Не баш, само дур ја користиш, и дур не ти упие. Не е онака да се задржи и облеката да поприми. Мирисот ко мирис си е сладок и убав, ми се свиѓа. Леле значи таа новата пчеличка има и светки? Остануваат светките на телото?[/QUOTE] Да, некое време остануваат, не за долго ама се приметуваат. Пробај го, не е гребе ко обичната, ама па зашо да не се проба. Повише ко путер функционира.
Дали на некој му се има десено супер милк за коса почна да ми тече од страна кога ќе прскам не знам зошто?
Да, затнат е маханизамот за прскање. Густи е спрејот. Отвори, извади полека од делови што може да се вади и измиј убаво со топла вода. Јас со чачкалица и низ малите дупчиња чистев што можев
Најомилен производ ми е лосионот Слипи, гледам малку го поскапиле. Сега имам маслена плочка исто со лаванда ама не знам назив, подарок ми е и преубава богато хидратантна.
Стигнаа Вака, мирисот е интересен, мириса повеќе на Super milk и некоја блага нота , ми мириса ванилест на моменти, на Snow fairy мириса можеби ептен малку. Интересен мирис сепак. Ќе видиме каков е со трајност. Шампонот сув е супер , сега ова вечно ќе ми трае Ултрабленд чистачот, класика вади шминка одлично. Кремава за раце некако е многу лајт, за многу суви раце не е. Ја очекував по густа. Ќе пишам мислење за парфемот по некое време
А дали некоја го има пробано третманот за опаѓање на коса Roots? Многу ми паѓа овој период косата, гледам добри рецензии има.
Женски, ве молам сите постови поврзани со парфемите и спрејовите за тело на Lush постирајте ги во темата што ја отворивме токму за нив: https://forum.femina.mk/threads/Парфеми-и-спрејови-за-тело-на-lush.29555/ Далеку попрегледно е така и за дискусија и за скролање низ предлози. И веќе кога ја имаме отворено темата, нека се полни со мислења за парфеми и спрејови, оваа нека си остане за козметиката. Фала многу.
Не е подобро да се споат овие две теми? Мислам стварно нема потреба пошто производиве од лаш идат едно со друго. Самите мириси се повторуваат низ производите и нема потреба да ги делиме по теми. Баш вака е понепрегледно зашто треба да бараме низ две теми. А коа купуваме производи, не купуваме едно, па ајде за ова ќе пишам во една па за она во друга тема.
А зошто е толку голем проблем да се напише во другата тема? Неколку години постои темата во секцијата Парфеми, @koritsaki темата ја отворила со причина и убаво е да си тече дискусијата за тие продукти таму. Јас не мислам дека овде е попрегледно, баш напротив.
Јас го имам пробано и ме има спасено. Плус многу коса нова ми порасна. Топла препорака. Јас до сега три кутии имам потрошено, четврта користам
Приметив. Затоа и напишав потсетување, мислам дека нема ништо страшно да се пишува таму за парфеми и спрејови, како што патем се правело од 2018-та навака. Не мора сè да биде изнатрупано во една тема и жаби и баби. Стварно е непрегледно. Вака отвораш во темата и само тоа си е. Имаме мал милион брендови кои сме ги цепкале низ теми и не гледам апсолутно никаков проблем во тоа, си функционираат супер.
Па не е изнатрупано се. Таман си е темата е за Lush и си стои се на едно место. На две различни теми да се пишува за Lush е понепрегледно отколку на една.
Не се пишува истото во двете теми. Едната за парфеми и спрејови, која патем скоро десет години постои, а оваа за сите други работи. Го имаме скроз истиот принцип и кај други теми и брендови, ама баш за Лаш, проблем, немало поента. Не ве разбирам што е проблемот. Еден екстра клик што ќе има, одма проблем, не одговара, немало поента. Темата за парфеми е пинувана, ќе си стои секогаш на врвот кога ќе отворите во Парфеми и замолувам мислењата да одат таму. Толку имам да кажам за ова, слободно продолжете си со дискусијата.
Па никаде не пишав за некаков голем проблем, само се надоврзав со мое мислење и притоа го дообјаснив зошто мислам така Не дека еден клик е проблем или немало поента, него едноставно некогаш муабетот сам се надоврзува и сам си тече пошто производите се така поврзани по мириси или слични мирисни ноти. Пример пилингот скраби има исти мирис ко спрејот за тело Honey I Washed The Kids, регенераторот за тело Ro's Argan има исти мирис ко спрејот Rose Jam...итн И пример коа ќе прашаш за мислење за спрејот Rоse Jam, може никој не го користел да ти каже како мириса, ама некој што има регенератор за тело ќе ти рече: еј добар е, нема типичен мирис на рози бла бла... Исто и се надовразуваме за кој путер за тело иде со кој спреј како layering Мислам, ама ова баш не е баби и жаби Го читав по нет дека е предобар за нова коса, ама мене ми направи првут така да @kristina.k пробај прво со тестер. Да не решаваш еден проблем додека правиш друг
Можеш да побараш тестерче на штанд да ти дадат, инаку јас имав проблем со хормоните откако се породив и преемногу коса изгубив, цела бев со дупки во главата. За помалку од месец ми израсна нова коса, еве скоро година како го користам ми се има згуснато и не ми паѓа во споредба со тоа колку ми паѓаше. Но после користење на едно кутивче, правев пауза од месец-месец ипол, па зимав ново. Сега ми е во план да направам подолга пауза бидејќи ми порасна доста. Исто така, и доста поголема количина ставав и го оставав околу час/ половина час пред да ја измијам косата.