Женски што би ми препорачале за користење, косата сега ја скратив, боб но тоа бара почесто фенирање, па да ми дадете предлог што да користам за заштита, освен спрејот за заштита од топлина!? Фарбана ми е косата, многу опадната пост породилно, и тенка. Склока кон кинење и суви врвови.
Мене ова ми се допаѓа за врвови. Јас имам подолга коса и нанесувам на пола од должината после фенирање. Кај пократка коса може и само на врвови, убав сјај дава.
Еве мое искуство со нив . Прво почнувам со омилената линија Genesis 1. Шампонот совршен ! Не ми ја масти косата , ја згуснува , не ми опаѓа премногу 10/10 2. Спрејот Genesis - исто одличен , штити од топлина , мириса совршено , косата свила после него 9/10 3. Серумот Genesis - незнам кој под ред ми е , косата навистина ја згуснува и имам премногу нова коса но сметам дека не е од помош за силно опаѓање , според мене полесен облик или пример сезонско . 9/10 4. Resistance серумот - искрено ништо посебно не приметив 5/10 5. Resistance маска - ужас , тешка , едвај ја потрошив никако не ја препорачувам . Дрогериски има сто пати подобри 2/10 6. Resistance кремата - добра е , штити од топлина , за пред фенирање и пеглање е одлична но ништо специјално за пак да ја купам има и подобри производи 7/10 7. Ноќниот серум- стварно е совршен , мирис , негува , некако осеќам дека косата ми е појака 8.5/10 8. Маска Nitritive - иако слушав дека е многу добра за мене не е . Ништо специјално , Garnier Hair Food маските повеќе ми ја негуваат косата 4/10