Ако на родителите не им е доволна казна што детето им има проблем и не им е индикатор да го контролираат, казната парична пак ич нема да им направи разлика.
Се согласувам. Мислам дека тоа е единствениот начин да се поправат. Ако однесувањето нивно не се адресира правилно сега додека се сеуште адолесценти, во иднина ќе се однесуваат уште полошо.
Тоа им е единствена шанса. Знаат. Знаат каде згрешиле во воспитувањето. Но паричната казна нема го спречи идното однесување на овие деца. Само ревоспитување ке помогне.
Знаете што ми е така најкриво и најтажно од се, што се повеќе и повеќе има вакви деца што малтретираат други деца, од времето кога бев јас во училиште, до сега, 50% повеќе насилство има меѓу врсниците во училиштата и надвор од нив, и во наше време имало, ама значително помалце, и се броеле на прсти што се вика, сега ова зема преголем залак, и никој ништо не превзема, што е нај трагично! Се полошо и полошо ќе биде, кога немаме како да си ги заштитиме децата, ги воспитуваме дома на убаво однесување, а таму некаде ќе се појави деликвент од дете, што ќе ти го малтретира и твоето! Страв ми е во училиште да ги пуштам, страв ми е во парк да одат.. се ми е страв, баш поради тоа што знам како ги воспитувам, да не налетаат на ваква будала, од која ќе имаат трајни доживотни последици! И тогаш јас како родител, а верувам и многу други, кога би се нашле во таква ситуација, не би знаеле како да си го заштитиме сопствено дете од булинг, како да пристапиме кон децата што се извршувачи на тој булинг!?!?! Кај нас сите институции креваат раменици, како и секогаш, никој не се замара повеќе од 3 дена, затоа и се случуваат вакви работи, сите работат, а уствари никој не работи.
Да не треба медал да им се даде на сатанчињата и нивните бедни родители? Досега требало да бидат уапсени родителите, и не само тоа, децата да се избркаат од школо, па со завршено 6 одделение кога ќе пораснат нема да имаат егзистенција, толку, крај за нив. И не само ова, детето жртва да тужи и да бара оштета за претрпениот психички стрес и траумите. Племе заостанато во 13 век. И кој е епилогот? Детето жртва учи онлајн, овие гнасите во школо. Па тоа е награда за варваризам и племенство. Има родители што ќе те натераат да се покаеш што си се родил за такво нешто. За такви насилства недалеку од мене едно мирно момче има заклано врсник, оти се собирале 3-те браќа и го тепале од ќеиф на излегување, и го заклал една вечер. Убиецот е сега возрасен човек со семејство, го одлежа, насилникот умрел млад, одамна нема ни коска од него. А браќата?Епа си имаат грижа на совест, поттикнувале тепачки. Диво племе. Само во чопори се силни, а интелигенција нула.
Секогаш се булизираат мирните деца. Девојчето кое е булизирано треба да му се плати оштета, да има поддршка од самата држава, да работи со добар и посветен психолог.
Не знам Енџи ама сигурна сум и дека многу од тие што се само булис да би биле сведоци како некој е присилен да јаде измет, исто така ќе снимаат и ќе се смеат како другите. Разликата е само што не била нивна идејата. Така да не можам да речам дека ученик кој му се исмева на дете со криви заби, дека е подобар од девојчињава. Штетата е помала вака гледано, ама или сакаш да бидеш нечиј мотив да се осеќа понижено, или не сакаш, без разлика со исмевање за изглед или вакви одвратни дела. И не се исклучок вакви деца, баш многу се чести сериозни малтретирања кои само не излегуваат во јавност. Физички напад, кинење и соблекување облека, допирање по тело, уценување со слики и видеа се "нормални" по школиве само не се замара никој да пријави. Знам што трпев и од психологот добивав одговор дека мирна сум била, па затоа мене ме пикирале. Знам и куп други што дебело го јаделе на секаков одвратен начин ама исто така, никаде јавно не било објавено. Имаше скоро во некое школо дете носело нож во ранец. Јас имав школски што редовно си носеше џебно ноже во ранец, така за чалам пред другаеи нели. Ама ако кажев? Кој ќе ме заштитеше?
Преѓе си мислев, отштета да му платат на девојчето и тоа не симболична сума, туку милионски износи. Ама кои закони и судови ги има во оваа држава, па, како одлучуват тие, поарно да ги немаше.
Како и да е, поголемиот број од тие сексуални предатори пак не се во затвор. Туку се околу нас или се на телевизија, на позиција, на функција... Апсолутно не, не викам дека се помалку булис. И тие што гледале и снимале се подеднакво криви. Ама има нешто интересно кое го имам приметено, тоа е дека тие деца имаат одредена свесност дека е нештото погрешно, сами не би го направиле, ама кога некој друг го прави уживаат во приказот, како на театар. Значи сепак има различни нивоа до кои одат булисот. Не го кажувам ова како оправдување, нормално, туку чисто како опсервација на нивното однесување. Иначе да, чести се..во секоја генерација ги има, само сега фала Богу се пријавува и се' е повеќе транспарентно, за разлика од порано. Кој ќе рече дека децава денеес се поразлични, веројатно го лаже меморијата. Дури би рекла дека беше полошо, пошто наставниците и психолозите повеќе си дозволуваа да прават виктим бејминг.
Нека платат двајца- тројца насилници отштета, ќе видиш дали некој ќе се осуди да фрла петарди на дете со аутизам. Не државата да плати, да платат семејствата на насилниците. Да им се наложи сега по судски пат, сите три семејства да исплатат по 20.000 евра, ќе ги видам племенцата што ќе прават. Ама сите запнале на вести, „леле системот, леле психолози ни требаат“. Ви требаат санкции. И тие психолози по школо прават ли нешто воопшто? Не видов еден адвокат јавно да пише дали детето жртва има право на оштета, да тужат, удри го по џеб бе, нека платат добри пари, после ќе се научат.