Зошто не тепаш, ако не те тепале? Сметаш дека си добро воспитана и без ќотек? Што уствари сакаш да кажеш. Не сум тепана, не тепам, ама деца треба да се тепаат. Кој, што, зошто, како треба да тепа? Размислувањето ти е баш ко интервјуто со црнецот. Па ќе те прашам, so who's gay?
Не можам со тебе да се расправам.. И ве молам престанете со лични категоризаџии на членови. Темата се дискутира општо. Не лично. Не ме знаеш ниту јас те знам.
Тепање или било каков вид на насилство не може да остане без последици личноста ќе си носи рани кои ќе се одразат деструктивно по самата личност или по другите, нежна е човечката психа пошто е апстрактна и луѓево се стоки не можат тоа да го скапираат но секој удар кон детето, физички, емоционален или психички остава траги.
Ова не е тепање. Ова е изживување што се случува меѓу децава. И не , немаше вакво малтретирање порано. Зошто немаше социјални мрежи, месинџери ,вибери, чатови да препраќаат слики, да ги засрамуваат, омаловажуваат и понижуваат децава кои трпат насилство. Ќе се истепаа машки и после пола саат беа смирени. Бевме во клас 40 деца, не памтам да не сме збореле со некоја соученичка , а не па да ја боксираме, или јавно да ја понижуваме. Растеме егоцентрични, неемпатични деца. И тоа од родители кои мислат дека ќе бидат самоуверени така и никој нема ништо да им може. Последиците се овие.
Да се чудиш што сака да каже господе боже. Стварно досадно ти е чоек. Не ја тепале оти немало потреба. Не тепа оти НЕМА потреба. Твое дете да е во улога на тепач што би презела ти? Монолог ќе си држиш дур него/неа му е во памет кој следен да го шамара? Не ми продавај м**а за бубрези јас не тепам нема шанса мое дете да тепа. Ги имаме видено таквите. И ни е преку таквото од такви родители имено. Моето дете да тепа???? Нема шанса. Па таквите се расправаат и со учителката па учителката му е крива и го мрази детето, па педагогот му е крив оти појма нема колку Максимилијан е добар. Да, добар е. Дома, пред тебе. Надвор не е. Побогу не е, ете. Свашта
Ама каде ги имаш таквите видено? По дома? Тоа ме интересира, како знаеш дека таквото дете не е тепано? Им шпиунираш по дома, како?
Проблемот јас го гледам кај родителите, рибата почнува да смрди од главата. Родителот првин да се преиспита како ги воспитува своите деца, ништо не е розе боја во животот,така да научиме дека дома имаме деца кои треба да ги научат моралните вредности. Голем дел родителите ги оправдуваат своите деца,тие чуваат принцови и принцези дома, тато и мама средуваат се за тоа и сме дошле до тој степен, со деца треба работа и лјубов.
Детето било хоспитализирано на КАРИЛ со тешки повреди . Кој гнев е тоа да избодиш дете со нож... Какво дете е тоа што има порив да избоде друго дете? Овде ни поправен дом не помага.
Нежно родителство левел идеш дома да се жалиш оти продавачот те васпитал место тие што те окотиле оти си крадел, а овие донаторите на сперма и јајце клетки уште и полиција викнале. Нејсе, кај тие што не се разбираат од збор оти се неподобни да живеат у цивилизација постои институција од затворен вид, али оти по дома си ги чувате и кураж им давате, па ни по една васпитна не им мавате, треба да знаете ако вие не ги васпитате, некој друг ќе ги васпита место вас. Имате среќа у Македонија живеете, тло на грото безќичмењаци, па затоа може да се чаталаите исто као што и психопатчињата ваши што праат. Али ај баш да видиме сеа дали ќе им отворат малолетничко досие или ќе им плати оштета човеков поради претрпен психички стрес.
Во Битола денес маж си ја убил сопругата со нож. Не бе, ова е страшно што се случува во државава. Толку психопати на метар квадратен не знам дали има некаде, не само возрасни туку и деца монструми имаме. Каде грешиме ние не ми е јасно? Не треба да постоиме како држава, или нека дојди некој од надвор да владее и да воведи ред. Ова е бетер од див запад. Упм е сето заминато.
После не требало смртна казна, не се учело од тоа. Не, бе, ѓубрето да го чуваме и така да гледаме. Никој не ни е толку крив колку ние самите што допуштаме лесно да се поминува.
Ова излегува дека подобро е наместо развод, одма да го убиеш копиљето и сите среќни и задоволни. Пошо друг спас од такви не гледам.
Имало вакво малтретирање порано и тоа како, јас лично се сеќавам на неколку ситуации, растена во 80-ти у центру града. И ден денес понекогаш си прераскажуваме, а сите сме магариња и магарици од 45+ години. Наставниците беа шокирани и тотално неподготвени за такви "предизвици", ние децата уште повеќе, родителите исто и бетер. Она што е различно се социјалните мрежи. Денес луѓе објавуваат и колку пати прднале и што замезиле и тотално без никаква контрола или комон сенс се споделува секаква содржина, така и тепањево. Го зборуваме зашто имаме форум, муабетов ќе остане на интернет. Сега можеш сѐ да дознаеш за секого, дури и да се трудиш да не дознаеш. Ти Козми знаеш работи за мене, Абел, бидејќи ги споделуваме. Пред триесет години ние не сме постоеле една за друга ниту анонимно, па имало многу помалку начини да се дознаваат вакви работи. Ама тоа не значи дека не се случувале, напротив. Си учела историја? Знаеш каков ужасен створ е човекот, логори и масовни гробници и ропство не се измислени од марсовци.
А што сакате од корумпирано судство и мвр? Убиецот уште пред да убие знае дека ќе леже максимум 5 години во затвор, и ќе добие помилување година за добро однесување. Фамилијата си ги гледа како оче наш. Во затвор постојано им носат топли оброци, телефони, бакшиш на портир ќе си дадат и пет штеки цигари. Една познаничка имаше случај каде што татко и уби жена пред неколку години. Секој месец оди на посета, не можела да го остави така, татко и бил. Како утре таа жена ќе воспита дете, а има синче и ќерка. Што ќе му каже, зошто дедо скапува во затвор како скот? Зошто е тешко да се откажеш од ваков човек кога тој се откажал од се? Се чудам колку чини еден човечки живот.