Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Не туку ти страв од одговорот. Знаеш што е правилно ама ако кажеш ќе си поплукаш на се што кажа досега. Така?
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира што ќе било ако татково рече нема пари за ајфон, на брат ти треба таблет да му купиме, ама можеш да одбереш поефтин телефон, или пак нема пари за одмор, брат ти ќе оди на камп, за тоа ни требаат пари, дали и понатаму ќе доаѓаат цело време кај него да седат или кога ќе сфатат дека не им ги тинтри сите нивни каприци, дека нема да ги финансира сите нивни барања, и ќе си седат кај мајка им?
    - А иначе доаѓаат кај татко им затоа што повеќе работи им дозволува и повеќе ги тинтри, тоа веќе го разбравме.
     
    На Anyshka, marlonbrando69 и Larahappy им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.774
    И што има врска ова твоево со проблемот што го кажа членката?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Епа не знаеме ни двете претпоставуваме и вистинскиот проблем паѓа во сенка.

    Ти дадов пример, го одмина не те интересира затоа што немаш туѓи деца и не можеш да разбереш.

    Еве ќе речам дека ќе добие таблет, утре на поголемата ќе и купат кола треба ли на 14годишно дете да му купиш кола?

    Каде е другото девојче?
    Како тоа ви е проблем да ставиш храна во фрижидер за кога ќе дојдат девојчињата да каснат нешто?

    Колку треба да си нечовечен да речеш “ треба да ги мислам за јадење”.

    Не ги сака таа Џој како сакаш сврти го, не е Ајфонот проблем ама ич, ниту таблетот туку она несвесно ги оттурнува нив забележувајќи ги овие глупи материјални ситници. Таа ги прифатила,им направила соба ама сега кога е мајка сфаќа дека грешка направила, се согласила на тоа затоа што го сакала човекот. Измеѓу прифаќање и сакање има разлика.
     
    На senjorita-v, _beautyy_, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    Татко им е и мора да ги тинтра, по закон алиментација до 26 години мислам. Они ако сакат ич не мора да доаѓаат кај татко им, а можат и три пати во ден. Не може да се предомислуваш за рдителството откако ќе ти се деси. Сопруг не мораш да бидеш ако баш нејќеш, ама татко си цел живот.
     
    На smooch, CameliaMiller, _beautyy_ и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    Колку што има врска сеќавањето на твојата траума и тоа колку си ја сакаш роднината денес.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    18, какви 26..
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.621
    Пол:
    Женски
    Немам туѓо дете.Имам брат од вонбрачна врска на татко ми.Знам како боли кога нему му се давало пари,внимание и се останато а ја сум била безгласна буква.Затоа моите деце не ги делам и нема да ги делам.Секое дете е со свои потреби и желби според возраста нормално.

    Но тоа не значи дека ако има 8 год дека не треба да биде приоритет никогаш,и неговите желби да бидат задњи.

    Жалосно…
     
    На senjorita-v, Anyshka, Oneo и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.774
    Па јас зборев за отфрлање, а ти тука ми кажуваш други работи. Сестрите имале траума... Ајде ти се молам. Јас освен распизденост кај едната ќерка друго ништо не гледам. Ајфон за работа пихх. Што ќе работи таа со 18 години, па да добие ајфон. :sweat:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.468
    Допаѓања:
    183.640
    Пол:
    Женски
    Боже господе :D Да во право си. Страв ми е од одговорот што ти си замислила дека треба да го имам. |(
     
    На H.VAGA, andrejko82, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    Родителите им се развеле. Татко им се иселил од дома. Посилно чувство на отфрленост здравје. Тоа е перцепцијата на децата на разведени родители. Мене не мора да ми веруваш, изгуглај си, прашај си психолог што работи со овие деца нека ти објасни.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Епа ете ти си друг случај друга приказна, јас друг. Има секакви не викам не.

    Затоа и различни погледи, не сум била безгласна буква ама не сме биле на исто рамниште со брат ми. Ама ете со тек на годините и кога брат ми осозреа, јас добивав се што ќе посакав.

    Сега те разбирам и тебе.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Може има афинитети инфлуенсерка да стане :rofl::rofl: Шега настрана, освен ако не е програмер, па за тестирање на ИОС апликација и е потребен ајфон, и мора да го има, нема друга причина зашто некој би морал да има ајфон по секоја цена..
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    На CameliaMiller, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    А какви афинитети има дете од осум години со таблет? Прво децата молив и тетратка треба да добијат, и топка за надвор, а не заклучи го у големата соба да седи на таблет, да не досаѓа.
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.774
    Па и полубратот сака да добие нешто. За нив се што ќе посакаат оти им се разведени родителите ( ова според тебе) а за третото ништо, не му требало таблет, одмор, камп. Дај ти се молам...
    Кажи ми те молам зошто и е потребен Ајфон за почеток на работа?
     
    На Anyshka и Angie12 им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.172
    Пол:
    Женски
    Пак да пишам, најмалото дете изгледа го држат у шпајз и само леб и вода. Ако е ова навистина така, таткото ништо не гледа за детето, не го рецка три посто, јас би се развела фино лепо, нек си седи со ќерките, на синот алиментација и чао, да не ме боли мене глава. Ама не ќе да е така.
     
    На baby-star, cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    И после распрдено епа распрдено.

    Да не ме сфати некој погрешно мое дете до 15 години не добива ни таблет ни телефон.
     
    На senjorita-v, baby-star, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Сестра ми на две години го доби првиот таблет, а веќе користи активно Тик ток и Инстаграм од нејзини 5 години, јас мислам детево ќе касни со развојот ако не му купат таблет или телефон во најбрзо време.. Сите ќе зборуваат за игри, за видеа на Тик ток оно само ќе седи и нема да знае да се вклучи во ниту една дискусија за теми надвор од училиште, бидејќи нема основни познавања.. Како може да знае за кое видео на Тик ток другарите разговараат, ако не го видело?
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Не заборавете дека тука ја слушаме едната страна на паричката, другата на таткото им не ја слушаме.
    Може не е ни финансиска причината што не го пуштил на камп,може смета дека е мал,а за таблет да не стане зависен, а на одмор секако ке оди со родителите, не му е ускратен.
    Проблемот е што членкава веднаш вина наоѓа во трошоците околу девојчињата.
    Тој им е родител на сите 3 децА.
    Проблемот не е финансиски.Тинејџери коштаат,очигледно не знаете.
    Проблемот е што постојат двете девојчиња.
    утре татко им може ке им плаќа приватен факултет, а малото ке биде основно.
    Од друга страна предноста на малото е што има татко фул тајм и тоа не се мери со ниедни пари наспроти девојчињата кои добиле викенд татко.
    Тој може да плака само алиментација но човеков очигледно се труди да балансира и е татко за пример , а членкава безвеза цмиздри.
     
    На senjorita-v, smooch, Oneo и 18 други им се допаѓа ова.