Љубовта е едно прекрасно чувство без кое сметам дека никој не може да живее. Љубов не е само поврзаноста помеѓу двајца партнери. Љубов е и поврзаноста на мајката со своето чедо, мојата поврзаност со песот, поврзаноста на другар ми со работата... и така натаму. Што претставува за Вас љубовта? Како се "раѓа" во нас? Дали истата може да исчезне еден ден? Сите сме во потрага по "висинска љубов", зарем има и лажна? Познава ли љубовта граници? Према кого чувствувате искрена и "вистинска" љубов? Се надевам на квалитетни мислења и убави дискусии Spoiler Знам дека има веќе една тема "Љубов е...?" Но таа е за слики и сметам дека не е ни приближно слична со оваа. Доколку е дупла нека иде слободно во канта и секако нека биде преместена доколку не е за во овој подфорум
Да можеше да се опише што е љубов, многу луѓе ќе можеа да ја препознаат пред да ја пропуштат.. изгубат..игнорираат... А сепак сметам дека тоа е чувство што не се опишува, нераскинлива и безусловна врска меѓу тој што сака и тој што е сакан... Можеби некој ќе рече (имам примери од минатото) дека не е безусловна..но дали е тогаш љубов во прашање? Се раѓа кога најмалку очекуваш, кога не си подготвен...барем во моите случаи Вистинска љубов кон кого чувствувам хммм..освен кон родителите..не знам баш..таа ми е најсилна и преовладува..безусловна е и без оглед на се, никогаш нема да исчезне.. Но сепак..во мојов живот постојат повеќе категории на љубов па така следната на список ми е кон 2 девојки во моето окружување, моите "сестрички" ... иако безусловно си се сакаме, свесни сме дека утре не знаеме што носи.. Друга категорија, љубовта кон мојата работа ме исполнува, ме прави да се чувствувам вредна..што повеќе може една жена да посака Љубовта кон Евелина прцул мал, ја сакам од тука до небото и назад Се друго е пролазно..некаква наклонетост, сакање...ама љубов не би рекла Според мене не постои лажна љубов Љубовта е љубов, се останато е некој вид наклонетост..сакање на нештото..не љубење Сега ќе се јават филозофите и ќе ме потепаат со контра-мислења и вас ве сакам де
Љубооов ! Чувство кое не се опишува со зборови ама никако! Колку и да си начитан и образован не се наоѓаат зборови да опишеш како се чувствуваш кога ќе го видиш... Најстрашна љубов е таа што боли...Кога не можеш да бидеш со него од било која причина. Ни таа болка не се опишува со зборови. Ееех љубов..според мене се случува еднаш и тоа е тоа. А ако пак тој еден пат не успеал, се друго понатака е само помирување со судбината..и борба
Се повеќе и повеќе гледам како за луѓето зборот љубов го губи значењето. Но да не збориме сега за тоа. Љубовта за мене е нај чистото и најубавото нешто што постои во нашите животи. Љубовта ја сметам како еден начин на споделба помеѓу луѓето. Љубовта нема граници. Само ние забораваме да ја шириме и да ја цениме. Љубовта не е за секој. Со омразата што ја имаат луѓето не можат да научат што значи љубовта. Треба сите да се сакаме и да споделуваме. Е тоа е според мене вистинска љубов.
Само мала исправка, ако не се лутиш/ Љубовта е за секој. Само не сите ја добиле секогаш и затоа има некои што чувтвуваат повеќе омраза отколку љубов. Но, затоа сме тука да им помогнеме.
Да ,но баш тие што не ја добиле треба тоа да им биде лекција за да ја споделуваат со други..од омразата не се добива ништо. И се сложувам дека треба да им помагаме.
Тие што не ја добиле немаат што да споделат. Само тие што ја добиле можат да ја споделуваат, затоа што знаат за што се работи.
What is love? Baby don't hurt me, don't hurt me, no more. Љубов не може да се опише, може само да се почувствува. Инаку, многу често сме во заблуда околу вистинското дефинирање, вистинскиот опис. Мислев дека знаев и порано, но на мои 22 години научив што навистина е љубов.
