Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    93.376
    Пол:
    Женски
    Да
    Затоа мислам под итно девојчињава треба да добијат мерки и да поминат некое време таму.
     
    На MeowMeow, Amelia., tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    9.805
    Пол:
    Женски
    Ако на родителите не им е доволна казна што детето им има проблем и не им е индикатор да го контролираат, казната парична пак ич нема да им направи разлика.
     
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    9.805
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Мислам дека тоа е единствениот начин да се поправат. Ако однесувањето нивно не се адресира правилно сега додека се сеуште адолесценти, во иднина ќе се однесуваат уште полошо.
     
    На Трагедијаупмм, CameliaMiller и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    42.903
    Пол:
    Женски
    Како да не.
    Пола од родителите не ни знаат какви им се децата надвор
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    93.376
    Пол:
    Женски
    Тоа им е единствена шанса.
    Знаат.
    Знаат каде згрешиле во воспитувањето.
    Но паричната казна нема го спречи идното однесување на овие деца.
    Само ревоспитување ке помогне.
     
    На Трагедијаупмм, CameliaMiller, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    18.604
    Пол:
    Женски
    Знаете што ми е така најкриво и најтажно од се, што се повеќе и повеќе има вакви деца што малтретираат други деца, од времето кога бев јас во училиште, до сега, 50% повеќе насилство има меѓу врсниците во училиштата и надвор од нив, и во наше време имало, ама значително помалце, и се броеле на прсти што се вика, сега ова зема преголем залак, и никој ништо не превзема, што е нај трагично!

    Се полошо и полошо ќе биде, кога немаме како да си ги заштитиме децата, ги воспитуваме дома на убаво однесување, а таму некаде ќе се појави деликвент од дете, што ќе ти го малтретира и твоето! Страв ми е во училиште да ги пуштам, страв ми е во парк да одат.. се ми е страв, баш поради тоа што знам како ги воспитувам, да не налетаат на ваква будала, од која ќе имаат трајни доживотни последици!

    И тогаш јас како родител, а верувам и многу други, кога би се нашле во таква ситуација, не би знаеле како да си го заштитиме сопствено дете од булинг, како да пристапиме кон децата што се извршувачи на тој булинг!?!?!

    Кај нас сите институции креваат раменици, како и секогаш, никој не се замара повеќе од 3 дена, затоа и се случуваат вакви работи, сите работат, а уствари никој не работи.
     
    На Darko90, Лејди Гага, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.205
    Допаѓања:
    14.983
    Да не треба медал да им се даде на сатанчињата и нивните бедни родители? Досега требало да бидат уапсени родителите, и не само тоа, децата да се избркаат од школо, па со завршено 6 одделение кога ќе пораснат нема да имаат егзистенција, толку, крај за нив. И не само ова, детето жртва да тужи и да бара оштета за претрпениот психички стрес и траумите. Племе заостанато во 13 век. И кој е епилогот? Детето жртва учи онлајн, овие гнасите во школо. Па тоа е награда за варваризам и племенство. Има родители што ќе те натераат да се покаеш што си се родил за такво нешто. За такви насилства недалеку од мене едно мирно момче има заклано врсник, оти се собирале 3-те браќа и го тепале од ќеиф на излегување, и го заклал една вечер. Убиецот е сега возрасен човек со семејство, го одлежа, насилникот умрел млад, одамна нема ни коска од него. А браќата?Епа си имаат грижа на совест, поттикнувале тепачки. Диво племе. Само во чопори се силни, а интелигенција нула.
     
    Последна измена: 28 април 2026
    На azelea, Liky, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    230
    Секогаш се булизираат мирните деца.
    Девојчето кое е булизирано треба да му се плати оштета, да има поддршка од самата држава, да работи со добар и посветен психолог.
     
    На Лејди Гага, Panda00, Amelia. и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.603
    Пол:
    Женски
    Не знам Енџи ама сигурна сум и дека многу од тие што се само булис да би биле сведоци како некој е присилен да јаде измет, исто така ќе снимаат и ќе се смеат како другите. Разликата е само што не била нивна идејата. Така да не можам да речам дека ученик кој му се исмева на дете со криви заби, дека е подобар од девојчињава. Штетата е помала вака гледано, ама или сакаш да бидеш нечиј мотив да се осеќа понижено, или не сакаш, без разлика со исмевање за изглед или вакви одвратни дела.

