Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    26.476
    А тие што со децении пиете терапија (настрана 'работата'), дали се гледате/осеќате себе си како истата личност од пред 10 години и од пред 20 години? Истата личност само постара?
    Толку ништо се нема променето во основата?
    Еве лично, пред 7 години ми била дијагнозирана анксиозност и плус социјална анксиозност. Денес да отидам гарантирам дека ниту едно нема да ми биде дијагнозирано. Ама апсолутно максимално комплетно сум друга личност, комплетно ми е променет и менталитетот, и перспективата на животот, светот, себе си, и пристапот кон проблематиките, емоциите, комплексите, многу трауми се исцелени (само присутни као некаков дел од минатата јас), итн, итн. Да, пак ја доживувам анксиозноста, но нема толку јак ефект, тоа е што е, ама сигурно нема да имам дијагноза.
    Не го кажувам ова као фалење или омаловажување на други, само малце ми е неверно да си ист цел живот, шо се вика.

    Диклејмер: праам муабет само, ме интересира за да научам, не напаѓам, не омаловажувам.
     
    На Munchmallow20 и forumce им се допаѓа ова.
  2. Бибиче

    Бибиче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    121
    Да :)
    Има луѓе што не ги допира време.
    Татко ми ми вика како можеш да мислиш на времево, секое време си е убаво хахаха
     
  3. Бибиче

    Бибиче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    121
    Како ти успеало?
    Иначе, да, не сме истите, сменети сме, но само анксиозноста е постојана, зборам за себе.....
    Некако како да ми оди работава се на полошо и полошо, за жал....
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    26.476
    Многу работи испреплетени истовремено, ама ако може да изберам тоа што најмногу имаше влијание тогаш тоа би било стоицизмот. Многу практики од оваа филозофија ме измоделира во друга личност, и ден денес ме води низ сè, вклучувајќи го и справувањето со анскиозноста. Всушност многу од тие нешта се разработуваат со психолог, мој впечаток. Паралелно почнав со медитација. Со пишување во дневник, но со специфична практика, понатаму сфстив дека праам shadow work. Со фокусирање на добра исхрана и да бидам што е можно повеќе физичка активна. Со давање предност на читање книги, над скоро секое друго хоби. Со фокусирање на тоа што ЈАС можам да го направам, вклучувајќи и прифаќање на тоа што не можам да го направам. Многу самозапознавање, откривање што јас сакам, што не сакам, полека исфрлање на тоа што не ми се свиѓа, многу многу работење на одредени трауми, многу прифаќање и на комплекси, маани, нема водење инает, многу саморазбирање, самопочитување, самосакање, не барање валидација или било што од други, самовреднување, самоценење на сопствениот живот, прифаќање на краткоста и кревкоста на животов, многу многу работи.
     
    На Munchmallow20, bookslover и Бибиче им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.844
    Допаѓања:
    139.038
    Пол:
    Женски
    Зависи од што ти е предизвикано.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    26.476
    На кој начин зависи, во која смисла?
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Машки
    Причините поради кои ти се појавила анксиозноста.
    Јас на пример, во 2020 кога првпат бев, имав едни причини (проблеми), па со терапијата и тек на време ги надминав и прекинав терапија, па во меѓувреме ми се појавија нови поради кои пак почнав терапија. И морам да признам првиот пат подобро ја толерирав терапијата а сега лошо, а буквално истите апчиња и истата доза :)
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    26.476
    Да, не се сите причини со иста тежина. Исто и мојата се појавува од различни причини, а поготово јасно ми е за оние неколку пати во животов кога ми достигнала пик.
    Како и да е, си се справувал, па си прекинувал терапија, немаш пиено 10/20 години без пауза? Значи може да се надмине, имало промени во сето тоа време, тоа е клучното.
    Како беше она, ако сакаш нешто да се промени, мора да направиш промени.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.844
    Допаѓања:
    139.038
    Пол:
    Женски
    @MissChievous а што толку ти прави проблем ако пие некој 10 /20 години лекови без пауза? Која си ти да кажуваш кој како да се лечи?
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    26.476
    Каде реков дека 1 ми прави проблем некој да пие 10/20 години лекови без пауза, 2 кој како да се лечи?

    Значи дефинитивно никој не е отворен за вистински искрен разговор и споделување на искуство, секој се вреѓа и гледа на прашањата како напад (?).

    Нема врска, доволно муабетев, со среќа на сите.
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.361
    Допаѓања:
    27.976
    Пол:
    Женски
    Не сум Мис, ама ќе прокоментирам.
    Нена, нели тоа е темата, кој како си помага, напредува, уназадува и така натаму. Никој нема ништо против лекови ама ако завршува причата со посета на психијатар и пиење лек, не знам зашто воопшто да збориме.
    Мислам ако во нешто има разлика кај вакви полесни ментални состојби отколку потешки или физички болести, е што како поединци имаме slightly поголема контрола.
    Слично како луѓе што некогаш имале огромна трема пред јавен настап, ама по 10тото излагање веќе ја немаат, и тука се очекува со тек на време да се извежбаш за некои работи.

    Спомна дека никогаш не си била на психолог, само на психијатар, што според мене е грешка ама ти си знаеш:)