Power Balance алки

Discussion in 'Алтернативна медицина' started by SunFlower94, Jun 1, 2011.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Joined:
    May 10, 2010
    Messages:
    2,292
    Likes Received:
    5,649
    Абе луѓе тие што се ефтините по пазари ,кај Кинезите у Грчка ,и на слични места што ги има се фејк.
    Мислам сеа,на страна колку помагаат и овие оргиналниве,ама ете колку да се рече.
    Јас ја имам веќе поодамна,кога бев зимоска бајаги болна ,брат ми ми ја купи,кутриот со желба да оздравам :D
    И сеа дали делуваат ,ај знај му ја.На тие финтите со вртење на раката или со туркање успева стварно :D ,а вака па не сум се разболела до сеа пу-пу да не се урочам,а дали сум паднала да ви кажам непамтам.
    За со позитивна енергија секад сум била пуна,така да алкава не ми треба за тоа.

    Е и ова морам да ви го кажам.Иначе нели дека алкава демек негативна енергија собира,и сеа брат ми вика кога ја купувал тој му кажал дека ако се затемни магнетот,треба на чистење да ја носи,и тоа се плаќа плус нели.Мајка ми вика,кај еднаш му дадовте пари,па сеа и за сервис да давате,мислиш кола сте купиле :D .
    И на брат ми стварно тоа магнетчето му поцрне цело ,не се гледа уопште.Мене само ми се замати малце,ваљда дека неам негатвина енргија тоа :D .

    И фејкот можете да ги разликувате од вистинските ,освен по цената,и по тоа што немаат магнетче внатре него сликиче некое.
    У врска со цената брат ми ми се чини по 1500 дека ги платил,а во Грчка во аптека ги гледав и по 30-40 евра :o
    Татко ми си купил кинеска за 1евро,и вика неговата немало потреба да се носи на чистење,самата филтери имала :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,172
    Gender:
    Female
    Не сум носела до сега вакво чудо, а искрено, вака секој втор носи.. Нешто слично на, Мижи Асам, да ти баам. Како и да се пишува.. А еве нешто што најдов.. http://zazabava.com/dzabe-si-gi-nosite
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,289
    И официјална вест дека алкиве еден голем маркетиншки трик!

    Американската компанија "Power Balance", која ги произведува енергетските алки, ќе мора да плати оштета од 57 милиони долари поради измама на купувачите!

    Гумените алки („балансери“) со вградени холограми ги носеа и промовираа многу суперѕвезди како Коби Брајант, Шекил, Ламар Одом и Дејвид Бекам, меѓутоа тоа се луѓе кои добиваат „мрсни“ суми за да ве убедат вас дека носењето на гумичка со холограмче во рака ќе ве направи „супермен“.

    Низ светот се продадени повеќе од 2,5 милиони примероци по цена од 5 до 30 долари.

    Меѓутоа, минатата година Австралиската комисија за заштита на потрошувачите изнуди признание од калифорниската компанија дека алките всушност никому не му помагаат „според ветеното“: рамнотежа, сила и координација.

    „Признаваме дека нема научна потврда за нашите тврдења, што значи дека ги заведувавме купувачите. Ако се чувствувате измамени од нашите реклами, со ова сакаме безусловно да ви се извиниме и да ви понудиме полно враќање на платената сума“, велат од компанијата.

    Конечно, неколку дена подоцна, во федералниот суд во Лос Анџелес е поднесена тужба против Power Balance во која е истакнато дека компанијата продолжила со производство, продажба и рекламирање на алките и покрај тоа што самата признала дека „не делуваат“.

    Според некои американски медиуми, во судскиот процес од PB се согласиле на надомест на штета во која ќе мора да исплатат оштета од 57 милиони долари, после што на компанијата и следува стечај, но од Power Balance тврдат дека овие написи не се точни.

    :P
     
    belieber likes this.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2011
    Messages:
    2,152
    Likes Received:
    5,710
    Gender:
    Female
    Не ми текнува каде прочитав, но паметам една добра реченица за овие. Гласи вака:
    -Кога ке видам некои како ги носат овие алки, знам дека што и да им кажам ке ми поверуваат. :D Кажано е во смисла дека ако веруваат дека ке им донесе рамнотежа, мир или што уште не, тогаш би поверувале во се што ке им биде кажано :wasntme: Одолеав на нив, не си купив. :!:
     
  5. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Joined:
    Jun 20, 2011
    Messages:
    476
    Likes Received:
    767
    Нема ништо лошо да ја носиш алкава ако веруваш дека ќе ти овозможи тоа што сакаш. Исто е како да влезеш прво со десна, па со лева нога за да си мислиш дека денот ќе ти биде добар.
    Дај му на човек обична гумена алка и ќе поверува дека ќе го излечи.
    Ова уште еднаш докажува колку е јака човековата психа.
     
    MarchelineAmaru likes this.