои се полуписмени, ги отепал животот, оставени сами на себе. Е ова е Фиром на најјако. Никој не ги земал здраво за готово ради профилот, педигрето. Пиши таму умрела од алкохол, се опила. Посеризона истрага само за лица од ,,плава крв". Топол народ фиромски.
Леле 5 дечиња без мајка останале, веројатно е ромка не сакам да шпекулирам вака, ама секој свесно знае дека после 2ри царски е веќе голем ризик, а натаму да не зборам. Како и да е многу жално, сепак компликации од ваков тип на 4ти царски рез се многу веројатни.
За жал, најчесто заради неписменоста и неумешноста да се информираат каде да ги бараат своите права, е вака како што е. Гледам на таткото на убиената му било страв. Страв од што? Ќе излезе дека поголемата немаштија носи поголем страв. Ај да не речам, политичари ја искрадоа државата па ни страв ни бутур, овој па глава веди. Офф топик што можеби ќе звучи сурово, но овој и не е баш кроен за татко-татко. За здрава-права ќерка требало на нога цело село да го дигне.
Ама девојчето било со некоја попреченост, тоест со посебни потреби и кажаа и дека работела во компанијата Афли, и потоа ја избркале. Во Алфи има лица со Даунов синдром, лица со физичка попреченост, со слаб вид итн. Сиромашни луѓе, а на сиромаштија се лепат и други бељи. Мене ми беше чудно како ја пуштиле девојката да седи кај роднини, некако неодговорно е тоа, како аргат ја пратиле.
Серискиов убиец со iq еквивалентно на ретардирана особа успеал да убие неколку жени, тоа е тоа што треба да го знаете за функционалноста на државава.
И женава што се фрлила сосе детето, а се расправала претходно, веројатно е жртва на семејно насилство. Во другата тема се расправа за права на жени во Иран. Овој случај покажува дека и овде жените се угнетени до ненормални граници. И мажот на таа жена, не е ништо поарен од некој исламски затуцан фанатик. Не можеш никого да трпиш? Не си способен да платиш сметки, храна да купиш, да чуваш дете? Гони се бре, бегај некаде на некое бачило, диво племе, паси овци до крајот на животот, не се репродуцирај и готово. И зошто не е уапсен досега? Братот на жената ги објави, да, таткото е насилник.
Се потресов Ќе одговара некој ? Никој. Ама нека ги носат на душа и да , постои карма . Жално , прежално , душички
Од она што најдов ....ова е малото девојче. Мајка и има објавено како во 2024 пее со ДНК на настап.....не можам....ме кине душата
Дури сега ќе почне да се разгледува случајот на семејното насилство во оваа држава, само не знам уште колку жртви ќе има пред да се сфатат сериозно некои работи. Ужас, што се не се изначитав никаква одговорност не превземал никој во врска со ова, сите се за во затвор, сопруг, брак и се по список, ми се гади од сите, невино дете ќе лежи во гроб заради неспособноста на државата што не превзема никаква одговорност за овие случаи.
Се моли Трамп да мава и кај нас зошто од ден на ден сѐ повеќе се докажува дека ние не сме достојни за држава, не знаеме сами и не можеме да функционираме независно. Не можам да сфатам што е тоа што треба да се случи за да оваа држава почне да функционира. Луѓе ние веќе во терминален стадиум сме, луѓе ни умираат од негрижа еднаш месечно. Кој еднаш месечно, Кочани 63 души во една ноќ загинаа, тоа се година и кусур секоја недела по една жртва на системот. А кај се другите… Сејф сити, слушалки на отворено, закон за пушење, ѓубре после 22ч. Сѐ тоа фино, поштувам, ама под радарот вакви итности до кога ќе минуваат? Па пред неколку месеци се деси девојчето од Велес, пред тоа имаше и други случаи што вака трагично завршиле, ами колку трпат и се на работ истото да го сторат? Се грижи ли некој за нас во оваа држава? Бог да ги прости, не ми излегуваат од глава. А не морало, не требало…
Кога ја прочитав веста мислев дека немала фамилија женава. Пошто секој со нормално семејство ќе и рече да иде кај нив ако знаеле а очигледно знаеле за насилството.
Не можеш да знаеш како им е во нивна кожа. Ниту пак некој знае дека ќе дојде до ова. Може да е нивен станот, но не можеле да го избркаат. Може му се спротивставиле па се заканувал. Со нестабилни луѓе никогаш не знаеш на што си. Ако полицијата не мрднала со прст да ги заштити, што останува за фамилијата? Како на некоја будала ќе му кажеш да си оди и да не ги вознемирува? Баш напротив, ќе го разлутиш уште толку и нема да те остави на раат. Сите после војна се генерали, вака требало, онака требало. Сигурно тебе маж ти ако те тепа, ќе ја здуваш кај твоите дома. Ако е доволно ненормален и од кај твоите дома ќе те извади и ќе те скрши од ќутек. Гледаш дека полицијата не преземала ништо - па тој си земал уште повеќе сила. Бегајте подалеку од ненормални и насилни луѓе, со пороци и слично.