Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

LUSH

Дискусија во 'Тело' започната од CoverGirl10, 29 мај 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    6.564
    @carly j Од Скопје сум. Не ми се јавија денес, ако се јават утре имам едно дуќанче во комшии ќе им речам таму да го остават пакетот ако не. :D Значи ТПЛ побрзи биле од ЕЛС.

    @theunforgiven Squeak е супер. Јас додуше се на тестери го зимам, не можам да се одлучам да го купам. За мирисот, не можам да се решам како ми мириса, али ок е, ама мислам Big дека поубаво мириса, само што тој ужас ја прави косата. :D Единствено зашто не сум го земала до сега е зошто приметив дека ми ја електризира косата, не знам зошто... Инаку вака е премека, нежна, волумен, се има.

    За Dirty, јас сум заљубена во тој мирис, гелот само им го немам мириснато, иначе ги користев таблетите за заби, ама и спрејот за тело и парфемот мирисаат супер, нешто поразлично од сладуњавите парфеми на Лаш.

    Што си нарача друго? :D
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    2.943

    На прашок за перење бели алишта, како Biljana, така ми иде мирисот на Squeak.

    Минт, и јас го сакам тој мирис. Ќе го имам опција за парфем. Не знам дали има спреј за тело, ме мрзи да проверувам сега. Да, не е како „стандард“ LUSH, точно.

    А за новите работи шо ги нарачав, па... Не би да откривам сега :))))) Секако ќе пишам тука „рецензија“. Чудно ми е што едното веќе го нема достапно на сајтот, ха! И, речиси 100% сум сигурен дека не би бил избор за 90% од купувачите. Ама, шта чеш, јас го обожавам тој мирис и едвај чекам да мириснам. Се надевам нема да се разочарам.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    ПОПУСТ ДО 50%
    попустот важи само на веб страната https://www.lush.com.mk/
    10.01-08.02.2025
     
    На carly j му/ѝ се допаѓа ова.
  4. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    ехеее срцка ние испонарачавме и пола производи веќе ги нема
    [​IMG]

    Патем, за љубителите на ЛТГТР - наскоро ќе има сетови со гел, лосион и спреј, и сет posh chocolate (ако дојде кај нас) со гел, лосион, и срце-путер за масажа.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На marrisa, Antolinaa, Medea. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    1.833
    Пол:
    Женски
    И цена да не знаеш на сетовите?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    Сигурно околу 2500-2700, posh chocolate поефтин ќе биде зашто нема спреј, ќе почнат некаде 16 јануари да се продаваат во светот, кај нас здравје за еден месец, два, ако дојдат.
     
    На WhiteCat33 и Medea. им се допаѓа ова.
  7. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Sticky dates спрејот за тело читав дека многу бил јак не знам зошто мене не ми трае воопшто ;(
     
  8. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    Не трае, го хајпаат премногу и на тикток и секаде. Читај на редит за поверодостојни рецензии. Едино ако го прскаш на едно парче облека (шал, капа..) и истото да го носиш без да го переш, па да се задржи… инаку тешко.
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Super milk ми трае навистина и ептен се осеќа и може и затоа се излажав да земам и спрејчето и лосионот но повторно не џнсм дали би го земала.
     
    На carly j му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    2.943
    Сега глеам по странски сајтови, немаат попусти тие неколку што случајно ги кликнав.
    Но, приметив дека имаат лимитирани производи во соработка со филмот Wicked. Зошто кај нас ги нема?

    EDIT: Можда само Англија, Америка, не знам. Туку, баш попусти сега приметив во Бугарија, Грција... Леле колку се скапи спрејчињата во Грција! Со попуст доаѓаат како тука редовна цена. И Грција, а особено Бугарија, имаат мнооогу малку избор во делот попусти. Ние сме супер, што ви е!
     
