Јас пијам 12 години 20 милиграми,имав поспаност првите месеци,сега немам,мене единствено зепирата ме врати во живот,друго ништо не ми одговараше, одма ми проделуваа,од првата недела и немав никакви нус појави
На психијатар одма ке ти даде боледување ,ке му кажиш дека имаш потреба, две недели може да ти даде, ама прво матичниот треба да ти даде упат за на психијатар
Јас почнав зепира 5 мг две недели и сега 10 мг. Ги земав заради нестабилност во одење, магла во глава и вртоглавици ( тоа беа моите симптоми на анск) Вртоглавиците ги снема веднаш по неколку дена, спијам мирно, од време на време знае да се појави она чувство на лебдење ама рано е не е поминат ни месец од кога ги земам. Единствено имам поспаност деновиве.
дали ако се започне со ад, треба да се прекине со повремено конзумирање алкохол, во периодот додека се пијат?
Зепира, елицеа исто е, есциталопрам,немав никакви нус појави само поспаност затоа ги пиев на вечер,сега ги пијам преку ден не ме успиваат,на мене добро делуваат, а пробав многу
Не е пожелно, ама едно пиво една чаша вино една ракија, можеш, така викаат докторите,јас не пијам алкохол така да немам проблем со тоа
Во секоја, супер се чувствувам, се дружам одам во гужви шетам по светот,концерти ,журки возам кола одам на работа и најважно не чувствувам страв, се ова ми правеше напади на паника,од дома не излегував само болна, гуглав болести,одавна тоа го нема
Пожелно е со АД, да не се зема алкохол воопшто. Кај мене имаше нус појави елицеата, и околу 3 недели ми требаше да се навикнам на сето тоа, после супер функционирав, само пак ќе кажам, не очекувајте магија од апчињата, ако самите не се вложите и не сакате да промените нешто. Јас не пијам веќе 7 месеци АД, и за мене е тоа успех после 2 ипол години константна терапија.
јас треба да почнам со 5 мг ми е препишано насабајле, но читам дека некои се чувствувале поспани, па како ќе се оди на работа ако е така, а плус уживам да си пивуцкам пред ручек пелинковец, како ќе биде не знам ..
Почни, за некое време ќе имаш резултати, нус појавите се исти со физичките симптоми на анксиозност. Јас не би пиела алкохол со АД.