Здраво, Дали некој од вас се има соочено со анксиозни напади, т.е. црни сценарија за животот на некој свој близок, постојано да живее во страв дека тој е болен, а никој друг да не го гледа тоа така?
Никој нема да те разбере ако не отвориш уста и не зборуваш за она што ти е на ум. Никој нема да ти помогне ако прво не побараш помош. Никој нема да те забележи ако самиот не се забележиш. И никој нема да ги води вашите битки ако не можете да се одбраните. Ние луѓето се криеме понекогаш од страв, а понекогаш од срам. Не зборуваме за да не вознемируваме. Затоа што размислуваме што ќе мислат луѓето за нас. Зборуваме глупости, немојте погрешно да нè сфатите. И завршуваме во партали. Сами. Беспомошни. И на крајот се прашуваме: „Што тргна наопаку?“ Се прашуваме: „Каде отидоа сите?“ Зборувај гласно, побарај помош, грижи се за себе и бори се. Не чекајте работите сами да се поправат. Дури ни самиот Бог не се меша во твојот живот без ти да го побараш тоа... Елефтеријадис Елефтериос ППравославни Духовни поуки од Светите Старци
Имам едно прашање: Дали вртоглавица препратена со огромен внатрешен немир е на психичка база? И што може да биде причината за тоа?
Па обично е на психичка база, некој стрес или страв ако си доживеала, промена на време исто може да влијае.
Дали ти се врти цела соба или имаш чуство како да си во брод (се лулаш) ? Обично второто е поврзано со психички причини, а првото со проблеми со увото. Поврзана ли е вртоглавицата со некоја ситуација која предизвикува стравови ? Секогаш кога се јавува вртоглавица прво се исклучуваат органски причини за вртоглавицата: увото, проблеми со срцето, проблеми со 'рбетот во делот на вратот. Најдобро почни прво кај матичен па невролог( најдобро невропсихијатар). Ако се исклучи органска причина за вртоглавицата тогаш направи термин кај психотерапевт.
Како издржуваш? Ти се јавува на периоди, или константно те држи стравот? Дали често пати ја набљудуваш личноста за да најдеш одговор за и против она што го мислиш? Многу ме интересира дали претходно имаш доживеано смрт на блиска личност така да кажам, неочекувано, без да знаеш дека има некој здравствен проблем. Пробувам да сфатам дали шокот што ми се случи во минатото, сега е причина за да се опседнам за здравјето на другите најблиски.
Кога бев на 20 мг да, имав многу апетит и се здебелив. Ама мора да признам дека немав и никаква физичка активност и многу јадев брза храна. Сега сум на 10 мг и не осеќам зголемен апетит ама ниту па некаков бенефит, и сакам да пробам пак на 20 мг.
Јас намалив на 5мг, пред извесно време, среќа е се ок и вака, ама не сакам да зголемувам, многу ми се јаде, и многу потешко симнувам кг. значи и со вежбање и со пазење, ни 1 кг. некогаш не симнувам. Колку време ги пиеш?
јас го имам тој проблем. Вртоглавици како да се лулам некогаш уствари чувството е како некој да ме удира по глава па после тоа чувство на лулање. На Невролог сум одела 2 пати и "ништо не ми е" правев рентген и кт на глава. - ништо не ми е.
Само, вкупно 3 месеци ја пиеш? Охоооо, чекај ќе видиш, ќе збориме за 1 година колку отвара апетит, и колку ќе се здебелиш.
Не не, јас бев на 10, па на 20, па завршив терапија и 2 години бев Ок, ама силом прилике сега пак почнав