Кои се тие комшии за некој да мисли што ќе каже комшијата? Никогаш не ми воделе сметка кој каде е ниту јас на нив, ни роднини а ни комшии...
@Sofi.ja луѓе изгубија блиски преку ноќ вие сте сите здрави и живи. На оваков или онаков начин сите се заразија. Однесувањето на маж ти е крајно дебилно да нарушиш семејни односи поради нештото кое апсолутно нема последица и кога зборам за семејни односи мислам на вас тројца не на поширока фамилија. Муабети од типот он не видел сплотено семејство ми се како правдање за неговото однесување. По тоа со ручекот јасно е се со каков човек го делиш животот. Мислев дека има некој скриен проблем ама како читам идам до решение дека он апсолутно не знае шо сака и е од оние мажи шо мислат дека жената е за во кујна. Не можам да дадам конкретен совет затоа што не сум се соочила со ваков тип на луѓе. И покрај сите совети мислам дека нема да прифати ништо од твоја страна да направи компромис. Имаш две опции да прифатиш дека е таков или не.
Мене ми е жал низ тоа што го минуваш @Sofi.ja. Како што кажаа повеќето членки однесувањето на маж ти е тотално незрело и навистина личи дека лечи фрустрации поради недостсток на блискот со неговите. Короната не полуде сите, ама во држава каде се заразија пола милион и којзнае колку асимптоматски, можеше секој од секаде да се зарази. Тоа држење лутина е издувен вентил за којзнае што. Ако му е повредено егото заради тоа што не ти помогнал со работа и сл. прашај го дали сте вие партнери или ривали па да се натпреварува кој повеќе ќе придонесе. Јас сепак мислам веќе да не ги мешаш неговите, држи дистанаца и остави тој да олади, не му спомнувај да одите кај твоите со него. Може ќе види дека не ти е гајле и сам ќе легне на брашното. Ама јас да сум, нема да ја викам мајка ми секогаш кога ќе ми треба помош со малото, па нека бара чаре тој.
@Sofi.ja мој совет би ти бил, да седниш и да разговараш со маж ти искрено, отворено и смирено. Со логични аргументи и контрааргументи и да се договрите каков пат ви одговара и на двата. Ако не можете да се воздржите од кавги (по муабетов, претпоставувам тој би избувнал), тогаш одете кај брачен советник, за да ви биде 'модератор'. Не е крај на светот. И ако ти е за утеха, сите сме имале кризи во браковите. Вакви, или онакви. Со среќа
@Sofi.ja ваквата реакција на мажот ти мене само едно ми кажува: Он одел кај неговите почесто од што ти кажувал дека оди. Затоа се плашел да не им пренесе. Тоа барем јас мислам. А за другите проблеми и мешање на фамилии во брак не ти требало. Си ја викнала мајка ти да ти помогне кога било болно бебето, а да не беше во ист град? Како ќе се справеше? Мораш малку посамостална да бидеш. Не можеш да очекуваш да те тинтраат како девоче а ти си веќе мајка и сопруга. Убаво вели @kolovoz . Можеби и тоа претерано мешање на твоите му смета на мажот ти. Тоа што за се ги викате, се ти знаат.. Не оди така.
Се додека има моите-твоите ќе имате проблем со браковите. Сфатете дека сте вие сега посебна единка. Почитување да, ама моите вака твоите така.. крај на бракот. И караници.
Секој/а еден во бракот има некакви нервози и проблеми дали помали, поголеми дај боже надминливи. Но ова што и се случува на членката мислам дека е причина измислена или нетрпение помеѓу сопружниците ако и пред коронава имале некои недоразбирања па сега ескалирало. Жалосно е во време денес за вакви ситуации да се растураат семејства. Незнам колку време сте во брак @Sofi.ja многу незрело од твојот сопруг ова однесување или едноставно не е стабилна личност, доволно зрел незнам ни како да го наречам за ФАМИЛИЈА. Значи на ПРВО место е фамилијата што он ја создал значи најпрвенствено треба да си му ти и децата…. Па потоа твоите моите а не пак снаи золви шуру зетови да ги инволвира или пак можеби има проблем со братти па еве начекал ситуација да биде крајно немилосен
Ама ја искара еј... Како можеш да знаеш па да користиш таков термин "ја тинтраат" самостална да била, не била девојче глупости. @Sofi.ja го пиша проблемот, за да пробаме да ѝ помогнеме да допре до мажот ѝ,а не да ја пееме каква е и што да прави со останатите. Ако сопругот има проблем, поентата е да каже, да направат муабет. Тука е целиот проблем. А не дека можеби му пречело доаѓањето на нејзините, па сега да претпоставуваме. Целиот проблем го гледам како немање отвореност во комуникацијата и не запнувам само на еден момент кој кога и што направил, па тоа да е клучен момент за неговата нервоза.
