Здраво, наидов на аплилација во македонина преку која можам анонимно да си закажам и да се советувам со лиценцирани психолози. Има околу 20 и забележувам дека има се повеќе од недела во недела. Ми сметаше што е само допишување и им се пожалив па ми кажаа дека во многу скпро време ќе има и аудио разговор. Имав убаво искуство и сакав да ја препорачам. Линк до апп https://play.google.com/store/apps/details?id=com.culturetech.razgovormk.consumers Дали мислите дека можеби ова би ви било корисно?
Секој психолог си става своја цена, а се движат од 300 до 700 денари. Прептоставувам за аудио би било малку поскапо но сепак значително помалку од 1500-2000денари
Многу добра идеја, многу луѓе не сакат да одат на психолог бидејќи се срамат и ова според мене многу им би помогнало. Исто така цените се многу попристапни за разлика од тие по 1500, 2000.
Прв пат слушам за ова и се израдував. Сигурна сум дека ќе им помогне на многу луѓе кои се срамат да одат на разговор со психолог или не можат заради одредени причини. Еве мене ми фалеше ваков разговор, а не сум во можност да посетам. Го зборувам тукашниот јазик, ама не до толку да разговарам слободно и да си се олеснам за одредени работи.. одма закажувам една онлајн средба
Добра работа е, само кај нас немаше вакво нешто. Цените не се ни ниски, ни ефтини. Ако споредиме со приватното се супер, па сепак и тие за себе работат. Како што кажаа членките погоре, ова може многу да им помогне на оние кои од одредени причини не се во можност да посетат психолог или го стравуваат тоа. Ништо не ја заменува лице во лице сеансата, но многу луѓе секојдневно се соочуваат со проблеми и стресни ситуации и советите би им олеснале многу. Е сега некаде низ форумов читав и негативни коментари, дека не било воопшто ефикасно од типот што само едно де исто позитивни работи само кажувале што секој би ти ги кажал. Сепак, мислам дека вреди да се проба барем еднаш и еве тие што ќе пробаат нека го споделат своето искуство тука.