Заедничкиот бизнис не е причина и дека мора да живеете во заедница, ако таа заедница е лоша и за тебе и за детето и влијае на односите со тебе и маж ти. Знам случај кај што мажот си има семеен бизнис и тоа блиску до куќата на татко му и голема куќа ама од кога се ожени си се преселија и тоа доста подалеку и секој ден си патува на работа како и сите други. Тоа што нема некој порок и што сака семејството да му е финансиски стабилно супер, ама каде е тука љубовта, грижата за семејството, почита... Не е тоа оправдување да не замине и да е насилен кон тебе и да не застане пред тебе и децата и да кажа "Чекај малку тие се мое семејство нема никој право така да се однесува со нив". Не ти велам сега одма оди и разведи се од него, ама размисли малку. И разговарај. Како мислиш бесен е кога разговарате? Зарем не сте маж и жена и не треба заедно со разговор се да решите и да направите добро за сите?
@mama11 ако сопругот се согласи да одите на партнерска терапија, би било супер. Самото прифаќање би било знак и потенцијал за промена на подобро кај него. Убаво што размислуваш во таа насока. Поддршка! Скрос те разбирам за ова што велиш "така е учен од мали нозе". Луѓе, тоа се уверувања и програми кои не се менуваат така лесно. Некогаш се потребни години да се сменат тие шеми на размислување и да се дојде до нови уверувања дека сега жената и децата ќе се на прво место.
Се ова што кажа се изговори што тој ги користи зошто тој не сака да се одвоите вие. И тој да заработи многу пари, пак нема да сака да се одвоите. И нема да му се отворат очите за преселување, знам дека и од порано пишуваше дека таа средина е токсична, па твојот сопруг ништо не прави за тебе да ти биде подобро. Што??? Толку ниски критериуми имаш за бракот? Ти помагал дома? Не идел по жени???
Ako ne odi po zeni i ne se kocka, ne znaci deka e sjajen. Da trpish nasilstvo tamu i da se teshish deka ne odi po drugi i slicno Saka da e vrzan do mama i do tato cel zivot.
Се врти наратив "ако не е идеално, што бараш деца", овде се зборува за конфликти со надворешни ликови кои го пораснале, го проодувале, го пазеле исто како и вие вашите деца него, а не дирекно со мажот. Средината во која се раѓаме не ја бираме, како се справуваме со тоа е индивидуално, да треба да заштити, меѓутоа не знаеме со какви психози на ликови има работа што може додатно да влоши ако го направи тоа пред нив. Дали тоа значи на сите што имаат дете или повеќе деца им е идеално? Никаде не е со поширокиот круг. Се додека проблемот е надворешен, а вие внатре сте ок, верувам дека нема зошто да ви пречи во вашите семејни и животни планови. Ако вие сакате дете, а целата средина околу ви е товар, ви прави потешко, менете ја средината.
Па проблемот е дека не се менува средината, автоматски свесен човек би си ја потиснал желбата за дете. А и насилството од него, неговата незаинтересираност кога таа има проблеми со неговата фамилија ... Не дека само околината е проблемот.
Тоа што го чувале што го израснале била нивна должност, детето нема должност никаква кон родителите. И што ако го исчувале мора заедно со нив цел живот да седи? Не велам дека не треба да си ги почитува и сака родителите, напротив нека им биде благодарен како знаеле и умееле го чувале и го воспитале. Ама не е врзан за нив, не мора се да биде по нивно. И не не мора да постапува онака како што тие го воспитале ако види дека тоа не е во ред. Ама тоа се родители да секако на нив не смее он ништо да им каже, како каже мамичка така ќе биде, жена ти ќотек нека јаде и децата нека живеет со караници цел живот по здраво е во заедница таква. На крајот жената затоа ја земаш да имаш на кого бесот да си го исфрлиш и кој да ти пере чисти.. Нема врска тоа што жената одлучила да остави свој дом, да прифати да живее и со неговите, секој пат да рече ајде уште сега да му простам, ама важно е кој го израснал. И далеку од тоа дека треба да се биде само со совршен маж, совршен никој не е, ама има работи за кои што може да се прогледа низ прсти.. Како прво тој ако е малку свесен нема да дозволи бремена жена да се нервира и некој да и прави стресови. Ама ете ако се согласи за заедно да одат на терапија и е спремен да променат заедно нешто и да си го спасат бракот, нека му даде шанса, нека му прости и овој пат.
Ја земал жената да му “пере и чисти”. Жената спомна дека мажот е активен во домот и со обврски, никој не зема некој само за да чисти по дома, и во брак не се става на вага кој колку пати усисал, ако така им е договорот (слободното време, распоредот). Таман работа да постапува како што тие мислат, ама да се конфронтира што ќе постигне? Ќе ги смени? Или уште полоша ќе биде снаава, која и онака веќе е лоша и непосакувана мислам што може веќе да се корегира ако земи мажот да се расправа? Удриле дете, уште правиме муабет за нив, треба да се множат со воздух и готово. Бу, чао, не постојат. Инаку сите што ги правдате мажите со не пие, не се коцка и дрогира па дајте. Зарем критериумиве ви се ќути има и полошо? До некаде разбирам светов е модерен со пороциве, ама критериуми за мажи ги поставуват жени, па малце на тоа се поработува.