Не може да одел он кај неговите почесто од што одел ,затоа што нема кога да е тоа. Се знае кој каде е,кога сме на работа,кога по гости. Не сме цимери, семејство сме, имаме дете. Нормално дека ќе знаеме кој каде е во одреден момент. Он е тој што секогаш кога и да ни требало помош со бебето,сега веќе детенце ,прво ги спомнувал моите како опција. Уствари неговите се, цитирам: "стари и болни" и никогаш не се опција за чување на дете. Дури ни за да преспијат ноќ кога детето гори од тт и да помогнат со потопување на чорапи во оцет или да кажат од искуство како да постапиме. Многу работи правам сама уште од девојче без да побарам помош, така да не грижете се, доволно сум возрасна за брак (другата членка рече сум била малечка). Ете се погодило да сум во ист град со мајка ми и сме ја викнале да ни биде поддршка. Прво дете, прв пат кашлаше така,викенд фати, тт висока ,не знаеш дали да тргаш накај болница или премногу паничиш ќе помине до сабајле. Инаку ако баш те интересира, он со неговите збори на телефон по 3 пати во денот и секој детал е раскажан што се случило во текот на денот, па затоа не може да му смета што моите се знаеле. А моите не знаат се, сигурно дека имам граница што треба да кажам а што не. И не е тоа клучниот проблем, со друга намера го пишав постот,како што кажа @elenaklasik да ми дадете идеја како да допрам до него, да се разреши ситуацијава. Веќе го опишав по карактер каков е. Добив и доста корисни совети, фала ви на сите за реплицирањето.
Јас само едно го гледам како грешка од твоја страна, не знам зошто мислите дека како родители не можете да се справите сами со болно дете. Моето и твоето се генерација и мене ми е прво и да ме факале паники и такихрдии сум имала кога била болна ама се смирувам. Не може мајка ми за мое дете да знае повеке од мене дури и на првата тт, се консултирам со неа затоа што е медицинско лице ама не е педијатар. Секоа настинка, тт, преглед, вакцина сме биле сами со мм и никако ме можам да замислам поинаку, да не се разбереме погрешно не сум нај мајка или мм е нај татко ама ние сме родители ако ние не сме столб и ако ние не превземе целосна одговорност врз детето кој? Мама да ја чекам, не. Кога викам грешка мислев на тоа нема шо да бара он од тебе да ѕвониш по мајка или ти да трчиш ке седнете и смирено детето е ваше и е ваша одговорност без разлика болно или не. Поентата ми е секоа една помош од страна доаѓа до префрлање кај парови шо се сосема различни и тешко им оди комуникација. Како и да е се надевам дека ке го решите проблемот.
@Sofi.ja не ти дадов совет, само мнение што мислам за тоа што го пиша… Би те советувала еве како јас ги решавам моите проблеми со мм, го оставам детето кај моите дека у близина ми се. Јас и он сами дома седнуваме правам кафе или алкохол сипувам што год зависи од проблемот.. отварам дискусија и почнуваме дебата некогаш се дереме, некогаш плачеме знаеме и да се скубнеме ама важно на крај сепак се гушкаме и си го земаме детото одиме на прошетка или со пријатели зезанции ко ништо да не било. Многу зависи и табиетот на партнерот удоволи му или едноставно кажи му “извини за се не било намерно, само сакам да сме среќни заедно со нашето дете и дај да се оправиме” безразлика што не си крива за да го сочуваш мирот дома мораш
Здраво Нешто знаете ,нешто не. Меѓудругото се посомневав дека има некоја друга... Можеби е само моја ниска моментално самодоверба,а можеби е и интуиција ,во глобала ме сум љубоморна ,но цело време е надвор "на цигара" со тел... Па така некни го земав тел да видам што правел толку. Кога отворив за последни користени апликации тоа беше исчистено ,а и ништо не најдов ,ок можеби нема а можеби е избришано ,како и да е тоа што ми "мати вода" е што ме фати додека му го чепкав телефонот ,(јас како попарена го "фрлив" на место ) а никако не изреагира. Дали не сакаше да спомне ништо бидејќи не сака да отвори тема- односно има нешто . Или е нека гледа колку сака јас сум чист... Што мислите ?
Еве лично ти да беше обратно ситуацијава ти да го фатеше него да ти чепка телефон како би изреагирала?
Знам те копка љубопитноста, ама телефон чачкање не е решение. Јас тел оставам на маса, гледаме едно до друго со маж, неам што да кријам, ама не сакам никој да ми го чепка. Ниту јас пипкам туѓи телефони, ни на маж, ни на мајка не сум земала да читам и гледам. Седни и разговарај со него, види реакции кога ќе го прашаш дали крие нешто па излага надвор. Е сега и тука може да те излаже ако сака, ама се надевам го познаваш доволно па да приметиш дали е сомничав. Инаку сега знаеш телефоните ги носиме и на цигата, и на мочање со нас, така да може и ништо да нема.
Па би прашала ,зошто како ... Особено кога би знаела дека не е љубоморен општо како што знае дека не сум (мм беше порано,сега откако се породив и ни се појави кризата не е .. као сигурен бил веќе во мене затоа не е ) значи јасно ќе ми е дека се сомнева... и би гледала да решиме ситуација посебно кога сум чиста.... Демек од работа го барале ...да разговарал раат. Уствари баш ова ме копка зошто до февруари месец освен кога спиеше бебето секогаш разговараше тука. Верувајте јас ова до сега во живот не сум го правела... Но во претходни врски ни со него ,ни во бракови изминатите 3 години... Ама многу му е сменето понашање то... И тоа ме доведе до ова.
Прашувам дека ако е дома на балкон излегуваш и слушаш што збори...подотвараш врата има начини да е надвор испаднат на улица ајде де....ама ова се приметува по гестикулации, насмевка, тон дали е работа и љубоФ во прашање @Гладиоли
Веројатно шара наоколу. Не знам, ниту еднаш коа сум бил со партнерка не сум имал потреба да излегувам надвор со мобилен или да бришам пораки, свашта бе, прашај го директ и види како ќе реагира. Често мажи прават срања кога жената е бремена или за време и пост породилно. Се надевам дека сопругот не е од таа класа морони кои наместо да бидат на располагање на сопруга во моменти кога е најранлива тие шараат во потрага по брз секс.