    И не се исклучок вакви деца, баш многу се чести сериозни малтретирања кои само не излегуваат во јавност.
    Физички напад, кинење и соблекување облека, допирање по тело, уценување со слики и видеа се "нормални" по школиве само не се замара никој да пријави. Знам што трпев и од психологот добивав одговор дека мирна сум била, па затоа мене ме пикирале. Знам и куп други што дебело го јаделе на секаков одвратен начин ама исто така, никаде јавно не било објавено.
    Имаше скоро во некое школо дете носело нож во ранец. Јас имав школски што редовно си носеше џебно ноже во ранец, така за чалам пред другаеи нели. Ама ако кажев? Кој ќе ме заштитеше?
     
    На azelea, IRBBB, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    11.421
    Пол:
    Женски
    Преѓе си мислев, отштета да му платат на девојчето и тоа не симболична сума, туку милионски износи. Ама кои закони и судови ги има во оваа држава, па, како одлучуват тие, поарно да ги немаше.
     
    На Panda00, Miss666, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.529
    Допаѓања:
    45.970
    Пол:
    Женски
    Како и да е, поголемиот број од тие сексуални предатори пак не се во затвор. Туку се околу нас или се на телевизија, на позиција, на функција...
    Апсолутно не, не викам дека се помалку булис. И тие што гледале и снимале се подеднакво криви. Ама има нешто интересно кое го имам приметено, тоа е дека тие деца имаат одредена свесност дека е нештото погрешно, сами не би го направиле, ама кога некој друг го прави уживаат во приказот, како на театар. Значи сепак има различни нивоа до кои одат булисот. Не го кажувам ова како оправдување, нормално, туку чисто како опсервација на нивното однесување.
    Иначе да, чести се..во секоја генерација ги има, само сега фала Богу се пријавува и се' е повеќе транспарентно, за разлика од порано. Кој ќе рече дека децава денеес се поразлични, веројатно го лаже меморијата. Дури би рекла дека беше полошо, пошто наставниците и психолозите повеќе си дозволуваа да прават виктим бејминг.
     
    На CameliaMiller и tambelina им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.205
    Допаѓања:
    14.983
    Нека платат двајца- тројца насилници отштета, ќе видиш дали некој ќе се осуди да фрла петарди на дете со аутизам. Не државата да плати, да платат семејствата на насилниците. Да им се наложи сега по судски пат, сите три семејства да исплатат по 20.000 евра, ќе ги видам племенцата што ќе прават. Ама сите запнале на вести, „леле системот, леле психолози ни требаат“. Ви требаат санкции. И тие психолози по школо прават ли нешто воопшто? Не видов еден адвокат јавно да пише дали детето жртва има право на оштета, да тужат, удри го по џеб бе, нека платат добри пари, после ќе се научат.
     
    На azelea, Liky, Panda00 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.635
    Пол:
    Женски
    До кога ќе прифаќаме вина за туѓи НЕдела?
    НЕ,јас не се чувствувам виновна за садистичкото и ненормално понашање на тие дечишта.
    Има институции,има педагози,психолози,социјални работници,обвинители,поправни установи... Имаат родители тие сторители.
    Родители кои треба кривично да одговараат!

    Искрено,се надевам ќе се најде некој способен адвокат,од мајка роден, про боно да го сработи случајот и парично,дебело да ги одере родителите на сторителите.
    На оваа багра од народ освен за пари за друго не ги боли,само мавање по џеб.

    Да му страв на човек дете во школо да пушти.
    Да не даде Бог во ваква ситуација да се најде мое дете,судовите ќе им бидат втор дом.
    Има на сите телевизии да излезам.

    Жртвите да се кријат во глувчешки дупки а насилниците си го тераат животот ко ништо да не било.
    Не ми се верува...
    Како не ги суспендирале од училиште ???
    Од 27 март е случката!
    Каков пример е ова за останатите деца ?!
    Значи насилниците без никакви последици цел месец си одат во училиште, а другите деца треба да стравуваат дека може да им се најдат на мета на истите насилници...

    јас сум шокирана...
    толкаво отсуство на срам...толку одвратни, болни и понижувачки дејствија да вршат деца на 11години ...
    едноставно мојот мозок не може да ја свари девијацијата.
    Екстремно или не,ама на исто рамниште ми се со србскиот дечак убица!

