Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Кои се тие комшии за некој да мисли што ќе каже комшијата? Никогаш не ми воделе сметка кој каде е ниту јас на нив, ни роднини а ни комшии...
     
  2. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja луѓе изгубија блиски преку ноќ вие сте сите здрави и живи.
    На оваков или онаков начин сите се заразија.
    Однесувањето на маж ти е крајно дебилно да нарушиш семејни односи поради нештото кое апсолутно нема последица и кога зборам за семејни односи мислам на вас тројца не на поширока фамилија.
    Муабети од типот он не видел сплотено семејство ми се како правдање за неговото однесување.
    По тоа со ручекот јасно е се со каков човек го делиш животот.
    Мислев дека има некој скриен проблем ама како читам идам до решение дека он апсолутно не знае шо сака и е од оние мажи шо мислат дека жената е за во кујна.
    Не можам да дадам конкретен совет затоа што не сум се соочила со ваков тип на луѓе.
    И покрај сите совети мислам дека нема да прифати ништо од твоја страна да направи компромис.
    Имаш две опции да прифатиш дека е таков или не.
     
    На Cherry333, Oneo, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал низ тоа што го минуваш @Sofi.ja. Како што кажаа повеќето членки однесувањето на маж ти е тотално незрело и навистина личи дека лечи фрустрации поради недостсток на блискот со неговите. Короната не полуде сите, ама во држава каде се заразија пола милион и којзнае колку асимптоматски, можеше секој од секаде да се зарази. Тоа држење лутина е издувен вентил за којзнае што. Ако му е повредено егото заради тоа што не ти помогнал со работа и сл. прашај го дали сте вие партнери или ривали па да се натпреварува кој повеќе ќе придонесе. Јас сепак мислам веќе да не ги мешаш неговите, држи дистанаца и остави тој да олади, не му спомнувај да одите кај твоите со него. Може ќе види дека не ти е гајле и сам ќе легне на брашното. Ама јас да сум, нема да ја викам мајка ми секогаш кога ќе ми треба помош со малото, па нека бара чаре тој.
     
    На Martka, Skorpija25, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    @Sofi.ja мој совет би ти бил, да седниш и да разговараш со маж ти искрено, отворено и смирено.
    Со логични аргументи и контрааргументи и да се договрите каков пат ви одговара и на двата.

    Ако не можете да се воздржите од кавги (по муабетов, претпоставувам тој би избувнал), тогаш одете кај брачен советник, за да ви биде 'модератор'.

    Не е крај на светот.
    И ако ти е за утеха, сите сме имале кризи во браковите.
    Вакви, или онакви.

    Со среќа :hug:
     
    На Martka, manako1 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.477
    Допаѓања:
    125.665
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja ваквата реакција на мажот ти мене само едно ми кажува: Он одел кај неговите почесто од што ти кажувал дека оди. Затоа се плашел да не им пренесе. Тоа барем јас мислам. А за другите проблеми и мешање на фамилии во брак не ти требало. Си ја викнала мајка ти да ти помогне кога било болно бебето, а да не беше во ист град? Како ќе се справеше? Мораш малку посамостална да бидеш. Не можеш да очекуваш да те тинтраат како девоче а ти си веќе мајка и сопруга. Убаво вели @kolovoz . Можеби и тоа претерано мешање на твоите му смета на мажот ти. Тоа што за се ги викате, се ти знаат.. Не оди така.
     
    На mira.mira, Oneo и kolovoz им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.477
    Допаѓања:
    125.665
    Пол:
    Женски
    Се додека има моите-твоите ќе имате проблем со браковите. Сфатете дека сте вие сега посебна единка. Почитување да, ама моите вака твоите така.. крај на бракот. И караници.
     
