Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.317
    Допаѓања:
    15.246
    Да се врати старото правило, бркање од школо, не мора да е задолжително ништо ако не им се учи. Порано така беше. Тука во маало имам еден таков, има 50 години, го избркале од основно, нема ни возачка, ни работа, ни ден стаж, ништо, на маргини. Ако не можеш да се однесуваш цивилизирано, пристојно, не си за во школо. И што да прави Весна? Па јас ли да правам нешто ако Весна не направи? Каде биле наставниците, имало ли дежурен? Кривична требаше да има и за наставници и за родители, еве нема ништо. И Весна го бранеше детето од кое пиштеше цело школо оти на некое друго дете скршило нос, кршело, и кога имаше бојкот, Весна рече да не се преувеличува. Генералната интелигенција знаеме која е, штом едно дете дивее(а ги има многу такви), родителите сигурно му се некои тешки пештерци, и што треба, таквите да уништуваат невини и воспитани? Демек ти да си родител само ќе си молиш и секој ден бандитчиња ќе му кршат нос на твоето дете во школо, ќе го соблекуваат, снимаат, исмејуваат?

    Eднаш ми се случи да отидам во школо кај една директорка, таму една мајка со девојче прваче во раце, плаче и мајката и детето, неколку машки го шутирале девојчето, жената не знае што да прави, бара од директорката да ги викне децата, вети нема да удри или да се дере, само да праша зошто така направиле на нејзината ќерка, и директорката ги бранеше насилниците со муабети „Ама што, тие го трауматизирале твоето дете, а ти сега сакаш да ги трауматизираш нив“. Не е тоа школо, тоа е мачилиште. Директорите и наставниците се исто, партиски и нестручни кадри, клати врата земи плата, мрзливи, неодговорни. Да почнат да фрчат кривични пријави, ќе видам дали така ќе биде.

    Јас покрај мое дете психопати не би сакала, и ако ги има, скапо ќе платат. Дечиштата ако биле интелигентни ќе измислеле изум, нема да се тепаат по школо. На крај на денот глуп е тој што дозволува неговото дете да биде боксерска вреќа.
     
    Последна измена: 3 октомври 2026
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.317
    Допаѓања:
    15.246
    Еве што можела Весна да направи, дознава за настанот, упатува повик утре родителите на насилниците да отидат на задолжителен состанок во школото со неа, однеси им камери, однеси им командир на ПС Кочани да им врачи кривични веднаш, однеси им директор на Центар за социјални работи да се види што понатаму, одземање на деца, сместување во дом, нека ги снимат новинари, нека ги има вечер на сите вести, и чао со нив, нема зошто да се биде фин и нежен со болесници и некое невино прваче да оболува од настрани и манијакални. Еднаш вака да направат, ама секој родител има 10 пати дома детето да си го опомене „Пази што правиш, не мислам да плаќам казни, а по домови ќе се влечеш, да знаеш“ и готово.
     
    На Miss666, WarriorMind, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    25.179
    Какви сè будали цицаат пари од ЕУ и имаат невладини организации. :rofl:Платен активизам. Јас сега детално читам за ова со вакциниве. Ликов што ги дилал има своја невладина за лица со инвалидитет, добивал благодарници, градел имиџ на хуманитарец, фрчат слики со политичари, со градоначалници, па некакви тематски работилници, семинари, умрев од еден пост у кој се вели - Да продолжиме заеднички да градиме општество во кое различностите се прифатени, а достоинството на секое лице е заштитено и почитувано. :drunk:Ова на социјални мрежи, а у реалноста шприцал физиолошки раствор за дебел кеш. Притоа ова им го правел и на луѓе од медицинска фела, овде и ,,стручноста" на истите е дискутабилна. И сите молчеле со години пошто ликов е со ,,репутација". Фиром е за Нетфликс серија.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    4.316
    Пол:
    Женски
    После коментарите на веста за тој што ја силувал сопругата и потоа ја тепал малолетната ќерка.
    Сосем ок прашање на дејт е :Дали сметаш дека силување во брак постои?
    Ако ти одговори НЕ ,па тоа е МОЈА ЖЕНА. БЕГАЈ !
     
    На lovestoneddd, Amellie13, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    16.697
    Пол:
    Женски
    А какви коментари и смајли имаше, ми се гади од овој народ :puke:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    4.316
    Пол:
    Женски
    Јас се запрепастив шо имаше и ЖЕНИ !!!
    Жени... ;( ;(
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.