Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    1.728
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали некој од вас се има соочено со анксиозни напади, т.е. црни сценарија за животот на некој свој близок, постојано да живее во страв дека тој е болен, а никој друг да не го гледа тоа така?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.677
    Допаѓања:
    17.607
    Никој нема да те разбере ако не отвориш уста и не зборуваш за она што ти е на ум.

    Никој нема да ти помогне ако прво не побараш помош.

    Никој нема да те забележи ако самиот не се забележиш.

    И никој нема да ги води вашите битки ако не можете да се одбраните.

    Ние луѓето се криеме понекогаш од страв, а понекогаш од срам.

    Не зборуваме за да не вознемируваме.

    Затоа што размислуваме што ќе мислат луѓето за нас.

    Зборуваме глупости, немојте погрешно да нè сфатите.

    И завршуваме во партали.

    Сами. Беспомошни.

    И на крајот се прашуваме: „Што тргна наопаку?“

    Се прашуваме: „Каде отидоа сите?“

    Зборувај гласно, побарај помош, грижи се за себе и бори се.

    Не чекајте работите сами да се поправат.

    Дури ни самиот Бог не се меша во твојот живот без ти да го побараш тоа...

    Елефтеријадис Елефтериос

    ППравославни Духовни поуки од Светите Старци
     
    На Filip N, Aleks.mar и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  3. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање: Дали вртоглавица препратена со огромен внатрешен немир е на психичка база? И што може да биде причината за тоа?
     
  4. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    3.741
    Пол:
    Машки
    Па обично е на психичка база, некој стрес или страв ако си доживеала, промена на време исто може да влијае.
     
    На Mumoftwo30 и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  5. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.061
    Пол:
    Машки
    Јас...
     
  6. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    2.312
    Дали ти се врти цела соба или имаш чуство како да си во брод (се лулаш) ? Обично второто е поврзано со психички причини, а првото со проблеми со увото. Поврзана ли е вртоглавицата со некоја ситуација која предизвикува стравови ?
    Секогаш кога се јавува вртоглавица прво се исклучуваат органски причини за вртоглавицата: увото, проблеми со срцето, проблеми со 'рбетот во делот на вратот. Најдобро почни прво кај матичен па невролог( најдобро невропсихијатар). Ако се исклучи органска причина за вртоглавицата тогаш направи термин кај психотерапевт.
     
    На Aleks.mar и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  7. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    1.728
    Пол:
    Женски
    Како издржуваш? Ти се јавува на периоди, или константно те држи стравот? Дали често пати ја набљудуваш личноста за да најдеш одговор за и против она што го мислиш?
    Многу ме интересира дали претходно имаш доживеано смрт на блиска личност така да кажам, неочекувано, без да знаеш дека има некој здравствен проблем.
    Пробувам да сфатам дали шокот што ми се случи во минатото, сега е причина за да се опседнам за здравјето на другите најблиски.
     
  8. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.061
    Пол:
    Машки
    Се справувам преку Елицеа од 10 мг :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Леле, едно прашање: дали се здебели од елицеата, и дали повеќе имаш апетит? :envy:
     
  10. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.061
    Пол:
    Машки
    Кога бев на 20 мг да, имав многу апетит и се здебелив. Ама мора да признам дека немав и никаква физичка активност и многу јадев брза храна. Сега сум на 10 мг и не осеќам зголемен апетит ама ниту па некаков бенефит, и сакам да пробам пак на 20 мг.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Јас намалив на 5мг, пред извесно време, среќа е се ок и вака, ама не сакам да зголемувам, многу ми се јаде, и многу потешко симнувам кг. значи и со вежбање и со пазење, ни 1 кг. некогаш не симнувам.

    Колку време ги пиеш?
     
  12. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.061
    Пол:
    Машки
    3 месеци точно
     
  13. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    јас го имам тој проблем. Вртоглавици како да се лулам некогаш уствари чувството е како некој да ме удира по глава па после тоа чувство на лулање. На Невролог сум одела 2 пати и "ништо не ми е" правев рентген и кт на глава. - ништо не ми е.
     
