Сите ја знаеме Мерлин Монро. Какво е вашето мислење за неа? Дали и вие сметате дека е модна икона или има нешто што не ви се допаѓа кај неа? Кратка биографија. Мерлин Монро или Norma Jeane Mortenson е родена во Лос Анџелес,била посвоена и растела покрај други луѓе без да знае ништо за нејзините родители. Кога имала 16 години се омажила за нејзиниот сосед кој имал 21-22 години но тој отишол во друга држава за работа но не се вратил па за тоа време Мерлин и нејзината свекрва работеле во фабрика за изработка на авиони. Еден ден во фабриката дошле луѓе кои барале актерки но да бидат со плава коса па така Мерлин си ја офарбала нејзината коса плава при што ја добила работата и така започнала нејзината кариера. Нејзиниот менаџер и го дал името Мерлин Монро но на почетокот не и се допаѓало. Во текот на нејзината кариера Мерлин била активна при што снимила многу филмови,песни и фотосесии но покрај тоа таа имала и други мажи и едно изгубено бебе. За жал на 36 години била најдена мртва во својот дом од страна на нејзиниот доктор,а како причина за смртта докажале дека земала поголема количина на дрога. Еве и неколку слики.
Мерлин Монро според мене е една од најубавите жени во светот, и секоја девојка и завидува за нејзиното тело.. Инаку јас припаѓам на такво семејство каде што повеке се слуша квалитетна музика, се гледаат филмови од минатото, т.е сум растела со Мерлин Монро, Биталси и сл. Мене Мерлин многу ми е убава, и идол ми е а најмногу сакам да имам како нејзиното тело Преубава е, само штета што млада умрела
Како ќерка на ментално болна вдовица, Мерлин Монро немала убаво детство. Таа била нападната и одвај избегнала сексуална злоупотреба на шестгодишна возраст. Екстремно интелигентната Монро не оставила незјиното тешко детство да и биде пречка за таа да стане една од најуспешните и, историски гледано, најважните славни личности на сите времиња. На врвот на нејзиниот успех, Монро почнала да злоупотребува пилули за спиење и алкохол. Нејзината работна етика се влошуваше напоредно со нејзиното здравје, особено откако доживеа неколку спонтани абортуси во 60-тите. Разводот, смртта на блискиот пријател, бурните врски и падот на кариерата – сето тоа допринесе за уште поголема депресија. Монро била испратена во институција за проверка на нејзиното ментално здравје од каде била пуштена за многу кратко време, но никогаш не му се врати на снимањето филмови. Таа беше најдена покрај две празни шишенца од пилули за спиење само два месеци подоцна. *Убавината е во несовршеноста. Лудилото е генијално! Подобро е да бидеш апсолутно смешен, отколку апсолутно досаден. *Јас сум добра, но не сум ангел. Правам гревови, но не сум ѓавол. Јас сум само мала девојка во голем свет, која се обидува да најде некој кој ќе ја сака. Во прилог слики ... Spoiler
Да би била сега во овој век Мерлин Монро ке ја трачареа дека е дебела за да снима филмови затоа нема сега вакви легенди
Доста контраверзна личност, ја поврзуваат со многу афери како со претседателот Кенеди, со нејзиниот сопствен брат, уште помистериозна е нејзината смрт, сметам дека вината е во Кенеди. Нејзината убавина е класика која трае и ќе трае
Долги години кружат гласини за постоење на наводна секс-лента во која учесници се Мерилин, ЏФК и брат му Роберт , ама мене лично не ми е за верување. Инаку, станува збор за исклучително харизматична личност, велат дека кога влегувала во просторија, иако истата полна со познати фаци, сите очи биле вперени во неа. Доста непосредна, излегувала во двор за да ги поздрави ѓубреџиите и да направи муабет. Имав, и се уште имам фасцинација кон нејзиното лице, едно време ја чував на десктопи и насекаде. Мадона своевремено и правела добар трибјут, копирајќи го нејзиниот имиџ и стајлинзи, допринела Мерилин да остане врежана во колективната меморија.
Баш ми е убава. Имала убав стил на облекување. Штета што животот и заврши трагично. Мислам дека Кенеди беше вмешан во нејзината смрт.
Освен приватната болка и трагичната рана смрт, немам замерки. Прекрасна личност била. Незнам дали неа дали Audrey Hepburn ја сакам повеќе, мада немора да мерам.
Таа била и останала модна икона се до ден денес. Ми се допаѓа како изгледала а и тие фустани, штиклички што ги носела и што биле популарни во тоа време многу ми се допаѓа.
Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле https://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/fakti-za-zhivotot-na-merlin-monro-koi-ne-ste-gi-znaele/