    На Cherry333, Survivor-Warrior, delvi и 7 други им се допаѓа ова.
  7. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    830
    Секој/а еден во бракот има некакви нервози и проблеми дали помали, поголеми дај боже надминливи. Но ова што и се случува на членката мислам дека е причина измислена или нетрпение помеѓу сопружниците ако и пред коронава имале некои недоразбирања па сега ескалирало. Жалосно е во време денес за вакви ситуации да се растураат семејства. Незнам колку време сте во брак @Sofi.ja многу незрело од твојот сопруг ова однесување или едноставно не е стабилна личност, доволно зрел незнам ни како да го наречам за ФАМИЛИЈА. Значи на ПРВО место е фамилијата што он ја создал значи најпрвенствено треба да си му ти и децата…. Па потоа твоите моите а не пак снаи золви шуру зетови да ги инволвира или пак можеби има проблем со братти па еве начекал ситуација да биде крајно немилосен
     
    На Skorpija25 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.947
    Допаѓања:
    12.155
    Пол:
    Женски
    Ама ја искара еј... Како можеш да знаеш па да користиш таков термин "ја тинтраат" |( самостална да била, не била девојче |( глупости. @Sofi.ja го пиша проблемот, за да пробаме да ѝ помогнеме да допре до мажот ѝ,а не да ја пееме каква е и што да прави со останатите. Ако сопругот има проблем, поентата е да каже, да направат муабет. Тука е целиот проблем. А не дека можеби му пречело доаѓањето на нејзините, па сега да претпоставуваме. Целиот проблем го гледам како немање отвореност во комуникацијата и не запнувам само на еден момент кој кога и што направил, па тоа да е клучен момент за неговата нервоза.
     
    На Skorpija25, Idedemja, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.660
    Не може да одел он кај неговите почесто од што одел ,затоа што нема кога да е тоа. Се знае кој каде е,кога сме на работа,кога по гости. Не сме цимери, семејство сме, имаме дете. Нормално дека ќе знаеме кој каде е во одреден момент.
    Он е тој што секогаш кога и да ни требало помош со бебето,сега веќе детенце ,прво ги спомнувал моите како опција. Уствари неговите се, цитирам: "стари и болни" и никогаш не се опција за чување на дете.
    Дури ни за да преспијат ноќ кога детето гори од тт и да помогнат со потопување на чорапи во оцет или да кажат од искуство како да постапиме.
    Многу работи правам сама уште од девојче без да побарам помош, така да не грижете се, доволно сум возрасна за брак (другата членка рече сум била малечка).
    Ете се погодило да сум во ист град со мајка ми и сме ја викнале да ни биде поддршка. Прво дете, прв пат кашлаше така,викенд фати, тт висока ,не знаеш дали да тргаш накај болница или премногу паничиш ќе помине до сабајле.
    Инаку ако баш те интересира, он со неговите збори на телефон по 3 пати во денот и секој детал е раскажан што се случило во текот на денот, па затоа не може да му смета што моите се знаеле.
    А моите не знаат се, сигурно дека имам граница што треба да кажам а што не.
    И не е тоа клучниот проблем, со друга намера го пишав постот,како што кажа @elenaklasik да ми дадете идеја како да допрам до него, да се разреши ситуацијава. Веќе го опишав по карактер каков е.
    Добив и доста корисни совети, фала ви на сите за реплицирањето.
     
    На MeowMeow, Stressed Out, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Јас само едно го гледам како грешка од твоја страна, не знам зошто мислите дека како родители не можете да се справите сами со болно дете.
    Моето и твоето се генерација и мене ми е прво и да ме факале паники и такихрдии сум имала кога била болна ама се смирувам.
    Не може мајка ми за мое дете да знае повеке од мене дури и на првата тт, се консултирам со неа затоа што е медицинско лице ама не е педијатар.
    Секоа настинка, тт, преглед, вакцина сме биле сами со мм и никако ме можам да замислам поинаку, да не се разбереме погрешно не сум нај мајка или мм е нај татко ама ние сме родители ако ние не сме столб и ако ние не превземе целосна одговорност врз детето кој? Мама да ја чекам, не.
    Кога викам грешка мислев на тоа нема шо да бара он од тебе да ѕвониш по мајка или ти да трчиш ке седнете и смирено детето е ваше и е ваша одговорност без разлика болно или не.
    Поентата ми е секоа една помош од страна доаѓа до префрлање кај парови шо се сосема различни и тешко им оди комуникација.
    Како и да е се надевам дека ке го решите проблемот.
     
