Јасно, може 6 заврзлами да се во прашање, може зет за братучедка со лажни документи за фирма да е изведувачот, мислам немам поима. Сакам да кажам инвеститор може да е секој, јас и ти ако имаме пари може да бидеме, ама немаме одговорност како изведувачот и фирмите/стручните лица кои тој ги ангажира за безбедност не само при работа, општо. Несреќи се случуваат, само што овде веќе нема ден без несреќа, што ми укажува... дека не е несреќа, туку куроболие за закони, прописи и неодговорност.
Колку педофилишта има у СРМ, за три случаи прочитав во изминатово деноноќие, а тек па колку не се пријавуваат. Врие од језиви инцелишта педофилишта у библискава паланка.
Немало заштита од лизгање на земјиштето во Кисела вода каде што вчера загина работник – утврдил трудовиот инспекторат - telma.com.mk https://share.google/lElRGCe1ZlA1LhUl8
Урбаната мафија е најкрива, никнуваат згради како печурки, пола станови празни ама нечии, па обични смртници треба 3000е м2 да плаќаат зошто побарувачка има. Немам зборови колку сè најлошо им посакувам. Нормално е да постои урбанистички развој, ова во Скопје ама ич не е нормално. Кај што живеам сега, во комшии за помалку од година, ископаа и еве фасада ставаат. На место на едно прастаро куќаре, во Центар живеам сега, значи куќарево немаше каде 2 коли да се паркираат. Сите до еден станови се продадени веќе. И да, има очигледно подземна гаража, ама нема секој да купи место или ќе купи едно, а технички има 2 коли, па ќе ја остава едната каде год по тротоари (овде ни тротоар веќе нема, сите по 2 метра улица се движиме). Завчера камион ќе ме акнеше излагајќи од градилиште во Аеродром, ПРЕКУ пешачки и велосипедска баааап на булевар братот да оди. Мака ми е што постојам овде.