Јасно, може 6 заврзлами да се во прашање, може зет за братучедка со лажни документи за фирма да е изведувачот, мислам немам поима. Сакам да кажам инвеститор може да е секој, јас и ти ако имаме пари може да бидеме, ама немаме одговорност како изведувачот и фирмите/стручните лица кои тој ги ангажира за безбедност не само при работа, општо. Несреќи се случуваат, само што овде веќе нема ден без несреќа, што ми укажува... дека не е несреќа, туку куроболие за закони, прописи и неодговорност.
Колку педофилишта има у СРМ, за три случаи прочитав во изминатово деноноќие, а тек па колку не се пријавуваат. Врие од језиви инцелишта педофилишта у библискава паланка.
Немало заштита од лизгање на земјиштето во Кисела вода каде што вчера загина работник – утврдил трудовиот инспекторат - telma.com.mk https://share.google/lElRGCe1ZlA1LhUl8
Урбаната мафија е најкрива, никнуваат згради како печурки, пола станови празни ама нечии, па обични смртници треба 3000е м2 да плаќаат зошто побарувачка има. Немам зборови колку сè најлошо им посакувам. Нормално е да постои урбанистички развој, ова во Скопје ама ич не е нормално. Кај што живеам сега, во комшии за помалку од година, ископаа и еве фасада ставаат. На место на едно прастаро куќаре, во Центар живеам сега, значи куќарево немаше каде 2 коли да се паркираат. Сите до еден станови се продадени веќе. И да, има очигледно подземна гаража, ама нема секој да купи место или ќе купи едно, а технички има 2 коли, па ќе ја остава едната каде год по тротоари (овде ни тротоар веќе нема, сите по 2 метра улица се движиме). Завчера камион ќе ме акнеше излагајќи од градилиште во Аеродром, ПРЕКУ пешачки и велосипедска баааап на булевар братот да оди. Мака ми е што постојам овде.
Ах како немав ѕвезда за политика. За овие би донела закон половиот орган да им се сецка на пола сантим секои 4-5 часа и да им се посолува ,сами да бараат да цркнат.
Ако некогаш родам дете, ќе размислам два пати дали ќе го пуштам во Македонија на летен распуст. Нема лек за овој канцер од држава.
❗ Вознемирувачко ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за Вечер Прес. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината. Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон. „Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР за медиумот. Причината за нападот, според првичните информации, била комуникација преку социјалната мрежа „Инстаграм“.
Резултат на воспитување без авторитети, без граници и казни. Не се плашат од ништо, што и да направат, затоа што нема казна. Напротив за нивната постапка секогаш ке има оправдување.
Овие злосторници треба да се одземат од нивните “родители” и да бидат сместени во институција до навршување на нивна 18 годишна возраст. А потоа да се превземат мерки притвор/затвор за загрозување на безбедноста и животот на жртвата. Жално за девојчето и нејзините блиски.
Само јас мислам дека апсолутно ништо нема да им се случи на насилниците и дека државава нема воопшто ништо да превземе за случајов?
Предатори, педофили, криминалци има на секоја педа на планетава. Единствено на Марс е безбедно, јер таму не нема нас, луѓето.
Има ама има и закони и подобри спроведувачи на истите. И поголемиот дел од тие со ментални нарушувања се затворени во ментални установи, а не се шетаат меѓу луѓето.
Диво племе. Ваквите треба да се протеруваат од државата и да им се одземе државјанство. И не се исплати да чекаш правда, која правда може да го има за ова? Да сум мајка на детето жртва, одам, ги фаќам за коса, бришам под со нив, ги фрлам во некој ќош со џумки и мрсули, па нека ми судат за телесна повреда. И зошто не се приведени родителите досега? Зошто децата не се сместени во некоја душевна болница?
Ако ти е полесно да мислиш така, во ред. Моето искуство од "белиот свет" е поинакво. пс. За контекст, живеам во Италија, земја која од 1978 нема повеќе психијатриски установи, поради "прекрасните" услови во истите. Ваков ограничен број институции или "места на психијатрија" има и во Германија, Белгија, Холандија, Латвија, веројатно и во други. Така што се "шетаат" меѓу луѓето, и тоа како, бидејќи место во алтернативни институции нема за сите, баш напротив.
Не сме 19ти век за ваква реторика, мислам плс...поголем дел од пациентите во ментални установи се луѓе кои се опасност сами за себе. Не мора да се враќаме на овие застарени размислувања за да докажеме поента. И ај тоа, ама не е ни точно и е многу розево гледиште. Децава кои на ваков садистички начин малтретираат друго дете треба да се подложни на психијатриска евалуација и да бидат третирани. Зашто и покрај тоа што многу деца знаат да се злобни и булис, малтретирање на ова садистичко ниво е повеќе од само обично невоспитување или немање авторитет. Исто така сигурна сум дека истава група малтретирала низ школото и претходно и имало и други жртви, ама ова ја прелило чашата и конечно добило внимание. Нема шанси да нема и други истрауматизирани деца.
Да му се плукнам јас на општество кое дозволува вакви работи да се случуваат и тоа редовно, на сите кои го одржуваат тој систем во живот да им се плукнам.