Водениот кефир уште познат како јапонски кристали е еден вид на кефирна габа. Има слични својства со комбухата, но е многу поедноставен за одржување (нешто како млечниот кефир). Незнам колку од вас сте запознаени со оваа габа, но познато е дека многу помагаат и за нормализирање на крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го зголемуваат имунитетот, а и ги намалуваат ризиците за канцерогени заболувања. Аха, и ова. Еден мој другар пред неколку години ги имаше кристаливе и пошто нормализираат секаков дисбаланс во телото, човеков имаш 107 кила и ослабе на 75. Неговиот брат беше слаб стапче, се здебели. Па ќе ми се најдат за слабеење и зголемување на имунитет. Исто имав многу висок притисок, сега ми се среди али знае на моменти да се покачи. И уште ова. Другаров е алергичен на мачки, арно ама откако ги пие нив, сега си чува и мачка и нема проблем. Значи лечат и алергии што ниеден друг лек не може. Начин на приготвување За тегла со волумен од 1 литар потребни се: * 3-4 кафени лажички кефир * литар вода * 2 (големи) лажици шеќер * 20ина зрна суво грозје(може и суви смокви/кајсии да се ставаат,но не смее да се става свежо овошје) * Опционално може и парче од лимон да се стави за нормализирање на pH вредноста на напитокот Вака теглата треба да стои минимум 24 часа на собна температура за да може доволно да ферментира напитокот. После изминување на 24 часа течноста се пие или се чува во шише во фрижидер, па во теглата повторно се додава вода, шеќер и суво овошје за следниот ден. Доколку не се стави шеќер во водата, габите ќе умрат. Исто треба да се внимава со лажиците (кристалите не треба да дојдат во контакт со метал, па затоа пожелно е користење на пластични лажици) и водата која се става во теглата пожелно е да биде дестилирана (да нема хлор во неа). Истотака капачето од теглата треба да биде маааалку поотворено. За да дишат. Слично е како комбухата, само што со неа треба многу повеќе одржување потешко е. Ова ти одзема 5 минути само. Пиеш секој ден од течноста колку сакаш, чаша две, три. Јас ги имам веќе два дена, се размножуваат за недела -две, па ако сака некој може да му подарам. И ќе дообјаснам лично како се чува и користи. Еве и еден клип отприлика да се виде. http://www.youtube.com/watch?v=u7j7ZXgbH7I
Па вака може да се купи преку интернет бог знае од каде. Во Македонија колку што знам не се продава. Може само преку луѓе да се дава. Ако си од Скопје ќе средиме некако.
Лакримоса ме интересира каков е вкусот и мирисот ? Оти малце проблематична сум посебно кога е мирисот во прашање Ако е како комбухата воопшто да не размислувам оти ич не ми е убава за пиење
Баш сега во моментов пијам. Инаку има вкус на шира и се осеќа и лимонот, бидејќи ставив суво грозје. Мене ми се допаѓа баш. А ќе пробам и со суви кајсии уште поубаво ќе биде. Секој ден по 1-2 чаши пијам.
nov sum na sajtov ke moze i mene da mi dades da probam inaku go kupuvam kefirot od marketi jas sum od sk
Порано чувавме, ама после некое време заборавивме да пиеме. Навистина е многу здрав, а и пијалокот не е лош. Сега се заинтересирав за млечен кефир, да си потквасувам млеко со него сакам, ама не можам да најдам. Ако не најдам млечен, ќе ти пишам Лакримоса да ми донесеш кога ќе дојдеш во Охрид (ако можеш и сакаш )од водениот, па пак ќе го правам, овој пат посериозно.
Млечен кефир имам видено по маркетиве, али нормално не е од тој природниот и правилниот. Важи, Струга - Охрид тука сме, и онака идам и натаму. Мене ме нервира шо морам да трошам пари за вода, шоубаво ќе беше да можеше од обична од чешма.
Во Струга не мора да арчиш пари на вода, доволно е чиста, како дестилирана. За Скопје не би го рекла истото.
И јас тоа се мислев, преубава вода имаме Струга. Овде Скопје, ужас. Варам вода за чај, кога гледам водата белаа белааа... ух
Знам за млечен кефир кој се прави во млеко, ја земав габата од една пријателка и го правев одреден период и потоа ми здосади и престанав да го правам. Специфичен е вкусот, како јогурт со некој си блуткав вкус, а за овој воден несум чула.
Здраво, дали знаеш каде може да најдам кефир ? доколку има некој кој го одгледува тука може да ми помогне ? фала ви
Јас имам ама од оној што се става во млеко,ако има некој воден можеме да се замениме зашто сакам да имам и од двата
јас го пиев водениот кефир неколку месеци, сакам пак да почнам ама пошто дојам се прашувам дали смеам да го пијам, некако ми е шубе?? знае ли некој да ми каже??