Женски што би ми препорачале за користење, косата сега ја скратив, боб но тоа бара почесто фенирање, па да ми дадете предлог што да користам за заштита, освен спрејот за заштита од топлина!? Фарбана ми е косата, многу опадната пост породилно, и тенка. Склока кон кинење и суви врвови.
Мене ова ми се допаѓа за врвови. Јас имам подолга коса и нанесувам на пола од должината после фенирање. Кај пократка коса може и само на врвови, убав сјај дава.
Еве мое искуство со нив . Прво почнувам со омилената линија Genesis 1. Шампонот совршен ! Не ми ја масти косата , ја згуснува , не ми опаѓа премногу 10/10 2. Спрејот Genesis - исто одличен , штити од топлина , мириса совршено , косата свила после него 9/10 3. Серумот Genesis - незнам кој под ред ми е , косата навистина ја згуснува и имам премногу нова коса но сметам дека не е од помош за силно опаѓање , според мене полесен облик или пример сезонско . 9/10 4. Resistance серумот - искрено ништо посебно не приметив 5/10 5. Resistance маска - ужас , тешка , едвај ја потрошив никако не ја препорачувам . Дрогериски има сто пати подобри 2/10 6. Resistance кремата - добра е , штити од топлина , за пред фенирање и пеглање е одлична но ништо специјално за пак да ја купам има и подобри производи 7/10 7. Ноќниот серум- стварно е совршен , мирис , негува , некако осеќам дека косата ми е појака 8.5/10 8. Маска Nitritive - иако слушав дека е многу добра за мене не е . Ништо специјално , Garnier Hair Food маските повеќе ми ја негуваат косата 4/10
Јас од шампонот и капките сум презадоволна, а од маската не! Ништо посебно, ја заменив со Лореал портокаловата и топ се покажа, а е 450 денари за разлика од Керастасот маската што е 80 евра!!!
Kerastase e бренд на Лореал групација, многу од производите ги има како dupe под Лореал брендот. Баш пред некој ден гледав на тикток споредуваа некој серум на kerastase со еден друг производ од Лореал за раст на коса. Не се 100% исти по состав, но даваат ист ефект демек за помалку пари.
Треба да ги погодиш производите, не одговара се за секоја коса. Имам користено скоро се од Керастас, кога бев плава ја користев линијата Blond absolu и ми беше супер, исто кога имав ммогу сува коса bain therapiste ми одговараше. Од Genesis од цела линија бев најзадоволна, супер е за тенко влакно и коса што опаѓа. Бев толку задоволна што и шампонот од 1 литар го купував.
Јас прв пат купив од тие што се со црвено капаче (nutritive) и не дека не бев задоволна, ама не ми беа ништо посебно. После некое време го направив тестот што е на нивната страна, има прашања за косата, пополнив најточно што можам и ми даде препорака кои производи да ги земам. Земав шампон и регенератор од линијата Genesis и презадоволна сум. Не планирам да ги сменам во скоро време. Меѓу другото, нема шампон што толку долго мириса. Дури и кога ќе ми се измрси, уште ми мириса косата убаво пошто многу ја чепкам косата, рацете на шампонот ми мирисаат https://www.kerastase-usa.com/hair-...oUJTOGgZNGcBAh6YacJX8iBma-NfyM-h6dhJZ_NHH8-T5
Овие 3 производи ги имам моментално. Не дека имаат некаков контра ефект, но не гледам апсолутно никакво подобрување. Мојата коса е бланширана и сува, очекував блага хидратација, сјај и од серумот на пример да изгледа помазна. Обични силиконски капки на пример подобро ми ја прибираат косата. Спрејот ми помага за расчешлување, а за заштита од топлина што знам, ништо посебно. Шампонот исто просечен. Инаку мирисаат преубаво. Ако имате некоја препорака за ваков тип на коса, чекаммм
И јас не сум задоволна од Керастас. Купив шампони 3-4 пати од нив и немаше некоја разлика. А моја пријателка се жали од нивниот серум за раст или против опаѓање на коса, не го бивало.