Какво е вашето мислење за вакво однесување? Јас најчесто преферирам да зборам отколу да игнорирам некого, ама ако премногу ескалира кавгата знам до 1-2 дена да се оттргнам, зашто сум увидела дека кавгата оди на полошо и полошо и во најжестокиот момент нема ништо да се реши. Дечко ми со денови не ми прави муабет дури и за помали, глупави кавги што не ескалирале премногу, и сметам дека тоа не е нормално. Според статии на интернет и според chatGPT ова се квалификува како емоционално насилство, ама сакав да добијам и човечко мислење зашто знаеме дека АI не валидира до бескрај.
Дефинитивно имам 0 респект за луѓе што го применуваат ова. Апсолутно незрело и просто. И да, емоционално насилство е.
Не го гледам како емоционално насилство. Напротив, како потреба за човек малку да се оттргне од непотребно влечење на бесцелни муабети.
Сите сме различни јас преферирам да зборувам и тоа до детал да расчистам но имам блиски кои се повлекуваат бидејќи не секој може да зборува и да се отвори во такви моменти. Дај му време но не оставај да не зборувате за тоа воопшто.
Каков и да е исходот, без разлика дали се работи за партнер или пријателство, секогаш одбирам разговор додека не се реши проблемот. Е сега, доколку соговорникот е позвучен и покрај мојата толеранција тогаш може да го одложам Мислам дека никој не заслужува такво однесување.
Несозреани и себични луѓе прават silent treatment и гоустнуваат, и да, емоционално насилство е. Многу безобразно однесување кон некој што треба да ти е близок. Што и да е проблемот, возрасни луѓе треба да го решат (или да не го решат, и тоа е опција) проблемот лице в лице, со директен разговор. Но толку чести и глупави кавги исто така не се нормални во една врска, колку silent treatment-от. Можи некогаш да се подналутиме за нешто, и да сакаме да оладиме, но со денови? Ако постојано се повторува истото треба сериозно да се седни и поразговара, ако не, другиот исход е секој по свој пат.
Зависи за колкав silent treatment збориме. Ако се однесува нормално а не збори за одредена тема ај ок. Ама да не збори сосема со денови за банална причина, понекогаш и без да ја знаеш - бегај. Јас со партнер сум немала такви моменти ,имам со свекрвата. Првите пати ми беше и многу криво ,разговарав со мм ми викаше и треба време демек да и спласне па да ти каже без да се кара.. И ок ајде оставав а видам не ми збори значи воопшто ти и се обраќаш она ќути ко да нема никој во просторијата. Па анализирав што сум рекла/направила не знам ти што таму... е после почнав да се радувам кога не ми зборува ННакрај заклучив дека она уствари не знае да комуницира или испод ,,ниво " и е да праша некои работи Не сум сигурна ама знам дека дефинитивно има проблем во комуникацијата и затоа е тој silent treatment . E сеа за свекрва мање битно дали ќе ми збори ама кога би се работело за сопругот мислам дека не би можела така. Едно е да биде голема кавга па да ,,држиме лутина " некој ден со ќутење ,се случило. Ама после тоа пак сме го разработиле нештото некако па сме продолжиле. А друго е не зборуваме 2 дена за глупост па третиот ко ништо да не било.
Очигледно на свекрва ти и треба стручна помош . Шала на страна, возрасен човек со вакво понашање не заслужува ни комуникација од твоја страна. Не е твој проблем ако не знае да комуницира или праша. И да, најчесто целта на silent treatment е да те збудали со размислување и анализирање каде се имаш згрешено и да те полуди со прашања во глава и несигурност. Веројатно некоја супериорност осеќаат. Баш напротив, продолжи си со животот и уопште не покажувај дека те загрижува тоа што така се понаша, колку воопшто не ти значи таквото игнорирање. Сами ќе си дојдат.
Кога некој те повредува цело време и настапи фазата на рамнодушност, најмал подарок е да игнорираш некого. И некогаш молкот е злато. Јас си велам бар, кажано е неколку пати, последно, нема што да трошам нерви, енергија во комуникација, кога очигледно некој друг не троши нерви, енергија и време за мене. Silent treatment, не е незрелост, туку токму зрелост и љубов према себе.
Тоа веќе е установено ,само што она ја одбива инаку има и други симптоми за проблеми кои треба да ги види стручно лице. Имаше момент кога сум и рекла гугни не се понашај ко дете убаво те прашувам. Ама сеа е моментот кај шо не се ни трудам и јас да зборнам туку ако веќе праша нешто да и одговорам и толку или евентуално ако се работи за детето да зборнам инаку воопшто. И по раат сум. Целта на мислењево беше ако дечкото на членкава го прави истово да бега,зошто со такви луѓе на крај не се излегува.
Со Silent treatment најчесто се користат личности со нацисоидно пореметување. Тоа е емоционално насилство посилно од најсилен шамар. Бегај девојче од таков човек.
