Па мислам дека за тоа и служи форумов,без разлика колку време сме тука јас сум со години на форумов и пак не сум ок...сменив 20 психијатри и пак се вртам во круг...сепак анксиозноста е состојба која не бира време, и при најмал стрес може да се повтори
Состојба на умот...недај Боже да имаме болест мораш да примаш терапија сакал нејќел,доколку кај оваа состојба има луѓе што одбиваат лекови и тераат така
Јас бев 3 години да кажам добро,и пак се ми се враќа...значи до степен да не можам до продавница да отидам нозете како да ми откажуваат и мислам дека полудувам во тој момент...Терапија ништо не помага...Кога ќе ми речат мораш и сама... Како сама да си помогнам? Да се рестартирам како телефон? Кога би можело супер ама за жал не може...секој ден се пцујам самата искрено ви кажувам како можев да станам ваков "инвалид" покрај здрава права личност...И потоа секако зошто јас,зошто на мене ова ми се случува луѓето околу мене си го живеат животот јас само тонам и тонам...До толку да не може да ми се потрефи ниту една терапија да живнам барем малку...Верувајте ми ако можете да издржите без апчиња со овас состојба,не можам да кажам дека сте анксиозни
Состојба на умот да си кажувам ми е шарена бајка,и пијам и лекови кога видов дека не може поинаку значи дека имам болест.И некој ден ми е битка,некој ден добро.Не разбирам што ве навредува или плаши ако ја кажувам БОЛЕСТ.Ако не можам да станам од кревет,не можам да работам,сум изморена и нервозна како да опишам дека ми е СОСТОЈБА НА УМОТ?И со други болести така -не мора да се хронични,некогаш ги имаш ,па после може да се олечиш.На пример нешто пострашно од анкс и депра,како канцер,пу пу,скраја да е од секој.Познавм луѓе со психози со правилна терапија идат секој ден на работа и деца чуваат.
И анксиозност како анксиозност сама е болест ама тоа е најмалку важно, важно е да откриеш што довело до истата, да се тргнат тие ризик фактори, да се среди, да се контролира и да помине.
Не е болест, туку е (for the lack of a better word) појава, нешто слично на стравот. Не се будиш едно утро и од никаде ништо осеќаш страв, туку има некоја причина поради која осеќаш страв. Истото е и со анксиозноста. И со депресијата. Итн. Се сложувам со едно, а тоа е дека треба да се открие што довело за да се појави анкциозноста - која е причината - па да се работи на решавање на таа причината со цел да се отарасиш од анкциозноста. И да го прифатиш фактот дека од време на време, пак ќе има некоја причина поради која ќе осеќаш анкциозноста, ама нема да паничариш, ќе почнеш да копаш да откриеш која е причината и со тек на време, ќе се ослободиш од неа. Сè до наредната причина.
Едно е анксиозност како нормално чувство што се појавува од време на време кај сите луѓе, друго се анксиозни пореметувања. Вторите спаѓаат во ментални болести/пореметувања, првото е нормална појава, чувство. Не знам зошто е толкава стигма да се каже болест.
Здраво нова сум овде и сакам да побарам помош,после паничен напад ми се смени животот постојано имам негативни мисли но кога сум во друштво се чуствувам подобро кога сум сама мислам само на лошо,на пример кога зборуваме за подолг период со пријателите како за една година за наредното лето јас имам некоја глупава мисла дека ке ме нема до тогаш дека ке се случи нешто.
Имам по 3-4 панични во 2 часа кои траат по неколку минути, да не зборам и дека воопшто не сум свесна за себе пред и после паничниот. Вака ми е веќе неколку дена пошто сум во многу тежок период. Премногу ме боли главата од паничните, не можам воопшто да функционирам, не ми помагаат ниту лекови за болка а ни за смирување, нешто друго да испробам? Само ве молам поштедете ме од коментари 'разговор со психолог, работа на себе' и слично.. Ништо не ми помага
Истото го имам доживеано и испробано дури не се помирив дека имам проблем. Само што ад најмногу ми помогнаа, а после и психолог. Ај да не е одма оди на психијатар, џабе се мачиш почекај прво да ти помини лошиот период. Телото кога е под стрес реагира така. Едноставно мозокот се брани до тоа што не сакаме да се соочиме со ситуацијата. Консултирај се со матичен лекар нека ти каже мислење, па според состојбата ќе видите до каде си.
Епа каков друг совет очекуваш освен тоа дека ти треба терапија? Магично нешто не постои за ова ти што го пишуваш....
3 години сум во депресија, имам одено и кај психијатар и кај психолог, ајде еден не ми помогна, барав друг, сменив неколку воопшто ништо не ми помогна. Помош не гледам во непознати луѓе кои кога излезам од нивната врата и влезам пак тие дури и името ми го заборавиле. Премногу сум долго во ова да знам што, како и колку ми помага, побарав некој совет за како да ми престанат главоболките кои се предизвикани од паничен напад бидејќи неподносливи се, за главоболки сигурно нема психолог да ми помогне!
Ако главоболките ти се последица од паничниот напад, се разбира дека психолог би ти помогнал евентуално. Ама ако бараш апчиња - бруфен 600, кетонал, аспирин плус Ц, вентор… едно од овие би требало да помогне, само пази да не се препиеш апчиња па после да имаш rebound headaches
Немам никакво лошо искуство со никој психолог и психијатар, само тоа за мене е губење време, сум била и кај најлоши и кај најдобри. Психолозите треба со разговор да ти помогнат да видиш што е добро за твоето ментално здравје, ми покажале и што ако? Оди докажи на некој како мене дека е вредно за живеење, на некој што секој ден само нешто лошо му се случува. Мене најдобриот психолог во мојот град ми кажа дека не сум јас за да одам на психолог него дека треба сите психолози да дојдат кај мене за да видат што значи реалност и како треба некој да се однесува и колку треба да се бори за себе, тоа ми беше доволна мотивација да сфатам всушност колку вредам и дека го правам вистинското. Нејќам да го бојам светот во розево, не дозволувам и било кој да ми ја полни главата со боја кога ги гледам реалните бои на животот. Милон пати се имам откажано и милион пати сум имала моменти на слабост, во тој миг изгледа како ништо дека нема да помине, не ми треба некој да отидам да си го трошам времето, да фрлам пари и да ми каже ке помине, не ми треба некој да ми каже само работи на себе повеќе, не ми треба некој кој ке ми кажува вежби како да дишам кога ке се изнервирам или било што.. На сите анксиозни и депресивни само им треба поддршка, кога веќе не можат да ја најдат од блиски бараат помош од други. И јас повеќе пати побарав помош тука, бидејќи немам некои блиски, и не добив, да бев барем малце послаба веднаш ке се самоубиев и кривицата ке беше ваша ама никој немаше тоа ни да го примети. Отворете ги малце очите, многу имаат пишано тука и побарано помош а од вас добиле само навреди, некого тоа ке го кошта живот...