Црна хроника

Discussion in 'Политика и настани' started by Ицолгудбејбе, Mar 31, 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,306
    Likes Received:
    15,216
    Да се врати старото правило, бркање од школо, не мора да е задолжително ништо ако не им се учи. Порано така беше. Тука во маало имам еден таков, има 50 години, го избркале од основно, нема ни возачка, ни работа, ни ден стаж, ништо, на маргини. Ако не можеш да се однесуваш цивилизирано, пристојно, не си за во школо. И што да прави Весна? Па јас ли да правам нешто ако Весна не направи? Каде биле наставниците, имало ли дежурен? Кривична требаше да има и за наставници и за родители, еве нема ништо. И Весна го бранеше детето од кое пиштеше цело школо оти на некое друго дете скршило нос, кршело, и кога имаше бојкот, Весна рече да не се преувеличува. Генералната интелигенција знаеме која е, штом едно дете дивее(а ги има многу такви), родителите сигурно му се некои тешки пештерци, и што треба, таквите да уништуваат невини и воспитани? Демек ти да си родител само ќе си молиш и секој ден бандитчиња ќе му кршат нос на твоето дете во школо, ќе го соблекуваат, снимаат, исмејуваат?

    Eднаш ми се случи да отидам во школо кај една директорка, таму една мајка со девојче прваче во раце, плаче и мајката и детето, неколку машки го шутирале девојчето, жената не знае што да прави, бара од директорката да ги викне децата, вети нема да удри или да се дере, само да праша зошто така направиле на нејзината ќерка, и директорката ги бранеше насилниците со муабети „Ама што, тие го трауматизирале твоето дете, а ти сега сакаш да ги трауматизираш нив“. Не е тоа школо, тоа е мачилиште. Директорите и наставниците се исто, партиски и нестручни кадри, клати врата земи плата, мрзливи, неодговорни. Да почнат да фрчат кривични пријави, ќе видам дали така ќе биде.

    Јас покрај мое дете психопати не би сакала, и ако ги има, скапо ќе платат. Дечиштата ако биле интелигентни ќе измислеле изум, нема да се тепаат по школо. На крај на денот глуп е тој што дозволува неговото дете да биде боксерска вреќа.
     
    Last edited: Oct 3, 2026 at 10:35 AM
    MeowMeow likes this.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,306
    Likes Received:
    15,216
    Еве што можела Весна да направи, дознава за настанот, упатува повик утре родителите на насилниците да отидат на задолжителен состанок во школото со неа, однеси им камери, однеси им командир на ПС Кочани да им врачи кривични веднаш, однеси им директор на Центар за социјални работи да се види што понатаму, одземање на деца, сместување во дом, нека ги снимат новинари, нека ги има вечер на сите вести, и чао со нив, нема зошто да се биде фин и нежен со болесници и некое невино прваче да оболува од настрани и манијакални. Еднаш вака да направат, ама секој родител има 10 пати дома детето да си го опомене „Пази што правиш, не мислам да плаќам казни, а по домови ќе се влечеш, да знаеш“ и готово.