Мислам дека премногу долг пасивен период си го прави своето.Најдобро е пред се да замине на психолог кој колку-толку ќе му ја поткрепи самодовербата. Во меѓувреме, обиди се и ти самата да го поткренеш некако, би те советувала и да не бидеш премногу строга, но никако премногу мека, за да го протресеш, разбудиш, и да му всадиш чувство на одговорност, дека треба пред а матичниве само на такви прегледи праќаат, испитување на симптоматологија и покрај тоа што им наведуваш дека си вознемирен и при вакви моменти настануваат непријатностите . И чуму што ќе си го оправам стомакот, притисокот или слично, ако изворот на непријатностите не пресушува.Кога тогаш пак ќе настапи истата состојба. Убаво велев јас треба матичен психијатар за секој човек.
Сето ова како јас да сум го пишувал.. Кога доаѓам дома од работа го исклучувам телефонот. Ме плаши кога ќе заѕвони, не сакам да правам муабет со никого, се плашам да не ме викнат на кафе па да морам да ги одбијам, а и кога ќе отидам едвај чекам да одам дома не ми се прави муабет воопшто. Се затворам во соба сам во свој круг. Ме плаши ѕвонче на врата, ме нервира гласна музика, пуштен телевизор, гужва, галама, нервозно одговарам на најобични прашања. Пред околу еден месец сестра ми правеше свадба. Бев под огромен стрес и страв дека нешто лошо ќе се случи пред тоа. Дека нешто ќе ни ја расипе среќата и до свадба нема да дојде. Многу црни мисли. Ден пред свадбата имав премногу обврски, цел ден бев во брзање и трчање и огромен стрес. Мислев дека нема се да завршиме на време. Чувствував голем страв и вртоглавица. Неможев да стојам, мислев дека губам рамнотежа и паѓам. Во таква ситуација на ден пред свадбата за влакно избегнав сообраќајка. Возев накај дома кон мојот град. Бев вознемирен ми се матеше погледот. Не бев свесен дека сум зад волан и возам со голема брзина.Бев како во сон. Се ми беше нереално. Мислите одлетани. Влегов во една кривина и наеднаш ми наиде автомобил. Панично почнав да кочам (иако немаше потреба, лесно можевме да се разминеме, а и автомобилот од спротива не беше толку блиску колку што јас почувствував) и при наглото кочење задницата од колата ме фрли накај другиот автомобил. Успеав да го избегнам за потоа да ме зафрли на другата страна. За малку не излетав од патот. Тогаш влегов во уште поголем шок. На денот на свадбата цело време како да не бев јас. Бев во неверување како да не се случува тоа што го гледам.Неможев да се радувам ниту на убави моменти. И сега имам чувство како никогаш да не сум присуствувал таму. Како некој да ми прераскажувал..
Ќе ми прават систематски преглед за на работа, дали е можно некако да дознаат дека пијам Ад? Ако дознаат можат да ме избркаат од работа.....
Ако ти прочитаат во книшка може да дознаат..Извештај никој не смее да напише дека ти земаш било какви лекови..Нив ги интересира да не имаш заразна болест итн,посебно ако работиш во допир со храна..
Почни ја борбата..активирај се физички..и послушај ги моите совети!Ке помине! Н есе предавај...здрав си! ке помине обрачот откако ќе се смириш!
Сите имаме кризи, некои побрзо ги пребродувам, за некои ми треба време. Се си мислам освен работата мора да најдеме и некое хоби, нешто во што сме добри, нешто кое ќе ни помага да се концентрираме на тоа и да се препуштиме целосно. Работа ко работа, некогаш ме исполнува, но најчесто не ми е доволно. Тука сме за поддршка.
Центар за јога и личен развој, www.yogacentar.org.mk tel 075 554 586, ова го најдов на нет, види ако ти одговара исконтактирај ги
Заборавате една битна работа, а тоа е трпение. И кога ќе биде најлошо нека ве води мисла дека ќе биде подобро, наместо потресување за секој симптом. Дајте му време на времето и игнор како што вели Дуња. Без трпение нема напредок. Ад не можат да ја завршат цела работа, за да се разочарувате кога ќе се вратат симпомите. Трпение и работа, и кога е лошо речете "во ред имам право да бидам и тажна, има и такви денови, утре е нов ден, ќе биде подобро" Луѓе сме, чувствуваме, на никој не му е добро цело време.
Бев еднаш кај Александар Марцикиќ...P.Z.U. Evromedika..човекот е Ок ми се допадна ..само цените малку се високи барем з амене ...тоа ти си знаеш..пробај со него ..топло ти го препорачувам...
Јас сум одела кај Марцикиќ во Евромедика и човекот знае да даде надеж, еден од ретките што ми оставил впечаток. Сега почнав на когнитив бихејвиорална терапија во Еквилибриум, психијатарката е мошне млада, и мошне скапа Се уште немам изградено мислење, ќе видам од наредна средба. Она што ми се допадна е дека не гледаше на саат, останав можеби 2 часа, а според она што го разбрав, работи со конкретни техники за опуштање и дефокусирање.
Во последно многу се плашам кога некој зборува за некој кој се самоубил пошто неможел да си ја излечи депресијата , луѓето со кои се дружам незнаат дека имам депресија па кога ке зборуваат за некои вакви случки многу ми е лошо
Јас имам претеран страв да не се случи нешто лошо и кога ќе спомне некој дека умрел некој друг мене морници ме лазат и ми идат слики од гробови, и такви работи
Истото ми се случува, мене ми е дијагностицирано анксиозност и депресија, и мене ме нервираат и ме обесхрабруваат такви муабети..
Пиеш ли нешто за тоа? Како се бориш со дијагнозата? Јас компетно и се препуштив, се изолирав од сите и од се и не знам како да си помогнам
Јас пиев асентра пред 2 години супер бев не ми предизвика никакви суицидни мисли, тие мисли не верувам дека се од АД
Доколку ги прочиташ упатствата за употреба и за други видови на АД ќе видиш дека ако не кај сите кај повеќето можат да предизвикаат такви мисли а и некои други работи.Ама ниту псхијатар не информира за тоа ни ништо тие само знаат да ни ги препишат и после ние ќе си ја чешаме главата. еве за негативни ефекти пример сум јас од ко почнав да ги пијам тогаш кога требаше да почнат да делуваат (после месец, два) наместо подобар да бидам јас бев во многу лоша состојба. Не велам дека не треба да се пијат ама треба добро да се размисли дали е неопходно за АД и повеќе консулатација со психијатарот пред да почнат да се конзумираат. поздрав