Постојат многу возрасни "бебиња", возрасни ама емоционално несозреани, пораснати во чудна семејна динамика и меѓусебно зависни односи. Тие се оние посесивни мајки и оние послушни синчиња. Без оглед на тоа што е возрасен, не може да се нарече возрасен во вистинска смисла на зборот. Но, секој, апсолутно секој има капацитет да ИЗБЕРЕ да ПОРАСНЕ и да ги тргне забраните со кои го програмирале додека растел. А следствено и да ја надрадне вината која родителите многу често ја наметнуваат кај децата без да им е гајле што се женети со свои деца, па тука има "куќа ти оставивме, затебе црнчевме, вака ни враќаш, за тебе оболевме..." итн, итн. Кога ќе ја надрасне вината и стравот и ќе си преземе одговорност за жена му и детето, и ќе си избере да си гради негова семејна динамика тогаш би го гледала како возрасен. За жал, во блиска околина гледам мажи на 50+ години кои сѐ уште се преплашени и под команда од нивните 70+родители. А нивните жени се навикнале да трпат. Едит: мажите најчесто имаат неразрешена агресија акумулирана со години и ја вадат на погрешно место кај жените на разно разни начини, пасив агресив однесувања, немање интерес, повлекување, и што ти уште не.
Не дека се преплашени, како ќе биде некој преплашен кога не зависи од нив си има работа, жена, деца, а и од што би се плашел. А и од што е преплашен? Ќе го караат, ќе го тепаат? Проблемот е во тоа што наместо жената и децата да си ги стават на прво место ги ставаат родителите. Да секој треба да си ги почитува родителите ама не може тие цел живот да те контролираат.
Можеби не зависи материјално - што е супер и така треба, ама има нешто друго, подлабоко од што зависи. Тој подлабок проблем ги тера да ги стават родителите на прво место и да дозволат да бидат контролирани. Јас се согласувам со тебе, и јас целам на ова дека секој поединец треба така да постапи со партнер/ка, деца, да си ги заштити. Ете можеби преплашен не е вистинскиот збор за секого, ама има нешто во психичкото поле што диригира вакво однесување.
Маж ти се плаши да не си ги наруши односите со неговите и единствено тоа е неговиот страв. И биди свесна дека многу веројатно ќе продолжи така да се чувствува и се плашам дека и ќе продолжи да се однесува сообразно на тоа. Пред се, единствениот излез е под итно да се тргнете од под тој кров и сами да живеете. Ако немате услови за свој дом, под кирија, макар и едно собче е подобро од ова. Но, виновни се и свекрва ти, возрасна, деловно способна личност, тепа твое дете, син на син и, нејзино внуче, те навредува, виновни се и свекор ти и золвата ( не разбрав дали и таа живее со нив) и одговорни се за секое физичко и психичко повредување што ти го причиниле тебе и на твоето дете. Накратко, со нив не можеш по ова да имаш ниту „политичка коректност„ , комуникацијата со нив треба да се сведе на 0, за да не ескалира во не дај Боже полошо, сопругот е повеќе од крајно време да грмне, макар си го загрозил односот со нив и уште веднаш да седнете да почнете да барате сместување на друго место,а за тоа време оди кај своите. Имаш одговорност ти кон две деца, овие очигледно немаат ни емпатија, ни осет, ни чувство за одговорност. И да им вика и да ги стави на место, таму ниту ќе ти биде убаво, ни удобно, а ти детето и твојата бременост сте во ризик.
Го седнав разговарав со него вика не знае зошто така изреагирал во тој момент, не сакал да се кара со никого знае дека претеруваат и пак си стои на тоа да си седиме во таа куќа.. Сестра му се разведува и тука седи со нас сите на спрат иначе бидејќи прашувавте погоре. Никогаш не сум му рекла дека ми смета нити пак сум помислила такво нешто она си знае на душата како и е што се разведува и се враќа назад. Ама тоа не и дава за право пошто сеа е повредена да ми се издерава на мене на трудна жена за некои идеи(претпоставки) што ги имаат у главата за мене. Ми извртеа муабети за тоа што еднаш реков дека ќе отстапиме се тука од куќава да дојде да седи со мајка и да и помага да не биде сама со деца и финансиски и физички ние ќе си се средиме ќе си направиме куќа бидејќи имаат плац ми се изврте муабетот јас сум ја бркала јас сум можела кај мајка ми да кажувам тука не да ги делам и триста други глупости...Маж ми знае каква сум ме познава и знае дека тоа не е вистина ама ме боли фактот што седеше и ќутеше додека вреѓаа, он ми вика ќутел да не ескалирала ситуацијата во нешто повеќе( физичка) ...
