Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    5.792
    Пол:
    Женски
    Мислам дека премногу долг пасивен период си го прави своето.Најдобро е пред се да замине на психолог кој колку-толку ќе му ја поткрепи самодовербата. Во меѓувреме, обиди се и ти самата да го поткренеш некако, би те советувала и да не бидеш премногу строга, но никако премногу мека, за да го протресеш, разбудиш, и да му всадиш чувство на одговорност, дека треба пред
    а матичниве само на такви прегледи праќаат, испитување на симптоматологија и покрај тоа што им наведуваш дека си вознемирен и при вакви моменти настануваат непријатностите . И чуму што ќе си го оправам стомакот, притисокот или слично, ако изворот на непријатностите не пресушува.Кога тогаш пак ќе настапи истата состојба. Убаво велев јас треба матичен психијатар за секој човек.
     
    На Missy980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Сето ова како јас да сум го пишувал.. Кога доаѓам дома од работа го исклучувам телефонот. Ме плаши кога ќе заѕвони, не сакам да правам муабет со никого, се плашам да не ме викнат на кафе па да морам да ги одбијам, а и кога ќе отидам едвај чекам да одам дома не ми се прави муабет воопшто. Се затворам во соба сам во свој круг. Ме плаши ѕвонче на врата, ме нервира гласна музика, пуштен телевизор, гужва, галама, нервозно одговарам на најобични прашања.

    Пред околу еден месец сестра ми правеше свадба. Бев под огромен стрес и страв дека нешто лошо ќе се случи пред тоа. Дека нешто ќе ни ја расипе среќата и до свадба нема да дојде. Многу црни мисли.
    Ден пред свадбата имав премногу обврски, цел ден бев во брзање и трчање и огромен стрес. Мислев дека нема се да завршиме на време. Чувствував голем страв и вртоглавица. Неможев да стојам, мислев дека губам рамнотежа и паѓам. Во таква ситуација на ден пред свадбата за влакно избегнав сообраќајка. Возев накај дома кон мојот град. Бев вознемирен ми се матеше погледот. Не бев свесен дека сум зад волан и возам со голема брзина.Бев како во сон. Се ми беше нереално. Мислите одлетани. Влегов во една кривина и наеднаш ми наиде автомобил. Панично почнав да кочам (иако немаше потреба, лесно можевме да се разминеме, а и автомобилот од спротива не беше толку блиску колку што јас почувствував) и при наглото кочење задницата од колата ме фрли накај другиот автомобил. Успеав да го избегнам за потоа да ме зафрли на другата страна. За малку не излетав од патот. Тогаш влегов во уште поголем шок. На денот на свадбата цело време како да не бев јас. Бев во неверување како да не се случува тоа што го гледам.Неможев да се радувам ниту на убави моменти. И сега имам чувство како никогаш да не сум присуствувал таму. Како некој да ми прераскажувал..
     
    Последна измена од модератор: 24 август 2017
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    Ќе ми прават систематски преглед за на работа, дали е можно некако да дознаат дека пијам Ад? Ако дознаат можат да ме избркаат од работа.....
     
  4. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Ако ти прочитаат во книшка може да дознаат..Извештај никој не смее да напише дека ти земаш било какви лекови..Нив ги интересира да не имаш заразна болест итн,посебно ако работиш во допир со храна..
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    Имам во книшката од 2010, а инаку за во бутик е.
     
  6. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Почни ја борбата..активирај се физички..и послушај ги моите совети!Ке помине! Н есе предавај...здрав си!

    ке помине обрачот откако ќе се смириш!
     
    Последна измена од модератор: 25 август 2017
    На La diabla му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Koj e od sk neka mi kaze kade da najdam joga centar?
     
  8. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Сите имаме кризи, некои побрзо ги пребродувам, за некои ми треба време. Се си мислам освен работата мора да најдеме и некое хоби, нешто во што сме добри, нешто кое ќе ни помага да се концентрираме на тоа и да се препуштиме целосно. Работа ко работа, некогаш ме исполнува, но најчесто не ми е доволно. Тука сме за поддршка.
     
