Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.949
    Чувството дека околината е променета дека не ја познаваш, а свесна си дека не е така во реалноста се вика дереализација. Ова не е невообичаено за некој кој се бори со депресија и анксиозност и има акутен стрес.
    Те читам низ темите и се гледа дека стварно си имаш мака ама и дека сакаш да работиш на тоа да ти биде подобро што е добар почеток. Не знам на каква терапија си била до сега ама пробај когнитивно-бихејвиорална терапија. Најди некој искусен психотерапевт и работи на себе.
    Друго што приметив е дека имаш проблем во одржување на другарства, прифаќање на критики, проблеми на работа и мислам дека тоа треба да го тематизираш на психотерапијата.
    Многу често велиш дека другарствата ти се еднострани и дека те избегнуваат. Реално може и некој те препознал на форумот и не сака неговите проблеми или вашите муабети да ги чита тука. Имаш многу информации споделено за себе и мислам дека ова може да е една од причините што те избегнуваат.
    И уште еден совет за крај запиши се на некој спорт. Ова ти е одличен начин да стекнеш нови пријателства и да го намалиш барем малку стресот.
     
    На senjorita-v и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    2,5, пијам 11 години
     
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.442
    Допаѓања:
    16.900
    Дали имаш искуство со таков психолог. Ако имаш пиши порака. Не можам јас тебе.
     
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.949
    Не живеам во Македонија, не можам да ти помогнам. Ама распрашај се сигурно има некој кој прави таква терапија.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Skorpija12

    Skorpija12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2022
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Како ги контролирате емоциите. Некогаш од толкава раздрадливост дури и викотница ме вознемирува и после тоа имам стегање во гради, покачен притисок, не можам да се опуштам. Ќе пројде ли чумава еднаш засекогаш. Поздрав до сите борци :)
     
    Последна измена: 5 август 2025 во 22:07