И ја сфаќам поентата на Космик Грл, за да нема идни Стојанки ,системот мора да работи во детска доба со нив,за да спречи. Овој монструм е производ на татко-милицаец кој го млател синот со каиш, истиот милицаец пред очите на синот ја тепал и жена си. А надлежните институции ,тогаш кога Стојанче бил дете не направиле ништо. Но да ги ставам жртвата и насилниците на исто рамниште не можам,иако се деца. Во конкретниот случај ,степенот на ненормалност ,едноставно ми е премногу ... А уште повеќе ме загрижува отсуството на реакција од страна на надлежните и родителите на насилниците. Тошковски изјави 14лица биле повикани на распит... Што има тошковски да дава изјави во случај со малолетници кои немаат 14год ! Тука треба министер за социјална политика ,јавниот обвинител, тие треба да излезат и да кажат со какви последици ќе се соочат насилниците а и нивните родители. Каква помош ќе и се пружи на жртвата ? Тошковски го пуштиле да дава изјави и да ни мачка очи. А и новинарите , не знам што му стојат на прес со нарачани прашања. Се надевам родителите на девојчето ќе се охрабрат и ќе излезат да проговорат јавно.
Каква глупава споредба Овој е полнолетно лице, додека во другиот случај се работи за деца Тежок случај. Греота за девојчето. Ќерка ми е колку нив и не ми се верува дека на нивни години може да им истекнат вакви садистички методи Децава и не се виновни, родителите се Училиштето исто така, бидејќи очигледно не изреагирало се додека не излезе во јавност. И по којзнае кој пат се покажува дека институцииве ни се ѓон. Сите кои требало да реагираат, спиеле @Cosmi ми е интересна со муабетите да се однесат децата во поправен дом Таму, освен што ќе станат криминалци, друг бенефит нема да видат. Немаме ние во државава воспитно-поправни установи и институции каде што ќе им се посвети внимание на ваквите случаи.
Па и монструмот Стојанче бил дете и сигурно имал вакво слично девијантно однесување и како малолетник,токму поради насилството со кое растел. И пораснал во ова што е денес. А каде да ги сместат на 11-12години? Во затвор не може. Со родителите очигледно е дека не се кадарни. Па од 10 девојчиња ,5 сигурно ќе пораснат во Стојанки ако не се реагира сега.
Од црни хроники https://skopje1.mk/detali-za-monstr...jata-pomala-sestra-a-pred-3-meseci-ja-siluval Немаме ден без нешто да има по медиумите.
Една педа народ во вукојебинава, а толку психопатни злосторници содржани во неа. Не заслужуваме да постоиме! Грозотии живи.
Реков јас дека интитуциите ни се ѓон. И со сегашната состојба, решение нема за ваквите случаи. За жал. Оти, не е решение да се сместат во поправниот дом кој го сугерираше Косми, оти таму само ќе се развијат во поголеми криминалци. А, нам не би требало да ни биде цел да одгледуваме криминалци? За жал, како што реков, не гледам решение на проблемов со сегашната состојба во државава. Ти очигледно не правиш разлика од малолетник до полнолетно лице. Така што.... џабе е секоја дискусија.
Решение се знае, правдата у свои раце ја земаш. Нема како поинаку да постапиш во ова општество. Пак да си бидете емпатични. Ајде сеа и кон силувачот шо бил малолетен, греота е детето Оваа црна Македонија само за пробисветови знае. Оправање нема.
Една под друга вест,прво оваа за малолетниот брат кој повеќепати ја силувал 13годишната сестричка. И веднаш под оваа вест,во период од 6години над 600 деца,на возраст под 15години биле жртви на силување,родосквернавење ... Најмалата жртва имала само 3годинки. За толку мала држава мислам дека ова е голема бројка.
Групата од насилнички цел месец по злоставувањето и натаму оди во училиште и се однесува безобразно и силеџиски без грам срам или каење, изјавиле вработени во училиштето за порталот. Се прашувам ,зошто училиштето не ја суспендирало групата насилнички, зошто училиштето не пријавило во цср штом имало сознанија ?! Абе сите сакаат правда ама никој не сака да се бори за неа. Да не излезеше во јавноста случката ќе беше ставена под тепих. И упорно Ѓорче Петров па Ѓорче Петров ,абе кажете основно училиште Мирче Ацев !
Навистина?! Си била во поправниот дом во Волковија? Или демагогии бистриме? На овие деца местото им е само таму. За тоа постои таа институција. И тие веќе се насилници со кривично дело. Ти каде би ги сместила на пр?
Во ваква ситуација директор/ка, кој и да е, според мене треба да лета од работа...па и тие вработени што знаеле, што правеле, пуканки јаделе додека овие ги малтретирале децата низ школо?
Реално треба да се кажат со име и презиме, па нека им биде малку незгодно и малку срам па можеби тогаш ќе си ја чукнат главата шо напраиле. Децата се секогаш онакви какви што ги воспитале или во случајов не ги воспитале. Мама и тато за трофеј ги имаат, да се рече дека дете имаат, и сигурно 5 минути муабет не им имаат посветено.
..вака за многу работи се ќути, оти некој е во некаква релација на некојси *важен* лик. И генерално вакви испрдоци насекаде ги има, ама тој со кебапите сирот. Скапан домат на асфалт сме. Гревови од држава.
Чим се молчело цел месец се деца на функционери, иако чудно до сега што не се дозна кои им се родителите заради кои го држеле во фиока делото, за Васо првиот ден се се дозна. А Панче да не бистри политика и да си даде оставка конечно.
И што очекуваш да се смени со оставката на Тошковски? Не гледам дека нечија оставка донела нешто добро до сега. Чудо големо оставка ако си даде некој. Само ќе се смени марионетата во фотељата. За Васо се дозна бидејќи и Фросина е ќерка на НЕКОЈ. Ама изгледа девојчево жртва нема 'звучни' родители. Еве да знаете дека од правна гледна точка НИКАКВИ санкции нема да има по насилничките. Бидејќи се под 14год ниту во поправен дом не можат да ги стават. Не верувам дека ќе се најде храбар обвинител и судија ,што ќе смени пракса па да ги осуди родителите на казна затвор. Само притисокот од јавноста може да направи промена,но за тоа ќе мора и родителите на жртвата да излезат јавно. Ова сценарио не верувам дека ќе се случи.
Па голема е. Треба да си ги зачешлаат милицајчињата по станиците. Оти секакви лудаци вработуваат и им даваат пиштоли во рака. И сега родителите на жртвата да се кријат од срам и страв оти противниците им се пиштолџии?!