    На WhiteCat33 и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    Ги има, на страната се во делот Lush x Wicked. А и не сме ние во ЕУ, секако дека и тоа менува ствари со давачки, царини и глупости. Бугарија и Грција ако сакаат на глава нека стојат - гледај ги Хрватска (иако и кај нив поскапеа со еврото), таму се произведуваат сите работи освен повеќето (ако не сите) спрејови/парфеми. Само што таму сѐ е на 50%, а кај нас попустот е ДО 50%, и тоа на одредени производи.
    Исто, си имаат луѓето апликација од каде си нарачуваат ствари, се претплатуваат за месечна кутија со ексклузивни производи, ги имаат понудено СИТЕ производи, за разлика од кај нас каде не ги држат сите производи, особено тие што се ете community fragrances (за новите не зборувам, тие ги донесоа но не знам зошто уште не се на страната) или некои поскапи работи што нема да се продаваат добро.
     
    На theunforgiven, WhiteCat33 и marrisa им се допаѓа ова.
  12. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Дали е грешка ова напишаново на Yog Nog body lotion? Пишува на него да се измие откако ќе се намачка што според мене е најверојатно грешка?
    IMG_6322.jpeg IMG_6323.jpeg

    Воодушевена сум од мирисот нa Snow Fairy гелот за туширање и лосионот за тело :inlove:.
     
    На koritsaki и carly j им се допаѓа ова.
  13. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    Не е грешка ама слободно користи го така, мислам дека неколку производи им содржат surfactants (не знам превод) што е подобро да се измијат, ама не треба да ти прави разлика
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    6.564
    Стигна нарачката и некако пакетот ми беше многу лесен. И кога видов LOM колку беше лесен, и "кљункаше" with the level of petty I am, морав да го ставам на кујнска вага. Со резултатов, испаѓа дека кога ќе ја одбиеш тежината на самото шише, фали околу 50мл течност.

    За шампонот Snow Fairy, на страната им пишува дека има 275мл продукт, на шампонот што го добив 260мл. Why though?

    IMG_20250114_143252.jpg

    IMG_20250114_143447.jpg
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    Not the level of petty :lol:
    Ако одиш ќе ти го заменат со некој ‘потежок’ може, ако уште имаат на залиха. Ако немаат, не знам дали ќе можат да ти помогнат.

    Другар ми праша зашто испонарача сто ствари и исто забележа дека не се полни како порано. Мислам дека доби одговор дека волуменот се мерел поинаку, демек 200мл не е 200мл туку 180 грама, на пример. Ама стварно не е фер, барем јас колку што се разбирам од физика, течностите тежат исто, дали е грам или милилитар. Не зборуваме за други мерни единици.
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    6.564
    Ама нека ме поправи некој ако грешам, како што прочитав самото шише кога е празно треба да тежи 47 грама. Ако шишето кога е полно тежи 198 грама - 47 грама = 151 гр ~ 151мл. Значи дека во шишето фактички има отприлика 151мл течност, што е кратење за 50мл, толку не може да испари. Немам простор кога да им го вратам, нема веќе да бидам во Скопје, а и страшно ме мрзи да се расправам, ама баш ме интересира дали ова се случува и со спрејовите што не се на попуст.
     
    На theunforgiven и carly j им се допаѓа ова.
  17. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    323
    @blueeparadise Се случува со сите, особено поновите спрејови. Зошто? Не знам. И јас не сум од Скопје па се помирувам со фактот дека само во загуба ќе бидам ако се влечам до Скопје.
     
    На theunforgiven и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Значи секој нос различно мириса дефинитивно:rofl:. Мене squeak ми мириса преубаво, свежо, tropical vibes. Косата ми ја правеше убава со волумен, не ми се мрсеше по неколку дена.
     
    На WhiteCat33 и theunforgiven им се допаѓа ова.
  19. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Леле додека се мислам што следно да нарачам ќе испопродадат , најмногу ми е криво што не успеав лосионот сноу фери да го нарачам мислам веднаш се потроши :|
     
    На Bella.alleB и theunforgiven им се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    2.943
    Од ланскиот попуст имам цело, ново, некористено шише Snow Fairy пудра. Ако сака некој, може да се договориме за ниска цена, или замена.