    На dunja и TRANSPORTER086 им се допаѓа ова.
  9. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Центар за јога и личен развој, www.yogacentar.org.mk tel 075 554 586, ова го најдов на нет, види ако ти одговара исконтактирај ги
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Некој да има позитивно искуство со психотерапија, некој добар психолог/психотерапевт? Во Скопје.
     
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Заборавате една битна работа, а тоа е трпение. И кога ќе биде најлошо нека ве води мисла дека ќе биде подобро, наместо потресување за секој симптом. Дајте му време на времето и игнор како што вели Дуња.
    Без трпение нема напредок.
    Ад не можат да ја завршат цела работа, за да се разочарувате кога ќе се вратат симпомите. Трпение и работа, и кога е лошо речете "во ред имам право да бидам и тажна, има и такви денови, утре е нов ден, ќе биде подобро" Луѓе сме, чувствуваме, на никој не му е добро цело време.
     
    На GirlLove, TRANSPORTER086, dunja и 2 други им се допаѓа ова.
  12. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Бев еднаш кај Александар Марцикиќ...P.Z.U. Evromedika..човекот е Ок ми се допадна ..само цените малку се високи барем з амене ...тоа ти си знаеш..пробај со него ..топло ти го препорачувам...
     
    Последна измена: 25 август 2017
    На Anie93, Scorpio87 и TRANSPORTER086 им се допаѓа ова.
  13. Missy980

    Missy980 Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас сум одела кај Марцикиќ во Евромедика и човекот знае да даде надеж, еден од ретките што ми оставил впечаток. Сега почнав на когнитив бихејвиорална терапија во Еквилибриум, психијатарката е мошне млада, и мошне скапа :) Се уште немам изградено мислење, ќе видам од наредна средба. Она што ми се допадна е дека не гледаше на саат, останав можеби 2 часа, а според она што го разбрав, работи со конкретни техники за опуштање и дефокусирање.
     
    На Mumoftwo30, dunja и Scorpio87 им се допаѓа ова.
  14. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    3.065
    Пол:
    Женски
    Во последно многу се плашам кога некој зборува за некој кој се самоубил пошто неможел да си ја излечи депресијата , луѓето со кои се дружам незнаат дека имам депресија па кога ке зборуваат за некои вакви случки многу ми е лошо :(
     
    На Scorpio87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tea95

    Tea95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Јас имам претеран страв да не се случи нешто лошо и кога ќе спомне некој дека умрел некој друг мене морници ме лазат и ми идат слики од гробови, и такви работи :worried:
     
  16. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случува, мене ми е дијагностицирано анксиозност и депресија, и мене ме нервираат и ме обесхрабруваат такви муабети..
     
  17. Missy980

    Missy980 Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Пиеш ли нешто за тоа? Како се бориш со дијагнозата? Јас компетно и се препуштив, се изолирав од сите и од се и не знам како да си помогнам
     
  18. prettymamma

    prettymamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Асентра никако, предизвикува суицидни мисли
     
  19. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    3.065
    Пол:
    Женски
    Јас пиев асентра пред 2 години супер бев не ми предизвика никакви суицидни мисли, тие мисли не верувам дека се од АД
     
  20. Pozitiven

    Pozitiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Доколку ги прочиташ упатствата за употреба и за други видови на АД ќе видиш дека ако не кај сите кај повеќето можат да предизвикаат такви мисли а и некои други работи.Ама ниту псхијатар не информира за тоа ни ништо тие само знаат да ни ги препишат и после ние ќе си ја чешаме главата.
    еве за негативни ефекти пример сум јас од ко почнав да ги пијам тогаш кога требаше да почнат да делуваат (после месец, два) наместо подобар да бидам јас бев во многу лоша состојба.
    Не велам дека не треба да се пијат ама треба добро да се размисли дали е неопходно за АД и повеќе консулатација со психијатарот пред да почнат да се конзумираат.
    поздрав :)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.