Да, така е. Колку повеќе се затрупаш во обврски толку помалку мислиш. На крај од денот од умор ставаш глава на перница и одма заспиваш. Јас кога сум нервозна а во последно време се почесто ова ми е бегство. И пешачење...
Таа е доктор дава лекарства откако ќе те сослуша,повеќе за насоки помага психолог,имаш добар психолог во болницата кај кожно одделение, се вика Светлана Илоска, исто ќе земиш и за кај неа упат од матичен, ќе платиш 80 денари
Здраво Бибиче, Од мое искуство и од знаењето што го добив од Гешталт психотерапијата - првиот чекор кон справување со анксиозноста е да го смениме односот кон неа. Обично ја сметаме како непријател - и сакаме да ја избркаме и да се спасиме од неа.. И тоа е нормално и човечки да сакаме да избркаме нешто што ни пречи да го живееме животот со полн капацитет. Но дали тој пристап на отпор кон анксиозноста дава резултати? Обично не. Често позади анксиозноста, стравовите и симптомите се крие порака за некои наши незадоволени потреби или потиснати емоции.. Тоа може да е потребата за безбедност е незадоволена.. Или потиснати стравови - зошто ако ги искажеме се плашиме дека ќе бидеме осудени од околината. Но што ако изградиме поинаков однос со анксиозноста? - Однос каде што ќе ја слушнеме, наместо бркаме. Можеби таквиот однос со анксиозноста ќе ни помогне да дознаеме кои наши потреби се незадоволени и како може да ги задоволиме преку различни активности и избори во животот. Така анксиозноста, наместо да биде пречка, може да ни стане водич во животот. Од мое искуство прво почнав да го менувам односот кон неа. Кога ќе се појавеше анксиозноста се обидував да ја набљудувам без намера да ја избркам. Потоа почнав да ја истражувам (само , па потоа и со психотерапевт), за да да ја разберам и интегрирам како дел од мене која има некаква функција во мојот живот. Ти посакувам убав ден!