Абе луѓе тие што се ефтините по пазари ,кај Кинезите у Грчка ,и на слични места што ги има се фејк. Мислам сеа,на страна колку помагаат и овие оргиналниве,ама ете колку да се рече. Јас ја имам веќе поодамна,кога бев зимоска бајаги болна ,брат ми ми ја купи,кутриот со желба да оздравам И сеа дали делуваат ,ај знај му ја.На тие финтите со вртење на раката или со туркање успева стварно ,а вака па не сум се разболела до сеа пу-пу да не се урочам,а дали сум паднала да ви кажам непамтам. За со позитивна енергија секад сум била пуна,така да алкава не ми треба за тоа. Е и ова морам да ви го кажам.Иначе нели дека алкава демек негативна енергија собира,и сеа брат ми вика кога ја купувал тој му кажал дека ако се затемни магнетот,треба на чистење да ја носи,и тоа се плаќа плус нели.Мајка ми вика,кај еднаш му дадовте пари,па сеа и за сервис да давате,мислиш кола сте купиле . И на брат ми стварно тоа магнетчето му поцрне цело ,не се гледа уопште.Мене само ми се замати малце,ваљда дека неам негатвина енргија тоа . И фејкот можете да ги разликувате од вистинските ,освен по цената,и по тоа што немаат магнетче внатре него сликиче некое. У врска со цената брат ми ми се чини по 1500 дека ги платил,а во Грчка во аптека ги гледав и по 30-40 евра Татко ми си купил кинеска за 1евро,и вика неговата немало потреба да се носи на чистење,самата филтери имала
Не сум носела до сега вакво чудо, а искрено, вака секој втор носи.. Нешто слично на, Мижи Асам, да ти баам. Како и да се пишува.. А еве нешто што најдов.. http://zazabava.com/dzabe-si-gi-nosite
И официјална вест дека алкиве еден голем маркетиншки трик! Американската компанија "Power Balance", која ги произведува енергетските алки, ќе мора да плати оштета од 57 милиони долари поради измама на купувачите! Гумените алки („балансери“) со вградени холограми ги носеа и промовираа многу суперѕвезди како Коби Брајант, Шекил, Ламар Одом и Дејвид Бекам, меѓутоа тоа се луѓе кои добиваат „мрсни“ суми за да ве убедат вас дека носењето на гумичка со холограмче во рака ќе ве направи „супермен“. Низ светот се продадени повеќе од 2,5 милиони примероци по цена од 5 до 30 долари. Меѓутоа, минатата година Австралиската комисија за заштита на потрошувачите изнуди признание од калифорниската компанија дека алките всушност никому не му помагаат „според ветеното“: рамнотежа, сила и координација. „Признаваме дека нема научна потврда за нашите тврдења, што значи дека ги заведувавме купувачите. Ако се чувствувате измамени од нашите реклами, со ова сакаме безусловно да ви се извиниме и да ви понудиме полно враќање на платената сума“, велат од компанијата. Конечно, неколку дена подоцна, во федералниот суд во Лос Анџелес е поднесена тужба против Power Balance во која е истакнато дека компанијата продолжила со производство, продажба и рекламирање на алките и покрај тоа што самата признала дека „не делуваат“. Според некои американски медиуми, во судскиот процес од PB се согласиле на надомест на штета во која ќе мора да исплатат оштета од 57 милиони долари, после што на компанијата и следува стечај, но од Power Balance тврдат дека овие написи не се точни.
Не ми текнува каде прочитав, но паметам една добра реченица за овие. Гласи вака: -Кога ке видам некои како ги носат овие алки, знам дека што и да им кажам ке ми поверуваат. Кажано е во смисла дека ако веруваат дека ке им донесе рамнотежа, мир или што уште не, тогаш би поверувале во се што ке им биде кажано Одолеав на нив, не си купив.
Нема ништо лошо да ја носиш алкава ако веруваш дека ќе ти овозможи тоа што сакаш. Исто е како да влезеш прво со десна, па со лева нога за да си мислиш дека денот ќе ти биде добар. Дај му на човек обична гумена алка и ќе поверува дека ќе го излечи. Ова уште еднаш докажува колку е јака човековата психа.