1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Marilyn Monroe

Дискусија во 'Слики' започната од dream.queen, 15 март 2013.

  1. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Сите ја знаеме Мерлин Монро.
    Какво е вашето мислење за неа?
    Дали и вие сметате дека е модна икона или има нешто што не ви се допаѓа кај неа?


    Кратка биографија.


    Мерлин Монро или Norma Jeane Mortenson е родена во Лос Анџелес,била посвоена и растела покрај други луѓе без да знае ништо за нејзините родители.
    Кога имала 16 години се омажила за нејзиниот сосед кој имал 21-22 години но тој отишол во друга држава за работа но не се вратил па за тоа време Мерлин и нејзината свекрва работеле во фабрика за изработка на авиони.
    Еден ден во фабриката дошле луѓе кои барале актерки но да бидат со плава коса па така Мерлин си ја офарбала нејзината коса плава при што ја добила работата и така започнала нејзината кариера.
    Нејзиниот менаџер и го дал името Мерлин Монро но на почетокот не и се допаѓало.
    Во текот на нејзината кариера Мерлин била активна при што снимила многу филмови,песни и фотосесии но покрај тоа таа имала и други мажи и едно изгубено бебе.
    За жал на 36 години била најдена мртва во својот дом од страна на нејзиниот доктор,а како причина за смртта докажале дека земала поголема количина на дрога.



    Еве и неколку слики. :)
     

    Прикачени фајлови:

  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Мене па само ми се свиѓа белиот фустан... :wasntme:
     
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Мерлин Монро според мене е една од најубавите жени во светот, и секоја девојка и завидува за нејзиното тело.. Инаку јас припаѓам на такво семејство каде што повеке се слуша квалитетна музика, се гледаат филмови од минатото, т.е сум растела со Мерлин Монро, Биталси и сл. Мене Мерлин многу ми е убава, и идол ми е а најмногу сакам да имам како нејзиното тело :) Преубава е, само штета што млада умрела :|
     

    Прикачени фајлови:

  4. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Како ќерка на ментално болна вдовица, Мерлин Монро немала убаво детство. Таа била нападната и одвај избегнала сексуална злоупотреба на шестгодишна возраст. Екстремно интелигентната Монро не оставила незјиното тешко детство да и биде пречка за таа да стане една од најуспешните и, историски гледано, најважните славни личности на сите времиња. На врвот на нејзиниот успех, Монро почнала да злоупотребува пилули за спиење и алкохол. Нејзината работна етика се влошуваше напоредно со нејзиното здравје, особено откако доживеа неколку спонтани абортуси во 60-тите. Разводот, смртта на блискиот пријател, бурните врски и падот на кариерата – сето тоа допринесе за уште поголема депресија. Монро била испратена во институција за проверка на нејзиното ментално здравје од каде била пуштена за многу кратко време, но никогаш не му се врати на снимањето филмови. Таа беше најдена покрај две празни шишенца од пилули за спиење само два месеци подоцна.

    *Убавината е во несовршеноста. Лудилото е генијално! Подобро е да бидеш апсолутно смешен, отколку апсолутно досаден.
    *Јас сум добра, но не сум ангел. Правам гревови, но не сум ѓавол. Јас сум само мала девојка во голем свет, која се обидува да најде некој кој ќе ја сака.

    Во прилог слики ...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  6. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Да би била сега во овој век Мерлин Монро ке ја трачареа дека е дебела за да снима филмови (facepalm) затоа нема сега вакви легенди
     
    На Macito007 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Доста контраверзна личност, ја поврзуваат со многу афери како со претседателот Кенеди, со нејзиниот сопствен брат, уште помистериозна е нејзината смрт, сметам дека вината е во Кенеди.
    Нејзината убавина е класика која трае и ќе трае
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Долги години кружат гласини за постоење на наводна секс-лента во која учесници се Мерилин, ЏФК и брат му Роберт :D, ама мене лично не ми е за верување.

    Инаку, станува збор за исклучително харизматична личност, велат дека кога влегувала во просторија, иако истата полна со познати фаци, сите очи биле вперени во неа.
    Доста непосредна, излегувала во двор за да ги поздрави ѓубреџиите и да направи муабет.

    Имав, и се уште имам фасцинација кон нејзиното лице, едно време ја чував на десктопи и насекаде.

    Мадона своевремено и правела добар трибјут, копирајќи го нејзиниот имиџ и стајлинзи, допринела Мерилин да остане врежана во колективната меморија.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Баш ми е убава. Имала убав стил на облекување. Штета што животот и заврши трагично. Мислам дека Кенеди беше вмешан во нејзината смрт.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    11.206
    Пол:
    Машки
    Освен приватната болка и трагичната рана смрт, немам замерки. Прекрасна личност била. Незнам дали неа дали Audrey Hepburn ја сакам повеќе, мада немора да мерам. :l:

    [​IMG]
     
    На Briar Rose и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Таа била и останала модна икона се до ден денес. Ми се допаѓа како изгледала а и тие фустани, штиклички што ги носела и што биле популарни во тоа време многу ми се допаѓа. :inlove:
     
  13. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски