Што е љубов?

Дискусија во 'Психологија' започната од КикиМаус, 15 јануари 2017.

  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.593
    Љубовта е едно прекрасно чувство без кое сметам дека никој не може да живее.
    Љубов не е само поврзаноста помеѓу двајца партнери.
    Љубов е и поврзаноста на мајката со своето чедо, мојата поврзаност со песот, поврзаноста на другар ми со работата... и така натаму.

    Што претставува за Вас љубовта?
    Како се "раѓа" во нас?
    Дали истата може да исчезне еден ден?
    Сите сме во потрага по "висинска љубов", зарем има и лажна?
    Познава ли љубовта граници?
    Према кого чувствувате искрена и "вистинска" љубов?

    Се надевам на квалитетни мислења и убави дискусии :)

    Знам дека има веќе една тема "Љубов е...?" Но таа е за слики и сметам дека не е ни приближно слична со оваа. Доколку е дупла нека иде слободно во канта и секако нека биде преместена доколку не е за во овој подфорум
     
    Последна измена: 15 јануари 2017
    На fallenangel, Bender Rodriguez, sj *O* и 17 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    29.743
    Пол:
    Женски
    Единствена, безусловна, искрена и нераскинлива љубов е само помеѓу мајка и чедо, друго се е минливо.
     
    На ❤ Lollipop90 ❤, galapce, Wahnsinn и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    136.837
    Да можеше да се опише што е љубов, многу луѓе ќе можеа да ја препознаат пред да ја пропуштат.. изгубат..игнорираат...
    А сепак сметам дека тоа е чувство што не се опишува, нераскинлива и безусловна врска меѓу тој што сака и тој што е сакан...
    Можеби некој ќе рече (имам примери од минатото) дека не е безусловна..но дали е тогаш љубов во прашање?
    Се раѓа кога најмалку очекуваш, кога не си подготвен...барем во моите случаи:lol:
    Вистинска љубов кон кого чувствувам хммм..освен кон родителите..не знам баш..таа ми е најсилна и преовладува..безусловна е и без оглед на се, никогаш нема да исчезне..

    Но сепак..во мојов живот постојат повеќе категории на љубов па така следната на список ми е кон 2 девојки во моето окружување, моите "сестрички" ...:hug: иако безусловно си се сакаме, свесни сме дека утре не знаеме што носи..
    Друга категорија, љубовта кон мојата работа:lol: ме исполнува, ме прави да се чувствувам вредна..што повеќе може една жена да посака:D:D:D
    Љубовта кон Евелина:l: прцул мал, ја сакам од тука до небото и назад:hug:
    Се друго е пролазно..некаква наклонетост, сакање...ама љубов не би рекла:?:
    Според мене не постои лажна љубов:l: Љубовта е љубов, се останато е некој вид наклонетост..сакање на нештото..не љубење:l:

    Сега ќе се јават филозофите и ќе ме потепаат со контра-мислења:wasntme: и вас ве сакам де:inlove:
     
    На galapce, Arthur, anichka94 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.092
    Според бугарките љубовта ја измислиле комунистите за бесплатно да дојдат до путка
     
    На fallenangel, Prijatelot, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  5. MsMayaM

    MsMayaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    112
    Љубооов ! Чувство кое не се опишува со зборови ама никако! Колку и да си начитан и образован не се наоѓаат зборови да опишеш како се чувствуваш кога ќе го видиш... Најстрашна љубов е таа што боли...Кога не можеш да бидеш со него од било која причина. Ни таа болка не се опишува со зборови. Ееех љубов..според мене се случува еднаш и тоа е тоа. А ако пак тој еден пат не успеал, се друго понатака е само помирување со судбината..и борба :)

    :l::l::l::l::l::l::l::l::l::l:
     
    На theowndemon и КикиМаус им се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Се повеќе и повеќе гледам како за луѓето зборот љубов го губи значењето. Но да не збориме сега за тоа.
    Љубовта за мене е нај чистото и најубавото нешто што постои во нашите животи. Љубовта ја сметам како еден начин на споделба помеѓу луѓето. Љубовта нема граници. Само ние забораваме да ја шириме и да ја цениме. Љубовта не е за секој. Со омразата што ја имаат луѓето не можат да научат што значи љубовта. Треба сите да се сакаме и да споделуваме. Е тоа е според мене вистинска љубов. :l:
     
    На theowndemon и КикиМаус им се допаѓа ова.
  7. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    4.377
    Само мала исправка, ако не се лутиш/ Љубовта е за секој. Само не сите ја добиле секогаш и затоа има некои што чувтвуваат повеќе омраза отколку љубов. Но, затоа сме тука да им помогнеме.
     