    На kalinaka, nena2010, *katja* и 4 други им се допаѓа ова.
  11. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    830
    @Sofi.ja не ти дадов совет, само мнение што мислам за тоа што го пиша…
    Би те советувала еве како јас ги решавам моите проблеми со мм, го оставам детето кај моите дека у близина ми се. Јас и он сами дома седнуваме правам кафе или алкохол сипувам што год зависи од проблемот.. отварам дискусија и почнуваме дебата некогаш се дереме, некогаш плачеме знаеме и да се скубнеме ама важно на крај сепак се гушкаме и си го земаме детото одиме на прошетка или со пријатели зезанции ко ништо да не било. Многу зависи и табиетот на партнерот удоволи му или едноставно кажи му “извини за се не било намерно, само сакам да сме среќни заедно со нашето дете и дај да се оправиме” безразлика што не си крива за да го сочуваш мирот дома мораш
     
    На mira.mira, Hortenzija, elenaklasik и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    599
    Здраво
    Нешто знаете ,нешто не.
    Меѓудругото се посомневав дека има некоја друга... Можеби е само моја ниска моментално самодоверба,а можеби е и интуиција ,во глобала ме сум љубоморна ,но цело време е надвор "на цигара" со тел...
    Па така некни го земав тел да видам што правел толку. Кога отворив за последни користени апликации тоа беше исчистено ,а и ништо не најдов ,ок можеби нема а можеби е избришано ,како и да е тоа што ми "мати вода" е што ме фати додека му го чепкав телефонот ,(јас како попарена го "фрлив" на место ) а никако не изреагира.
    Дали не сакаше да спомне ништо бидејќи не сака да отвори тема- односно има нешто .
    Или е нека гледа колку сака јас сум чист...
    Што мислите ?
     
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.572
    Допаѓања:
    8.580
    Пол:
    Женски
    Еве лично ти да беше обратно ситуацијава ти да го фатеше него да ти чепка телефон како би изреагирала?
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Зошто само надвор збори на телефон, а не пред тебе?
     
  15. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.854
    Допаѓања:
    44.084
    Пол:
    Женски
    Знам те копка љубопитноста, ама телефон чачкање не е решение.
    Јас тел оставам на маса, гледаме едно до друго со маж, неам што да кријам, ама не сакам никој да ми го чепка. Ниту јас пипкам туѓи телефони, ни на маж, ни на мајка не сум земала да читам и гледам.

    Седни и разговарај со него, види реакции кога ќе го прашаш дали крие нешто па излага надвор.
    Е сега и тука може да те излаже ако сака, ама се надевам го познаваш доволно па да приметиш дали е сомничав.

    Инаку сега знаеш телефоните ги носиме и на цигата, и на мочање со нас, така да може и ништо да нема.
     
    На Biljarkata и IRBBB им се допаѓа ова.
  16. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    599
    Па би прашала ,зошто како ... Особено кога би знаела дека не е љубоморен општо како што знае дека не сум (мм беше порано,сега откако се породив и ни се појави кризата не е .. као сигурен бил веќе во мене затоа не е ) значи јасно ќе ми е дека се сомнева... и би гледала да решиме ситуација посебно кога сум чиста....
    Демек од работа го барале ...да разговарал раат.
    Уствари баш ова ме копка зошто до февруари месец освен кога спиеше бебето секогаш разговараше тука.
    Верувајте јас ова до сега во живот не сум го правела... Но во претходни врски ни со него ,ни во бракови изминатите 3 години...
    Ама многу му е сменето понашање то... И тоа ме доведе до ова.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.259
    Допаѓања:
    19.043
    А каде е тоа "надвор"...излегува на улица или го гледаш на видик ти е кога збори?
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.477
    Допаѓања:
    125.665
    Пол:
    Женски
    Како разбрав на балкон излегува.
     
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.259
    Допаѓања:
    19.043
    Прашувам дека ако е дома на балкон излегуваш и слушаш што збори...подотвараш врата има начини да е надвор испаднат на улица ајде де....ама ова се приметува по гестикулации, насмевка, тон дали е работа и љубоФ во прашање @Гладиоли
     
    На mira.mira, Bicka77, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Веројатно шара наоколу. Не знам, ниту еднаш коа сум бил со партнерка не сум имал потреба да излегувам надвор со мобилен или да бришам пораки, свашта бе, прашај го директ и види како ќе реагира.
    Често мажи прават срања кога жената е бремена или за време и пост породилно. Се надевам дека сопругот не е од таа класа морони кои наместо да бидат на располагање на сопруга во моменти кога е најранлива тие шараат во потрага по брз секс.
     
    На emiliana, Bicka77, Nikolina35 и 6 други им се допаѓа ова.