И ја сфаќам поентата на Космик Грл, за да нема идни Стојанки ,системот мора да работи во детска доба со нив,за да спречи. Овој монструм е производ на татко-милицаец кој го млател синот со каиш, истиот милицаец пред очите на синот ја тепал и жена си. А надлежните институции ,тогаш кога Стојанче бил дете не направиле ништо. Но да ги ставам жртвата и насилниците на исто рамниште не можам,иако се деца. Во конкретниот случај ,степенот на ненормалност ,едноставно ми е премногу ... А уште повеќе ме загрижува отсуството на реакција од страна на надлежните и родителите на насилниците. Тошковски изјави 14лица биле повикани на распит... Што има тошковски да дава изјави во случај со малолетници кои немаат 14год ! Тука треба министер за социјална политика ,јавниот обвинител, тие треба да излезат и да кажат со какви последици ќе се соочат насилниците а и нивните родители. Каква помош ќе и се пружи на жртвата ? Тошковски го пуштиле да дава изјави и да ни мачка очи. А и новинарите , не знам што му стојат на прес со нарачани прашања. Се надевам родителите на девојчето ќе се охрабрат и ќе излезат да проговорат јавно.
Каква глупава споредба Овој е полнолетно лице, додека во другиот случај се работи за деца Тежок случај. Греота за девојчето. Ќерка ми е колку нив и не ми се верува дека на нивни години може да им истекнат вакви садистички методи Децава и не се виновни, родителите се Училиштето исто така, бидејќи очигледно не изреагирало се додека не излезе во јавност. И по којзнае кој пат се покажува дека институцииве ни се ѓон. Сите кои требало да реагираат, спиеле @Cosmi ми е интересна со муабетите да се однесат децата во поправен дом Таму, освен што ќе станат криминалци, друг бенефит нема да видат. Немаме ние во државава воспитно-поправни установи и институции каде што ќе им се посвети внимание на ваквите случаи.
Па и монструмот Стојанче бил дете и сигурно имал вакво слично девијантно однесување и како малолетник,токму поради насилството со кое растел. И пораснал во ова што е денес. А каде да ги сместат на 11-12години? Во затвор не може. Со родителите очигледно е дека не се кадарни. Па од 10 девојчиња ,5 сигурно ќе пораснат во Стојанки ако не се реагира сега.
Од црни хроники https://skopje1.mk/detali-za-monstr...jata-pomala-sestra-a-pred-3-meseci-ja-siluval Немаме ден без нешто да има по медиумите.
Една педа народ во вукојебинава, а толку психопатни злосторници содржани во неа. Не заслужуваме да постоиме! Грозотии живи.
Реков јас дека интитуциите ни се ѓон. И со сегашната состојба, решение нема за ваквите случаи. За жал. Оти, не е решение да се сместат во поправниот дом кој го сугерираше Косми, оти таму само ќе се развијат во поголеми криминалци. А, нам не би требало да ни биде цел да одгледуваме криминалци? За жал, како што реков, не гледам решение на проблемов со сегашната состојба во државава. Ти очигледно не правиш разлика од малолетник до полнолетно лице. Така што.... џабе е секоја дискусија.
Решение се знае, правдата у свои раце ја земаш. Нема како поинаку да постапиш во ова општество. Пак да си бидете емпатични. Ајде сеа и кон силувачот шо бил малолетен, греота е детето Оваа црна Македонија само за пробисветови знае. Оправање нема.