Брачни совети

Discussion in 'Брак' started by Silver.E, Aug 27, 2013.

  1. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Joined:
    Jul 8, 2025
    Messages:
    177
    Likes Received:
    353
    Постојат многу возрасни "бебиња", возрасни ама емоционално несозреани, пораснати во чудна семејна динамика и меѓусебно зависни односи. Тие се оние посесивни мајки и оние послушни синчиња.

    Без оглед на тоа што е возрасен, не може да се нарече возрасен во вистинска смисла на зборот. Но, секој, апсолутно секој има капацитет да ИЗБЕРЕ да ПОРАСНЕ и да ги тргне забраните со кои го програмирале додека растел.

    А следствено и да ја надрадне вината која родителите многу често ја наметнуваат кај децата без да им е гајле што се женети со свои деца, па тука има "куќа ти оставивме, затебе црнчевме, вака ни враќаш, за тебе оболевме..." итн, итн.

    Кога ќе ја надрасне вината и стравот и ќе си преземе одговорност за жена му и детето, и ќе си избере да си гради негова семејна динамика тогаш би го гледала како возрасен.

    За жал, во блиска околина гледам мажи на 50+ години кои сѐ уште се преплашени и под команда од нивните 70+родители. А нивните жени се навикнале да трпат.

    Едит: мажите најчесто имаат неразрешена агресија акумулирана со години и ја вадат на погрешно место кај жените на разно разни начини, пасив агресив однесувања, немање интерес, повлекување, и што ти уште не.
     
    JasBee11, mama11 and Mr.Limonko like this.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    115
    Likes Received:
    242
    Gender:
    Male
    Не дека се преплашени, како ќе биде некој преплашен кога не зависи од нив си има работа, жена, деца, а и од што би се плашел. А и од што е преплашен? Ќе го караат, ќе го тепаат?
    Проблемот е во тоа што наместо жената и децата да си ги стават на прво место ги ставаат родителите.
    Да секој треба да си ги почитува родителите ама не може тие цел живот да те контролираат.
     
    JasBee11 and Just.do.it like this.
  3. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Joined:
    Jul 8, 2025
    Messages:
    177
    Likes Received:
    353
    Можеби не зависи материјално - што е супер и така треба, ама има нешто друго, подлабоко од што зависи. Тој подлабок проблем ги тера да ги стават родителите на прво место и да дозволат да бидат контролирани.

    Јас се согласувам со тебе, и јас целам на ова дека секој поединец треба така да постапи со партнер/ка, деца, да си ги заштити.

    Ете можеби преплашен не е вистинскиот збор за секого, ама има нешто во психичкото поле што диригира вакво однесување.
     
    JasBee11 likes this.
  4. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2016
    Messages:
    1,371
    Likes Received:
    5,834
    Gender:
    Female

    Маж ти се плаши да не си ги наруши односите со неговите и единствено тоа е неговиот страв. И биди свесна дека многу веројатно ќе продолжи така да се чувствува и се плашам дека и ќе продолжи да се однесува сообразно на тоа.
    Пред се, единствениот излез е под итно да се тргнете од под тој кров и сами да живеете. Ако немате услови за свој дом, под кирија, макар и едно собче е подобро од ова.
    Но, виновни се и свекрва ти, возрасна, деловно способна личност, тепа твое дете, син на син и, нејзино внуче, те навредува, виновни се и свекор ти и золвата ( не разбрав дали и таа живее со нив) и одговорни се за секое физичко и психичко повредување што ти го причиниле тебе и на твоето дете.
    Накратко, со нив не можеш по ова да имаш ниту „политичка коректност„ , комуникацијата со нив треба да се сведе на 0, за да не ескалира во не дај Боже полошо, сопругот е повеќе од крајно време да грмне, макар си го загрозил односот со нив и уште веднаш да седнете да почнете да барате сместување на друго место,а за тоа време оди кај своите. Имаш одговорност ти кон две деца, овие очигледно немаат ни емпатија, ни осет, ни чувство за одговорност. И да им вика и да ги стави на место, таму ниту ќе ти биде убаво, ни удобно, а ти детето и твојата бременост сте во ризик.
     
    mama11, JasBee11 and Mr.Limonko like this.