Not all silence is bad. Context and intent make a huge difference. It can be positive when: Cooling-off period: Taking quiet time to avoid saying something hurtful in the heat of the moment. Self-protection: Distancing yourself from someone toxic or manipulative without escalating the situation. Boundary reinforcement: Choosing not to engage in conversations that violate your values or well-being. Reflective space: Allowing yourself and the other person to think before discussing something difficult.
Има разлика меѓу Silent treatment i тајм аут. Вториот е краткорочна тишина, партнерите да избројат до 10 и да размислат. Првото е изживување со луѓе. Казнување со незборење со денови , за да му нанесат болка на партнерот, за да се почувствува омаловажен, повреден , потчинет.
Има разлика меѓу земање време за себе да оладиш од ситуација, што со луѓе кои ти значат не би требало со денови да трае, до silent treatment кој намерно се прави бидејќи знаат дека тоа лошо ќе влијае на другата личност, која често сака директно да зборува, со што ја "казнуваат" на некој начин. Играње со емоциите на другите е емоционално насилство. Е сега не можиме да тврдиме кој е потоксичен и повеќе во криво бидејќи секоја е ситуација за себе, но воглавно луѓето треба да се искрени и директни со блиските. Но го нема секој тој емоционален капацитет. Така да, подалеку од вакви луѓе бидејќи се манипулатори на некој начин.
Што ако комуникацијата не вродува со плод, а другата страна воопшто не сака да направи компромис? До кога ќе се комуницира? Јас не би одела до таму да дадам име на тој третман, едноставно е кревање на раце и бирање на сопствените интереси. Што не знам како е лошо. Зошто мислиш дека не е во право тој што ја бира оваа форма на некомуникација? Што ти би правела, некој упорно да те гази и да не те почитува? Баш напротив, наместо да се вложуваш себе си во репаритање на нешто скршено и непоправливо, најдобро за себе е да се повлечеш и да си го бараш она што е добро за себе. Јас неколку пати сум настапила со ваков однос, а не спаѓам во контекстот на ниту една точка на нарцисоидност. До тој степен, да простувам на сопствена штета и ментално здравје. Некои луѓе не заслужуваат да им го посветиш вниманието, има каде и на кого да го дадеш.
Мислам дека не разбираш за што збориме. Сајлент третман не е завршувам со таа личност, не му зборам повеќе туку останувам со него, живеам, во врска или брак ама при секоја кавга јас ќутам со денови, недели, месеци и го игнорирам . Толку многу го игнорирам дека постои и ќутам што уживам додека го мачи што не му зборам, се додека не пукне и експлодира тој. И секоја кавга па и мало недоразбирање, ако нешто не е како што мислам јас го користам овој третман. Притоа тој што го користи не ја прекинува тишината, чека на партнерот. Ако збориш за вакво однесување во врска, и вака си се однесувала, И ти си била насилна . Инаку да е симптом на нарцисоидно пореметување. Иако тоа што го збориш ти е прекунување комуникација со луѓе кои не ти одговараат и тоа е во ред, но тоа не е сајлент третман за кој збориме.
Леле како не сфаќате аман.. Не знам дали се смета за истото ама па многу слично на она пасив агресив однесување. Сте се скарале или нешто се случува и едниот упорно пробува да искомуницира, да реши, другиот само ќути. Прашуваш што е проблемот како да решиш, другиот ќути. Прашуваш еве дај да исправиме, да надокнадам некако, другиот ќути. Прашуваш сакаш ли крај, пауза, пак ќути. Со други зборови, само те држи (партнер, другар, што и да е) во искушение, да не знаеш што да кажеш, како да постапиш, да не знаеш ништо. Да, и да сметаш дека си во право, ќе кажеш. Не сакаш ништо со другата личност повеќе, ќе кажеш. На себе не си помага никој вака, на другата личност па ич.
Eдно е да завршиш со човек којшто не прави компромис, не соработува, не те разбира, не се труди нешто да промени, друго е да го игнорираш некој со цел да се почувствува омаловажено и да не добие одговор на своите прашања за да се измачува во своите мисли.
Да, емоционално насилство е ако тоа се прави свесно со цел да биде повреден тој кон кого е насочено. Пример, бившиот мој дечко знаеше колку сум емотивна и колку тешко ми паѓаше кога ќе се расправаме ама тоа одеше до бескрај. Со него, расправијата секогаш завршуваше со тешко манипулирање и убедување дека јас сум таа што е виновна, а потоа ме оставаше со денови на silent treatment зошто знаеше дека тоа ќе ме докрајчи, ментално особено. Со сегашниот дечко фала богу имаме многу здрава комуникација, и кога ќе дојде до момент на несогласување тоа се решава на многу зрел и возрасен начин, со муабет и со сослушување на двете страни. Се случило неколку пати до сега он да се запали малце повеќе ама сепак се контролира и тогаш ми кажува да го оставам во моментот, да не му зборам и дека му треба време да си ја олади главата. Дека не сака да продолжи затоа што во лутина може да каже нешто што не го мисли и дека не сака да ме повреди. Разлика меѓу него и бившиот дечко кога зборуваме за емоционална интелегенција и разбирање - небо и земја.