Леле 5 дечиња без мајка останале, веројатно е ромка не сакам да шпекулирам вака, ама секој свесно знае дека после 2ри царски е веќе голем ризик, а натаму да не зборам. Како и да е многу жално, сепак компликации од ваков тип на 4ти царски рез се многу веројатни.
Серискиов убиец со iq еквивалентно на ретардирана особа успеал да убие неколку жени, тоа е тоа што треба да го знаете за функционалноста на државава.
За истиот дојдов да пишам. Вика на 01.03 пукал ,на 05.03 се заканувал но бил спречен од ќерките да пука. Од текстов е нејасно дали на 01 пријавиле... Па еве ,под претпоставка да е пријавено,зошто бил уште дома ? Ако не било пријавено ,како може вакво нешто да не се пријави ? Друго што ме нервира многу е што кога ќе се случи трагедија сите се насочени на вакви случаи и излегуваат по 3-4 во 24 ч. Потоа пак молк... Колку мораа да излезат јавно со видеа и слики па да се превземе нешто (пример случајот од Драчево) и тоа е пак за пред камери пред 3 дена ми излезе статус дека жената кажува дека го пуштаат за викенди,па сеа се плаши да не и дојде пред врата и ако дојде се заканува дека ако треба и ќе го убие...
Се сеќавате на детето од драчево татко му што го тепаше? Епа прочитав дека слободно си се шетал и никаква казна не добил. Во државата ништо никогаш очигледно нема да проработи и пред 17-18 години беше исто... Сега ми текна се сеќавам кога бев дете 1-2одд бев, мајка ми работеше како продавачка и седев често со неа на работа, еден ден влегоа 3ца мажи имале од 20-30г и почнаа да и се закануваат што ќе краделе, како ќе правеле, што ќе и правеле и држев јас во рака играча пиштол едниот ми го зема насилно и почна со него кон сите па како ќе извадел вистински пиштол, и муштерија има влезено во тој момент и неа и се закануваа и некаде им текна си заминаа само пиштолот ми го украдоа др ништо. Веднаш после ги пријавија, дојде полиција отиде по нив пошто една улица и сигурно ги нашле се вратија сами полицајците и кажаа "абе знаеш едниот е син на полицаец да не се срами татко му", ни тогаш работеше полицијата, ниту сега, ниту во блиска иднина ќе проработи..
Го прочитав статусот на мајката на фб…. Немам коментар. И после кога во одбрана ќе го убие како онаа од Кочани, ќе треба да го лежи…
Човекот е во затвор, ама излегува одредени саати во денот и оди на работа.. Ваљда е во отворено/полуотворено одделение и затоа има таква можност да ја издржува казната..
На црните хроники им нема крај деновиве СП толку црни хроники нема објавено никогаш на ден... Се прашувам дали е сега ова или од секогаш е вака само почна полицијата повеќе да работи.
А кај да пријавиш оти исчезнала? Кај тие неранимајковците? Сигурно и имаат кажано на мајка и "ќерка ти сигурно отиде кај швалерите, ај и ти оди си дома". Патем, истиот муабет и пола држава во коментари ќе го правеа, ако беше објавено.
Абе ова секој ден нешто ново излегува. Којзнае колку ќутат луѓето од страв, па сега кога излезе ова со Ивана и Кате како да се охрабрија да зборат и да пријавуваат, а ваљда и службите на одредено време да работат (и после исто, пак нема да работат).
Да не била снимката од мајката може и слободно ќе си шетал. На страна тоа, сакам да кажам дефинитивно сме оставени да се справуваме сами. И МАЖИ (вие што сте останати во мал број), барем излезете во недела на марш, ако ништо друго.
Тоа овие НАЈмајки шо се тие се потресуваа кааааако како ја држело срце да снима а да не му помогне на детето.