    На sj *O*, theowndemon, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Да ,но баш тие што не ја добиле треба тоа да им биде лекција за да ја споделуваат со други..од омразата не се добива ништо. И се сложувам дека треба да им помагаме.
     
    На theowndemon, КикиМаус и doubleg им се допаѓа ова.
  9. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    4.377
    Тие што не ја добиле немаат што да споделат. Само тие што ја добиле можат да ја споделуваат, затоа што знаат за што се работи.
     
    На theowndemon и КикиМаус им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.360
    Пол:
    Женски
    What is love?
    Baby don't hurt me, don't hurt me, no more. :D

    Љубов не може да се опише, може само да се почувствува. Инаку, многу често сме во заблуда околу вистинското дефинирање, вистинскиот опис. Мислев дека знаев и порано, но на мои 22 години научив што навистина е љубов. :)
     
    На fallenangel, Arthur, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  11. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.526
    Интересна и занимлива тема:nod:. По мое мислење најсигурна и вистинска љубов е кога се сакам сама себеси. :!: И во повеќе случаи мајчинската љубов е вистинска. Другото се е пролазно. Родителите ги сакаме, но умираат и со тоа и љубовта згаснува полека, вистина е дека се присетуваме на нив, но КОГА? Тоа е најчесто кога ни треба совет, подршка или мајчиното крило за плачење ( нели таа не разбираше за се, ни ги криеше грешките и се обидуваше и таа да најде решение што е најдобро за нас). Шо значи ќе се присетуваме само на празници и кога имаме проблеми.
    Ние како деца имаме родител кој ги сакаме повеќе, но сигурно го сакаме зашто повеќе попушта, шо би се рекло до некаде од интерес. Во тинајџерските години следува и една доза мразење на родителите за забраните што ги добиваме и љубовта не иде до израз.
    Сваќаме дека ги сакаме родителите тогаш кога ќе тргнеме по другата етапа на животот, кога се разделувамр од нив и се трудиме да оформиме наше мало семејство. Е тогаш станува се покасно и покасно за на крај во нашите срца да има само каење за она што не сме го стотиле за родителите и за ЉУБОВТА КОЈА НЕ СМЕ ИМ ЈА ПРУЖЕЛЕ , а сме можеле.
    И кон животните исто љубовта е пролазна, од кога ке умре нема ни да ти текне за него, НЕЛИ животно е.
    И сега последно а важно е љубовта кон партнерот. Во овој вид треба многу да се внимава , зашто некогаш последиците скапо ги плаќаме, :!: а во некои случаи се и фатални. Има и само лажговци, има и од двете страни, не само од машка страна. За да знаеш дали те сака треба да си добар како психолог. Ако мислиш нон стоп кон 'љубениот' - тоа не е љубов , тоа е опседнатост и преминува во љубомора.
    Па ако често се карате, тоа е слаба љубов ( :!: најчеста причина за подолго траење на оваа врска е сексот) шо значи дека сепак не се работи за вистинска љубов. Ситници за кавга има на секој чекор, ама ние мислиме - па добро ми е со него, ќе му се вратам, го сакам. Тоа и не е љубов кон човекот, туку кон неговиот начин на манипулација.
    Онаа љубов што ние ја сметаме вистинска, е кога наоѓаме партнер кој е успешен во одредени полиња, кој е приземен, со кој имаме потенцијал да оформиме среќно семејство,што не секогаш е среќно, некогаш е проследено со развод, покрај долгогодишниот труд.