Интересна и занимлива тема. По мое мислење најсигурна и вистинска љубов е кога се сакам сама себеси. И во повеќе случаи мајчинската љубов е вистинска. Другото се е пролазно. Родителите ги сакаме, но умираат и со тоа и љубовта згаснува полека, вистина е дека се присетуваме на нив, но КОГА? Тоа е најчесто кога ни треба совет, подршка или мајчиното крило за плачење ( нели таа не разбираше за се, ни ги криеше грешките и се обидуваше и таа да најде решение што е најдобро за нас). Шо значи ќе се присетуваме само на празници и кога имаме проблеми. Ние како деца имаме родител кој ги сакаме повеќе, но сигурно го сакаме зашто повеќе попушта, шо би се рекло до некаде од интерес. Во тинајџерските години следува и една доза мразење на родителите за забраните што ги добиваме и љубовта не иде до израз. Сваќаме дека ги сакаме родителите тогаш кога ќе тргнеме по другата етапа на животот, кога се разделувамр од нив и се трудиме да оформиме наше мало семејство. Е тогаш станува се покасно и покасно за на крај во нашите срца да има само каење за она што не сме го стотиле за родителите и за ЉУБОВТА КОЈА НЕ СМЕ ИМ ЈА ПРУЖЕЛЕ , а сме можеле. И кон животните исто љубовта е пролазна, од кога ке умре нема ни да ти текне за него, НЕЛИ животно е. И сега последно а важно е љубовта кон партнерот. Во овој вид треба многу да се внимава , зашто некогаш последиците скапо ги плаќаме, а во некои случаи се и фатални. Има и само лажговци, има и од двете страни, не само од машка страна. За да знаеш дали те сака треба да си добар како психолог. Ако мислиш нон стоп кон 'љубениот' - тоа не е љубов , тоа е опседнатост и преминува во љубомора. Па ако често се карате, тоа е слаба љубов ( најчеста причина за подолго траење на оваа врска е сексот) шо значи дека сепак не се работи за вистинска љубов. Ситници за кавга има на секој чекор, ама ние мислиме - па добро ми е со него, ќе му се вратам, го сакам. Тоа и не е љубов кон човекот, туку кон неговиот начин на манипулација. Онаа љубов што ние ја сметаме вистинска, е кога наоѓаме партнер кој е успешен во одредени полиња, кој е приземен, со кој имаме потенцијал да оформиме среќно семејство,што не секогаш е среќно, некогаш е проследено со развод, покрај долгогодишниот труд. По мое мислење, се треба да биде во умерена доза. Животот е таков, затоа најважно е да се сакаш себеси, да не дозволиш поради 'љубов' исмејување ипонижување. Наоѓаш партнер кој мислиш дека го сакаш, оформувате семејство, и детето ви ја краде таа љубов, значи сега се фокусираш на детето и цела љубов му ја даваш нему и тогаш сваќаш дека мајка ти те сакала. Сакаш да поминуваш време со неа но немаш доволно. Гледаш како детето ти расте, и тоа како ти , нема време за тебе, поминуваат годините, остаруваш или со партнер или сама или во старачки дом, без љубов . Живејте го животот како ви годи, не ги преоптеретувајте срцето и умот и сакајте се себеси, во тешки моменти самите на себе сме препуштени. Толку од мене се надевам не е мн опширно
И да си докажам заборавив за другарството. И таа љубов со тека на време згаснува, поради Х причини и околности. Истото може да биде од интерес и вистинско. Сепак јас знам која како ме сака, па така и враќам. Ценам верност и вистина, затоа имам само еден другар, имам и симпатии со кои мислам да го проширам бројот. Тие симпатии може и да се препознаат l:
Во врска со животните...што знам...јас израснав со куче и еве веќе доста време помина откако умре, ама уште ми фали и тоа премногу и си го спомнувам во разговори, и си се сеќавам на него, гледам слики така да еве мене не ми помина и знам дека никогаш нема да го заборавам ама тоа сум јас, секој еден од нас е различен
Јас не сум баш романтична, ама секогаш на прашањево ми иде во глава една „дефиниција“ што ја прочитав негде по ФБ уште пред години, кога беа актуелни оние странине каде можеш да пишеш и лајкнеш статус у стил “Даре е најголем педер“ или “Сите што јадеме кифла со крем и јогурт“... Ова гласеше „Љубов е кога двајца педери се бањаат во када, едниот прди, а другиот му ги бацува меурчињата.“ Толку. Од тој ден, тоа е безусловна љубов за мене. Поозбилна и појасна дефиниција ќе имам ваљда кога 100% ќе се заљубам.
Мојата нераскинлива и безгранична љубов кон другарка ми, другарство кое трае речиси целиот наш живот. Љубовта кон вујко ми. Љубовта кон животните, особено кучињата. Љубовта кон дефектологијата, психијатријата, психологијата. Не би знаела да го опишам ова чувство, се гледа кога би ме виделе со другарка ми/вујко ми, со некое животно или како со страст говорам за дефектологијата и дечињата со посебни потреби. П.С Љубав је кад ти срце дрнда.
Po moe ljubovta oc me ni postoi.... toa ti e navika koga si nn stop so nekoj se naviknuvas na nego, sekoj den go baras.... inace ako ne go gledas..zaboravas odnosno vremeto leci se. Toa e moe mislenje Ps: ljubovta kon semejstvoto e nesto sosema drugo
Љубов сум си јас самата Љубов сме јас и тој Кога ќе го гушнам и мислам целиот свет е мој, кога се лепам до неговите најмеки образи, кога и да помислам на него ми доаѓа топло на душата, кога паѓам а тој ми подава рака ....... Љубовта кон мајка ми и татко ми. Не можам да најдам баш зборови што ќе доловат, не се опишува љубовта туку се чувствува.