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Само, вкупно 3 месеци ја пиеш? Охоооо, чекај ќе видиш, ќе збориме за 1 година колку отвара апетит, и колку ќе се здебелиш. :@
     
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    2.061
    Пол:
    Машки
    Не не, јас бев на 10, па на 20, па завршив терапија и 2 години бев Ок, ама силом прилике сега пак почнав
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.677
    Допаѓања:
    17.607
    Пореално, кажано нема.
    Превземено од едно психолошко катче.

    Искуството ми потврдува дека луѓето полесно посегнуваат по лекови отколку што се решаваат да го променат својот животен стил.
    Типичен пример е личност со анксиозно пореметување. Чувствува постојана тензија, забрзана работа на срце, немир, несоница... Оди кај лекар и добива лек (ансиолитик) што веднаш ја смирува. По неколку дена се чувствува подобро.
    Но, не ја менува секојдневната рутина, иако знае дека анксиозноста е поврзана со претерана работа, недостиг на сон, изолација, прекумерно користење на телефон...

    Зошто избира лек, а не промена?
    Лекот делува како непосредна "награда", а промената во животниот стил бара денови, недели, месеци...
    Од друга страна, да се соочи со причините за анксиозност (нездрави односи, притисоци, незадоволство од работа...) е болно.
    Лекот ја „пригушува“ болката без да бара конфронтација.
    Тука е и општеството кое често праќа порака дека е „нормално“ да се зема нешто за да се смириш, но не и дека е нормално да се намали темпото или да се оди на терапија.
    Лицето знае дека анксиозноста има психолошка позадина, но земањето лек создава чувство дека прави нешто, со што се намалува внатрешниот конфликт.

    Што би било психолошки поздраво?

    Комбинација на лекови (ако е потребна), придружено со долгорочна работа на навиките: сон, физичка активност, престој во природа, социјална поврзаност, психотерапија...

    Овој пристап не само што ги ублажува симптомите, туку и ја отстранува причината, прекумерниот стрес, потиснатите емоции и нереалните очекувања.
     
    На Aleks.mar, Puffy2019 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Ова најреално и за себе да си го примениш треба. :D
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    2.312
    Обично ОРЛ специјалист и невролог се консулитраат за вртоглавица. Снимка најдобро магнет на глава и вратна кичма. ЕКГ и крвна слика да се види шеќерот како е.Важно е и какви лекови земаш, да не е некој од нив причина за вртоглавицата. Ако се исклучи органска причина тогаш ти треба добар психотерапевт да се види кога доаѓа до вртоглавица всушност што е причината за неа. Треба да се види дали има панични напади, дали има пропратно депресија, психичко преоптоварување или нерешени конфликти.
     
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Сите симптоми, и плус уште неколку други, ги имав пред 3 години кога ми открија анксиозност, се живо проверував, и ЕЕГ на глава, ехо на се можно што може да се направи, крв колку имам проверувано тој период не знам ни сама, хормони, па на трансфузиолог, да не набројувам, ама нема доктор што не го посетив. И на крај остана психијатар и психолог, долго време се трудев без терапија да ја победам анксиозноста ама не одеше едноставно, морав да земам терапија, како што ми препишаа, во меѓувреме одев на психолог, и пробував да се стабилизирам себеси, почнав да вежбам и да посветувам повеќе време на себе, да читам книги, да готвам и учам нови рецепти, итн....

    Сакам да кажам дека, ако е дијагностицирана веќе анксиозност ова се типични нејзини симптоми, ако не, исклучете физички симптоми, па после психолог, па ако е потребно и психијатар. Тешка борба е ама се исплати ако се вложиш доволно, сега ми е намалена терапијата на пола, по ред па и ќе пробам да ја откажам сосема.
    Бидете добри. :hug:
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.677
    Допаѓања:
    17.607
    Фала ти.
    Јас го пуштив за сите, исто така и за себе.

    Не знам зошто одма се коментира, све и свашта
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.