Зошто не тепаш, ако не те тепале? Сметаш дека си добро воспитана и без ќотек? Што уствари сакаш да кажеш. Не сум тепана, не тепам, ама деца треба да се тепаат. Кој, што, зошто, како треба да тепа? Размислувањето ти е баш ко интервјуто со црнецот. Па ќе те прашам, so who's gay?
Не можам со тебе да се расправам.. И ве молам престанете со лични категоризаџии на членови. Темата се дискутира општо. Не лично. Не ме знаеш ниту јас те знам.
Тепање или било каков вид на насилство не може да остане без последици личноста ќе си носи рани кои ќе се одразат деструктивно по самата личност или по другите, нежна е човечката психа пошто е апстрактна и луѓево се стоки не можат тоа да го скапираат но секој удар кон детето, физички, емоционален или психички остава траги.
Ова не е тепање. Ова е изживување што се случува меѓу децава. И не , немаше вакво малтретирање порано. Зошто немаше социјални мрежи, месинџери ,вибери, чатови да препраќаат слики, да ги засрамуваат, омаловажуваат и понижуваат децава кои трпат насилство. Ќе се истепаа машки и после пола саат беа смирени. Бевме во клас 40 деца, не памтам да не сме збореле со некоја соученичка , а не па да ја боксираме, или јавно да ја понижуваме. Растеме егоцентрични, неемпатични деца. И тоа од родители кои мислат дека ќе бидат самоуверени така и никој нема ништо да им може. Последиците се овие.
Да се чудиш што сака да каже господе боже. Стварно досадно ти е чоек. Не ја тепале оти немало потреба. Не тепа оти НЕМА потреба. Твое дете да е во улога на тепач што би презела ти? Монолог ќе си држиш дур него/неа му е во памет кој следен да го шамара? Не ми продавај м**а за бубрези јас не тепам нема шанса мое дете да тепа. Ги имаме видено таквите. И ни е преку таквото од такви родители имено. Моето дете да тепа???? Нема шанса. Па таквите се расправаат и со учителката па учителката му е крива и го мрази детето, па педагогот му е крив оти појма нема колку Максимилијан е добар. Да, добар е. Дома, пред тебе. Надвор не е. Побогу не е, ете. Свашта
Ама каде ги имаш таквите видено? По дома? Тоа ме интересира, како знаеш дека таквото дете не е тепано? Им шпиунираш по дома, како?
Проблемот јас го гледам кај родителите, рибата почнува да смрди од главата. Родителот првин да се преиспита како ги воспитува своите деца, ништо не е розе боја во животот,така да научиме дека дома имаме деца кои треба да ги научат моралните вредности. Голем дел родителите ги оправдуваат своите деца,тие чуваат принцови и принцези дома, тато и мама средуваат се за тоа и сме дошле до тој степен, со деца треба работа и лјубов.
Детето било хоспитализирано на КАРИЛ со тешки повреди . Кој гнев е тоа да избодиш дете со нож... Какво дете е тоа што има порив да избоде друго дете? Овде ни поправен дом не помага.