Значи убаво велиме од прееска дека се плаши човекот од нив. Мама, мислам дека треба да му ги кажеш јасно и гласно твоите потреби. Ми треба да си покрај мене, да ме заштитиш, итн, ти си знаеш најубаво какви потреби имаш од него. Инаку разговор само низ прашања зошто направи вака така онака, ме вродува со плод. Директно, цврсто заземи став дека ти треба, ќе му речеш или така или да си бараме чарето на деуго место или сл.
Многу несозреан. Не сакал да се кара, само е изговор. Ако сакаше ќе се застапеше за тебе. Знам дека и од порано те манипулирал да не се преселите некаде сами. Твојот сопруг е многу несозреан и манипулатор.
Izvini vaka, no zosto se soglasi na vtoro dete so takov covek? Plus nema ni aber da se dvoite od zaednica?
Не е ова место за осуда, секој си има свои причини и свој пат во животот. Жената праша за помош и мислам дека е подобро да се фокусираме на тоа – да ѝ дадеме поддршка и совет, наместо да ја осудуваме.
Prashav samo. I normalno e da ima vregjanje, tepanje i taka da se rastat deca? Zenava se zali odamna i deka mazot rekol kje ja tepa. Koj pat ona kje go tera ziti se.
Јас не сватив само дали има каде да се врати? Тоа е единствена реално добра опција за нејзе и детето и утре за бебето. Во таква средина не се растат деца а и се полошо ќе ја третираат, нема да се подобрат сигурно. Зошто мора да остане со маж и кога не ја подржува кога ја малтретираат, по секоја цена мора брак? Како може да издржи членката во таква куќа не разбирам. Дури и да нема подршка од маж и за преселба треба да си ги собере стварите и да си оди, ова што го кажува е срварно многу загрижувачки. Ама пак да се смирува и да прифаќа детето да и гледа и слуша и да живее и расте во такво секојдневие значи дека си се пожирила со таков живот. Нема подобрување за жал во таква средина, ако на мажот му е стало за децата и нејзе ќе дојде со нив.
За жена што ја сакаш(плус и трудна),срце не ти дава да гледаш и да ќутиш додека ја вреѓаат. Макар тоа биле и родители. Толку имам да кажам за проблемот на членката.
Жената прашува подолго време, жената и дома кај нејзините си има одено, нејзините проблеми траат и траат, мажот си дреме додека е узбуната а после и се улижува и пак продолжува по старо. Зачаран круг. И да би останала со него, по ниедна цена јас не би раѓала повеќе. Да се мачам јас, да мачам уште една душа, нема потреба. Викаш секој си има свои причини во животот, ама ете јас во вакви ситуации не ја гледам причината за проширување на семејството кога и веќе постоечкото е на стаклени нозе. Не е осуда, реалност е.
Сепак ова е осуда, иако се кажува дека не е. Жената веќе е во бременост, со еден голем проблем на грб, и наместо поддршка – ваквите зборови ѝ ја ставаат вината на неа, како да донела погрешна одлука. Тоа не е наше да судиме, наше е да помогнеме. Живееме во Македонија, има многу фактори што влијаат – недостиг на поддршка од општеството, желбата детето да има другарче, притисок да не се бламира фамилијата, лична желба на мајката и уште милион други причини што ние од страна не ги знаеме. Секое семејство си ја носи својата крстосница. Наместо да се додава товар, треба да се даде поддршка. Сепак, надежта умира последна.
А шо треба - да ја лажеме? Шо да ја подржиме? Да и кажеме ќути си трај си, сама си го бирала, сеа трпи го? Преку патка више од жртви по вокација. Ако не ви чинат мислења што се реални, или по ваше негативни, ондак не пишувајте по форуми и чича Мича, готова прича. Ладел ташак тој додека цела фамилија у фаца и се унесувала, татко му викал дека треба да ја измлати, тој си ќутел ко мисир. За РАЗВОД е ова, али да не ми се увредите, ипак жртва да си најлесно е.
Ете, повторно наметнуваш мислење. Не можеш ти мене да ми кажеш дали да пишувам или не пишувам. Едно е да кажеш – ‘кажи му дека ќе се разведеш и ќе си одиш ако имаш услови’, тоа е веќе некаков совет. Ама трудна жена, со веќе претрпени трауми од лудаци околу неа, и ние тука да ѝ судиме зошто останала бремена? Тоа е сосема друга работа. Мислам, емпатија нула кон женава. Наместо поддршка, добива уште осуди.
Маж и нема емпатија значи, ние зошто имаме и укажуваме, ваљда!? Не ја лажеме дека е супер да си остане таму. Поддршка за да остане во ваква средина, никогаш не би дала, не знам каков совет треба да и дадеме?!
Kakva poddrshka be? Ona se nafatila svesno za vtoro dete so takov dibek od maz. Vo January pisala deka rekol kje ja tepa dodeka ne i doshlo pamet, pretpostavuvam togas ne bila trudna. Znaci? Ne e dete ona, znaela sto ja ceka i ponatamu. I ne drami tuka ti.