    Се надевам на девојчето ќе му биде пружена потребната помош и поддршка.
    Моето лично искуство е дека траумите никогаш не исчезнуваат,само учиме како да живееме со нив и да не дозволиме да не дефинираат како личност.
     
    Последна измена: 28 април 2026
    На Трагедијаупмм, christinnn, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.205
    Допаѓања:
    14.983
    Каде е солидарноста на родителите? Ако сите бојкотираа настава, досега децата веројатно ќе беа исфрлени од школо и во друго школо ќе имаше бунт да не ги примат. Каде се родителите? Штом не се бунат, значи е ок на дете да му дават измет од куче? Директор оставка, педагози, психолози казни од плата или отказ, и министерката оставка. Родителите во притвор, децата во Бардовци, на жртвата оштета.
     
    На Трагедијаупмм, Bitter-Sweet, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    20.203
    Пол:
    Женски
    Емпатија за створовиве? Никад!

    Дали сметаш дека на нивни години, значи не се 2, не се 5, не се ниту 8, 12 имаат вајда, може и 13, тука негде се, на 12 дали се мали деца кои не се свесни за овој грозоморен чин?
    Па мајку му, ептен треба да си мрднат па да го правиш ова..

    Ова се психопати со тапија, емпатија за психопати да имаме?

    Баш ко шо кажа Гош ликвидација заслужуваат, ама ја би рекла ликвидација комплетно и за тие шо ги створиле овие проклетници.
     
    На andromedae, kim.k, Трагедијаупмм и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    304
    Како може ваков морбиден настан да се толерира?! Ова у најстрашни хорор филмови со мачење неам видено, Хитлер не применувал вакви грозотии. Хитлер е мала маца за психопатките идиотки!!!!
     
    На Лејди Гага, Tanjamm, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    9.805
    Пол:
    Женски
    Да, треба. Дури и да се "психопати со тапија".
    Според оваа логика секој што има психичко растројство треба да биде убиен. Или секој што повредил некого.

    Нас значи не ни требаат психолози, корективни установи, па ни затвори. Само бесилки на плоштад и јавно да се линчуваат.

    Ме потсеќа ова на една друга земја...

    Еве што би направиле вие да е вашето дете тоа што прави булинг или еве и да е само сведок кој гледа од страна и снима?
    И не ми кажувајте дека тоа никогаш не би ви се случило и на вас.
     
    На CameliaMiller, IRBBB и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    20.203
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам, како тргнала работава, не би била против, баш сум за суровост коа станува збор за некој кој повредува друг и му нанесува БОЛКА и СТРАДАЊЕ.
    0 толеранција за нив.

    Би се утепала еве ти кажувам, да си дозволам да растам и воспитувам такво створење што наштетува без око да му трепне.

    Мислиш би го бранела и правдала?
    Ондак и ја и тоа сме забегани.
     
    На Miss666 и Intergalactic им се допаѓа ова.
  19. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    304
    Па психопатија, социопатија, нарцизам се состојби кои не се лечат пошто не се болести туку се оформени изопачени психолошки профили кои се свесни за злото кое го прават, не помага ни психолог ни психијатар тука.
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    9.805
    Пол:
    Женски
    Не е прашањето дали ќе го оправдаш, туку што ќе превземеш.
    Смртта твоја или негова ништо нема да реши и ништо од тоа нема да се научи. Ако не ти и твоето, утре други некои ќе бидат...
    Дали ќе се преиспиташ што е тоа што го насочило детето во погрешна насока? Па да се решава тој проблем . Ако домот не е причина, што е тогаш причината?
    Полесно и побрзо е да се утепа човек отколку да се вложат цел тим и самиот тој во справување со проблемот секој ден, колку време и да треба.

    Иако ретки ама има психопати кои се критични за својот проблем, сакаат да се подобри и одат на психијатар, психолог и работат на себе и се трудат.
    И колку и да се успешни или не, некако функционираат во заедница со други.

    Напредни земји најпрво превенираат, а потоа дури решаваат девијации, ако ги има. И со тек на време се поретки и полесно ги ресоцијализираат.
    Ама цела земја се вложува во таа превенција преку сите релевантни институции и работат со децата и со луѓето и од тие искуства учат на што треба да се внимава за да не се појави несаканото однесување.
    Не ги ликвидираат (facepalm)
     
    На sweet-cherry, Трагедијаупмм, Annath и 5 други им се допаѓа ова.