1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Power Balance алки

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од SunFlower94, 1 јуни 2011.

  1. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Power Balance е технологија која користи вградени холограми, кои позитивно реагираат со енергетското поле во вашето тело, со цел да се подобри вашата сила, баланс и флексибилност. Дали ги користите овие алки? кое е вашето мислење за нив? не најдов соодветно место за темава, затоа тука ја ставив се извинувам ако е дупла, клуч. Еве како изгледаат :[​IMG]
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Не можам да ја видам сликата. Овие се нешто како тие алките со магнет? Не користам јас но би сакала да знам нешто повеќе. А каде можат да се набават и колку чинат ?
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сум ги гледала ги носат многумина.
    Баш пред некој ден ги истражував :D
    Видов на наша страна 1500 денари пишува по нарачка.
    А на интернет ако ги напишеш има и по 5-6 долари. Тоа е преголема разлика :^)

    A дека ги носат многумина тоа дефинитивно :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    ^^ И јас би сакала да дознаам нешто повеќе за нив, незнам колку помагаат, затоа во главно и ја отворив темава, да видиме некое мислење, искуство со алкиве :)
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Хм,овие алкиве на ВМРО се вакви,и пишува Пауер Баланс.
    Јако. :D
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ мамицата може ли да се изгребат знакчињата на ВМРО? :D

    Се надевам Мис Независна ќе ни пише во темава, она има ваква алка :)
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не може,во тоа крукчињата е впишано,ама не се познава. :D
     
  8. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Мене за алкиве еден другар ми кажа дека врска немаат.Ма каква енергија,каков баланс. Џабе фрлени пари.
    Јас немам ваква алка ама сакав да си купам уште пред еден месец и кога спомнав другаров ме разубеди и се откажав.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Имам другарка и си има купено од Америка ваква алка за некои 5 долари ... Инаку нејзин другар од таму ги носел и ги продавал во Скопје за 1000 и нешто денари ли, не знам точно.
    Е сега наводно помага на организмот да дојде во една вистинска рамнотежа ... Па ми покажуваше како тие кои што ги носат овие алки се пофлексибилни ... Пр. ќе можеш да си ги допреш стапалата (значи до земја фактички) од исправена положба кога ќе се свиткаш, раката ќе можеш од позади да ја виткаш накај другата колку сакаш ... мислам ... ова веќе не ми е ништо вауу ефект. Она па верува во тоа |(
    Значи дава целосна рамнотежа на сите сегменти во организмот со тоа и телото е флексибилно, а тоа пак доведува до здрав организам.
    Амерички маркетиншки трикови ... стандардно.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aбе Џули ја би купила, мислам онака да видам што е, не од што ќе ми помогне нешто, знаеш 5 долари, 250 денари, за зафрканција ќе си ја земам. Повеќе е психата на човекот, кога мисли дека ја носи алкава ако треба рбетот ќе го пукне ама ќе ја допре земјата со дланките, без алкава би се откажал за 1 секунда.
    Они тука по 1500 ми ги продаваат? Алооо бе со кој памет?
    Носете си ги со здравје нека ви е :)
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    ^^ Тоа е тоа Роси, сугестијата кај човека ... а за американцине парите.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Mислиш македонците :D
    Оние американцине може изумиле нешто, може има и ефект мал од кај да знаеме со сигурност, му дале цена 5 долари, македонче ги купува и ги продава за 7 пати поскапо. Секогаш не бивало за бизнис |(
     
  13. unique-m

    unique-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Девојки а каде ги има кај нас да ги погледнам?? Гледам и по Скопјево ги носат, баш ми се интересни..не дека верувам нешо.. :)
     
  14. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    hahahaha eden poznanik mi ponudi ke mi prodadel za 20 ili 30 evra a inaku mnogu poveke bile
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па не верувам баш дека имаат некој ефект... Еден другар носи ваква алка ама ми кажа дека ништо посебно не забележува. Интересни се во моментов, модерни се и мислам дека делуваат по принцип на сугестија, си мислиш дека има некаков ефект и ти се чини како да е стварно така.
     
  16. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Ги имаше овие во Дојран беа по 100 ден, оној продавачон вика се тепаат за нив :D :D Кој знае не верувам дека имаат некој ефект ни овие од 100 ден. ни оние од 1500( а од кај ќе знаеме ние која е разликата, кога ете викаат дека не дејствуваат) кога веќе сакате онака да си ги носите зашто се во мода, барајте од 100 ден да најдете :D
     
  17. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Еј,во Грција по 2-3 евра беа.А инаку гледам дека сите ги носат.Е сега знам еден мој пријател носи.Сеа незнам како да ви објаснам најдобро,ама ме натера да застанам вака [​IMG]
    само со раширени раце
    и ме притисна на едната,јас што е нормално паднав,неможев да се избалансирам.Потоа ја ставив алката на другата рака,повторно застанав така,неможеше да ме бутне..Стоев со отворена уста,не ни верував..е сега уште неможам да сватам во што е тајната..
     
  18. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Абе вистина е дека помагаат.. али треба да ги најдеш да кажам -оргиналите, затоа што има фалсификат од алките и ги продаваат поевтино, тие немаат ефект туку само да ја носиш и да се фалиш еј ја имам Power Balance алка-.-
    Значи ПОСТОЈАТ ОРГИНАЛИ И ПОМАГААТ само што треба да се најдат вистинските а незнам каде ги има и јас барам али нејкам да дадам ни 100 ден за обична копија што нема ефект!!
     
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Мене се ова ми е помало чудно ... Ама кога имам пари да фрлам на други глупости и крпчиња ќе ги прежалам 100 или 1500 денари . Ова му иде ко пласибо ефект ама јеби га битно подобро ќе ми биде . Не е битен начинот крај краева битен ми е ефектот .
     
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Вакви алкички имаше на секој чекор у Грција за 2 евра, а ако се исценкаш и за 1 :D Ама очигледно не биле оригинал како што пиша некој погоре! Ама во секој случај кај нас сигурно не се продаваат оригиналите туку увезени купени за 50 центи, а ги шиткаат за 1500 денари :x јас лично никогаш не би дала толку. Сакав да си купам бела од Грција затоа што ми излегдаше убаво, ама јас секогаш си носам саат малце поголем од алкиве, и глупаво ќе ми изгледаше, како на двете раце да носам саат, или на едната два :D