Power Balance е технологија која користи вградени холограми, кои позитивно реагираат со енергетското поле во вашето тело, со цел да се подобри вашата сила, баланс и флексибилност. Дали ги користите овие алки? кое е вашето мислење за нив? не најдов соодветно место за темава, затоа тука ја ставив се извинувам ако е дупла, клуч. Еве како изгледаат :
Не можам да ја видам сликата. Овие се нешто како тие алките со магнет? Не користам јас но би сакала да знам нешто повеќе. А каде можат да се набават и колку чинат ?
Сум ги гледала ги носат многумина. Баш пред некој ден ги истражував Видов на наша страна 1500 денари пишува по нарачка. А на интернет ако ги напишеш има и по 5-6 долари. Тоа е преголема разлика A дека ги носат многумина тоа дефинитивно
^^ И јас би сакала да дознаам нешто повеќе за нив, незнам колку помагаат, затоа во главно и ја отворив темава, да видиме некое мислење, искуство со алкиве
^ мамицата може ли да се изгребат знакчињата на ВМРО? Се надевам Мис Независна ќе ни пише во темава, она има ваква алка
Мене за алкиве еден другар ми кажа дека врска немаат.Ма каква енергија,каков баланс. Џабе фрлени пари. Јас немам ваква алка ама сакав да си купам уште пред еден месец и кога спомнав другаров ме разубеди и се откажав.
Имам другарка и си има купено од Америка ваква алка за некои 5 долари ... Инаку нејзин другар од таму ги носел и ги продавал во Скопје за 1000 и нешто денари ли, не знам точно. Е сега наводно помага на организмот да дојде во една вистинска рамнотежа ... Па ми покажуваше како тие кои што ги носат овие алки се пофлексибилни ... Пр. ќе можеш да си ги допреш стапалата (значи до земја фактички) од исправена положба кога ќе се свиткаш, раката ќе можеш од позади да ја виткаш накај другата колку сакаш ... мислам ... ова веќе не ми е ништо вауу ефект. Она па верува во тоа Значи дава целосна рамнотежа на сите сегменти во организмот со тоа и телото е флексибилно, а тоа пак доведува до здрав организам. Амерички маркетиншки трикови ... стандардно.
Aбе Џули ја би купила, мислам онака да видам што е, не од што ќе ми помогне нешто, знаеш 5 долари, 250 денари, за зафрканција ќе си ја земам. Повеќе е психата на човекот, кога мисли дека ја носи алкава ако треба рбетот ќе го пукне ама ќе ја допре земјата со дланките, без алкава би се откажал за 1 секунда. Они тука по 1500 ми ги продаваат? Алооо бе со кој памет? Носете си ги со здравје нека ви е
Mислиш македонците Оние американцине може изумиле нешто, може има и ефект мал од кај да знаеме со сигурност, му дале цена 5 долари, македонче ги купува и ги продава за 7 пати поскапо. Секогаш не бивало за бизнис
Девојки а каде ги има кај нас да ги погледнам?? Гледам и по Скопјево ги носат, баш ми се интересни..не дека верувам нешо..
Па не верувам баш дека имаат некој ефект... Еден другар носи ваква алка ама ми кажа дека ништо посебно не забележува. Интересни се во моментов, модерни се и мислам дека делуваат по принцип на сугестија, си мислиш дека има некаков ефект и ти се чини како да е стварно така.
Ги имаше овие во Дојран беа по 100 ден, оној продавачон вика се тепаат за нив Кој знае не верувам дека имаат некој ефект ни овие од 100 ден. ни оние од 1500( а од кај ќе знаеме ние која е разликата, кога ете викаат дека не дејствуваат) кога веќе сакате онака да си ги носите зашто се во мода, барајте од 100 ден да најдете
Еј,во Грција по 2-3 евра беа.А инаку гледам дека сите ги носат.Е сега знам еден мој пријател носи.Сеа незнам како да ви објаснам најдобро,ама ме натера да застанам вака Спојлер само со раширени раце и ме притисна на едната,јас што е нормално паднав,неможев да се избалансирам.Потоа ја ставив алката на другата рака,повторно застанав така,неможеше да ме бутне..Стоев со отворена уста,не ни верував..е сега уште неможам да сватам во што е тајната..
Абе вистина е дека помагаат.. али треба да ги најдеш да кажам -оргиналите, затоа што има фалсификат од алките и ги продаваат поевтино, тие немаат ефект туку само да ја носиш и да се фалиш еј ја имам Power Balance алка-.- Значи ПОСТОЈАТ ОРГИНАЛИ И ПОМАГААТ само што треба да се најдат вистинските а незнам каде ги има и јас барам али нејкам да дадам ни 100 ден за обична копија што нема ефект!!
Мене се ова ми е помало чудно ... Ама кога имам пари да фрлам на други глупости и крпчиња ќе ги прежалам 100 или 1500 денари . Ова му иде ко пласибо ефект ама јеби га битно подобро ќе ми биде . Не е битен начинот крај краева битен ми е ефектот .
Вакви алкички имаше на секој чекор у Грција за 2 евра, а ако се исценкаш и за 1 Ама очигледно не биле оригинал како што пиша некој погоре! Ама во секој случај кај нас сигурно не се продаваат оригиналите туку увезени купени за 50 центи, а ги шиткаат за 1500 денари јас лично никогаш не би дала толку. Сакав да си купам бела од Грција затоа што ми излегдаше убаво, ама јас секогаш си носам саат малце поголем од алкиве, и глупаво ќе ми изгледаше, како на двете раце да носам саат, или на едната два