    По мое мислење, се треба да биде во умерена доза.
    Животот е таков, затоа најважно е да се сакаш себеси, да не дозволиш поради 'љубов' исмејување ипонижување.
    Наоѓаш партнер кој мислиш дека го сакаш, оформувате семејство, и детето ви ја краде таа љубов, значи сега се фокусираш на детето и цела љубов му ја даваш нему :!::!: и тогаш сваќаш дека мајка ти те сакала. Сакаш да поминуваш време со неа но немаш доволно. Гледаш како детето ти расте, и тоа како ти , нема време за тебе, поминуваат годините, остаруваш или со партнер или сама или во старачки дом, без љубов |(.
    Живејте го животот како ви годи, не ги преоптеретувајте срцето и умот и сакајте се себеси, во тешки моменти самите на себе сме препуштени. Толку од мене 8) се надевам не е мн опширно :lol:
     
    На Arthur, Ketchup, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  12. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.526
    И да си докажам заборавив за другарството. И таа љубов со тека на време згаснува, поради Х причини и околности. Истото може да биде од интерес и вистинско. Сепак јас знам која како ме сака, па така и враќам. Ценам верност и вистина, затоа имам само еден другар, имам и симпатии со кои мислам да го проширам бројот. Тие симпатии може и да се препознаат :lol::*:l:
     
    На Arthur, theowndemon, Aleksandar1212 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    104
    Во врска со животните...што знам...јас израснав со куче и еве веќе доста време помина откако умре, ама уште ми фали и тоа премногу и си го спомнувам во разговори, и си се сеќавам на него, гледам слики :) така да еве мене не ми помина и знам дека никогаш нема да го заборавам ама тоа сум јас, секој еден од нас е различен :)
     
    На theowndemon, doubleg, smb asr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.526
    Секој има своја перспектива, а некои се и пречувствителни што од една страна е добро ;)
     
    На theowndemon и Safira26 им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    15.769
    Пол:
    Женски
    Јас не сум баш романтична, ама секогаш на прашањево ми иде во глава една „дефиниција“ што ја прочитав негде по ФБ уште пред години, кога беа актуелни оние странине каде можеш да пишеш и лајкнеш статус у стил “Даре е најголем педер“ или “Сите што јадеме кифла со крем и јогурт“...
    Ова гласеше „Љубов е кога двајца педери се бањаат во када, едниот прди, а другиот му ги бацува меурчињата.“
    Толку. Од тој ден, тоа е безусловна љубов за мене. :D

    Поозбилна и појасна дефиниција ќе имам ваљда кога 100% ќе се заљубам. :D
     
    На Arthur, Bender Rodriguez, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  16. MsMayaM

    MsMayaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    112
    Еве ви chill малце ... за со љубовта :P:*::l:

     
    На theowndemon и КикиМаус им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    4.082
    Мојата нераскинлива и безгранична љубов кон другарка ми, другарство кое трае речиси целиот наш живот.
    Љубовта кон вујко ми.
    Љубовта кон животните, особено кучињата.
    Љубовта кон дефектологијата, психијатријата, психологијата.

    Не би знаела да го опишам ова чувство, се гледа кога би ме виделе со другарка ми/вујко ми, со некое животно или како со страст говорам за дефектологијата и дечињата со посебни потреби.

    П.С Љубав је кад ти срце дрнда. :D
     
    На Arthur, Ketchup, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Po moe ljubovta oc me ni postoi.... toa ti e navika koga si nn stop so nekoj se naviknuvas na nego, sekoj den go baras.... inace ako ne go gledas..zaboravas odnosno vremeto leci se. Toa e moe mislenje8)

    Ps: ljubovta kon semejstvoto e nesto sosema drugo:l:
     
    На Arthur и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    397
    почит, грижа, страст
     
    На fallenangel, Arthur и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Љубов сум си јас самата:)
    Љубов сме јас и тој :inlove:
    Кога ќе го гушнам и мислам целиот свет е мој, кога се лепам до неговите најмеки образи, кога и да помислам на него ми доаѓа топло на душата, кога паѓам а тој ми подава рака .......
    Љубовта кон мајка ми и татко ми.
    Не можам да најдам баш зборови што ќе доловат, не се опишува љубовта туку се чувствува.:)
     
    На Arthur, theowndemon, Згодно Момче и 1 друга личност им се допаѓа ова.